Охриѓани подобри од Фљамуртари (2005) и Кораб (2006). Оск Фер Плеј (2008) се спасуваше од пораз19/3/2017
„Белите“ повторно на висината на задачата во второто коло од ФФМ Детската фудбалска лига што се играше викендов на „Билјанини“ во Охрид. Од коло во коло следиме се подобра игра и се подобри резултати на нашите фудбалери. Комбинираната екипа од генерација 2005/06 играше одличен натпревар против радолишки Фљамуртари. Со пет погодоци во противничката мрежа, охриѓани на надобар начин се реваншираа за есенскиот пораз од истата екипа. Цврст и тежок натпревар со истиот противник одигра и генерација 2004. Радолиштани со два погодоци го неутрализираа нашето водство од првиот дел на мечот за минимални 1:2.
Добар и силен меч одигра и генерација 2006 со ФК Кораб од Дебар каде доминатната игра ја крунисавме со сигурна победа од 3:1. За пофалба е играта и залагањето на фудбалерите од генерација 2008 кои испуштија водство против Оск фер плеј во мечот кој заврши без победник со резултат 2:2. Натпреварите од ова коло ќе ги комплетираме во вторник кога играат генерација 2007 и 2009. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|