Изминатите два дена на СРЦ Билјанини извори се одиграа уште неколку натпревари од III младински фудбалски турнир ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2017 во генерација 2002. „Белите“ го одиграа вториот натпревар на турнирот и тоа со Фудбалската академија Нацев од Велес. Присутните на СРЦ Билјанини извори следеа добар натпревар со многу погодоци. Нашите млади фудбалери започнаа доминантно и уште во првото полувреме го решија натпреварот постигнувајќи пет погодоци во мрежата на противникот. Вториот дел го започнавме поопуштено и дозволивме велешани еднаш да го совладаат нашиот голман, но на крај со два нови погодоци го зголемивме водството и со конечни 7 : 1 го завршивме натпреварот. Во останатите натпревари се постигнаа следните резултати:
Погледнете и моменти од натпреварот Караорман - Куманово Еуроспорт
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|