У-12: Сигурна победа на ФК ОХРИД Топ Тим над реномираната екипа на ФК Работнички Скопје (ФОТО)19/8/2014 У-12: ФК ОХРИД Топ Тим - ФК Работнички Скопје 3:1 (1:1) Место: Главен терен СРЦ „Билјанини извори“ Охрид За ФК ОХРИД Топ Тим играа: Никола Целески, Фипип Митрески, Емре Дуница, Емре Мустафа, Христијан Јачимоски, Климент Гиноски, Мухамед Јахја - Шкор, Христијан Китрозоски, Горан Крстаноски, Петар Љушкоски, Јане Љушкоски, Томи Николоски, Тарик Максуд. Стрелци за ФК ОХРИД Топ Тим: Емре Мустафа, Климент Гиноски и Христијан Китрозоски. Врвен фудбал денеска на главниот терен на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид. Гостин на У-12 екипата на ФК ОХРИД Топ Тим беше далеку пореномираната екипа на ФК Работнички од Скопје. Одличните услови за фудбал само допринесоа до израз да дојде квалитетот на двете екипи. Гостите го започнаа натпреварот посигурно и го имаа почетниот притисок врз голот на „Белите“. Таквата игра ги принуди домаќините кои дотогаш одлично се бранеа да направат прекршок во близина на казнениот простор. „Црвените“ изведоа одличен слободен удар кој резултираше со погодок со кој го отворија резултатот. Сепак, водството на гостите не ги обесхрабри момците од нашиот тим. Од тој момент, нашата игра стана посигурна и почнавме полека да ја неутрализираме играта на реномираниот противник. Се редеа напади и шанси пред противничкиот гол штп не успевавме да ги искористиме. Добрата и сигурна игра беше наградена пред крајот на првото полувреме кога по одбиената топка од ударот на Христијан Китрозоски на право место се најде Емре Мустафа кој прецизно стрелаше во противничкиот гол. На полувреме се отиде со резлутат 1:1. Второто полувреме продолжи со добра игра на двете страни. Се редеа шанси и на едната и на другата страна. „Белите“ продолжија со агресивна и сигурна игра што ги принудуваше гостите на грешки. После еден прекршок пред противничкиот гол беше досуден слободен удар за домашните. Слободниот го изведе Климент Гиноски кој со прекрасен удар успеа да го совлада противничкиот голман и да донесе водство за „Белите“. Точка на натпреварот стави Христијан Китрозоски кој со својот погодокот го зголеми водството на 3:1 што на крај се покажа како конечен резултат. Во продолжение погледнете ја галеријата од натпреварот. Галерија У-12: ОХРИД Топ Тим - Работнички, 19.08.2014Галерија, меѓусебен тренинг натпревар У-9, 19.08.2014 |
НОВОСТИФК ОХРИД
|