Денес на „фудбалското мени“ на Балканика куп 2016 во Сандански беше македонското дерби во групата А, натпреварот помеѓу ФК ОХРИД ТОП ТИМ Охрид и ФК Вардар Скопје. Борбен и цврст натпревар што на крајот го добија Скопјани. „Белите“ влегоа со импресии и со преголем респект на почетокот на натпреварот и направија серија грешки што „Црвено црните“ умешно ги искористија и стигнаа до убедлива предност од 0:3 уште во првите 10 минути на натпреварот. Сепак, по лошиот старт, нашите фудбалери заиграа поангажирано и ја неутрализираа играта на противникот. Во продолжение се играше рамноправен и атрактивен фудбал во кој уживаа сите присутни на стадионот Сандански. До крајот на натпреварот, Вардар успеа уште еднаш да ја погоди мрежата на охриѓани за конечни 0:4. Се’ на се’, одличен натпревар од кој може многу да се научи и од кој може да се види дека нашите момци може да играат добро и со најсилните балкански екипи. Утревечер не’ чека уште еден тежок меч против силната ЦСКА од Софија која е еден од фаворитите за освојување на овој меѓународен турнир. Погледнете ја галеријата на слики од денешниот натпревар. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|