Втор ден од „ЛГ Куп Новаци 2014“. ФК ОХРИД Топ Тим играше натпревар за полуфинале со лидерот во групата екипата на „ЛГ“ од Битола. Потребна беше победа за сигурен пласман во полуфиналето од турнирот. Натпреварот се играше во тешки услови поради тоа што дел од теренот во Логоварди беше поплавен од обилните врнежи од претходниот ден. Нашите момци влегоа во натпреварот мошне мотивирани и подобро се снаоѓаа во дадените услови за игра. Константно се вршеше притисок на противничкиот гол и се редеа шанси како на филмска лента, меѓутоа „лилавите“ одлично се бранеа и успеваа да одолеат на секој наш напад. По последниот судиски свиреж, резултатот остана како на почетокот на натпреварот 0:0. За жал, слично како и на „Фер плеј куп“ нашата екипа беше елиминирана со само еден примен гол по единствениот минимален пораз на првиот натпревар. Четирите бодови беа недоволни за да се освои едно од првите две места во групата кои водеа директно во полуфиналето. На момците кои настапија на овој турнир мора да им се честита за залагањето, желбата за победа, одличната игра против силни противници и се разбира, нивниот однос кон тимските другари, тренерите и другарчињата од останатите екипи. Задоволство беше да се дружиме со нив овие два дена во Новаци, Логоварди и Битола. За ФК ОХРИД Топ Тим на овој турнир настапија: Бледар Истрефи, Филип Митрески, Едиз Осман, Петар Љушкоски, Климент Гиноски, Христијан Јачимоски, Александар Трпоски, Мухамед Јахја - Шкор и Христијан Китрозоски. Галерија - „ЛГ Куп Новаци 2014“ 07.09.2014 |
НОВОСТИФК ОХРИД
|