Веќе традиционално, охридските „Бели“ ќе бидат дел од престижниот меѓународен фудбалски турнир БАЛКАНИКА КУП 2017 што ќе се игра во Сандански, Република Бугарија од 08 до 16 февруари. Друштво на охриѓани на овој исклучително силен турнир кој има карактер на мини балканско првенство ќе им прават повеќе фудбалски гиганти од регионот како Црвена ѕвезда Белград, Партизан Белград, Левски Софија, Лудогорец, Славија Софија, Локомотив Софија, Локомотив Пловдив, Ботев Пловдив, Раднички Ниш, Работнички Скопје, Пандев Струмица и многу други. ОХРИД ТОП ТИМ со задоволство ја прифати поканата на организаторот да се натпреварува во две возрасни категории и тоа со ген. 2004 и ген. 2006. Групите на турнирот се веќе извлечени и со сигурност можеме да кажеме дека не очекуваат исклучително интересни и возбудливи фудбалски натпревари со мошне атрактивни противници. Генерација 2006ГРУПА Б
Генерација 2004ГРУПА А
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|