ОХРИД ТОП ТИМ ги започна натпреварите во регионалната младинска У-15 лига што ја организира ФФМ. Првиот натпревар на домашен терен го игравме против минатогодишниот шампион во регионалната лига во ген. 2002, екипата на радолишки Фљамуртари. „Белите“ добро го отворија натпреварот и уште на почетокот имавме стопостотна шанса во која нашиот напаѓач Енис Дани откако излезе очи во очи со гостинскиот голман не се снајде најдобро и не успеа да го совлада. Нашата почетна иницијатива не успеавме да ја ефектуираме и потоа следеша казна од противникот кој по една сомнителна судиска одлука дојде во водство. По овој погодок, охриѓани продолжија со недоволно организирана игра и направија серија грешки што резултираше со зголемување на водството на радолиштани од 0:3. Вториот дел почнавме далеку поодговорно и со погодокот на резервистот Стивен Митрески на асистенција на Стефан Крстески, нашите намалија на 1:3. По овој погодок заигравме уште поангажирано и по една одлична соло акција на Стефан Крстески, одличната шанса ја искористи Енис Дани кој намали на 2:3. За кратко време, следеше уште една одлична прилика по која можевме да изедначиме, кога Енис Дани уште еднаш излезе очи во очи со противничкиот голман и повторно немаше завршница. Веднаш следеша казна од противникот и зголемување на водството од 2:4. Нашите не се предаваа и преку Стивен Митрески уште еднаш намалија на 3:4 но немаше доволно време за конечен пресврт. Останува да жалиме за лошото прво полувреме и за испуштената шанса да ја отвориме лигата со поповолен резултат.
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|