Точно на денешен ден, пред само една година 11.06.2014, на СРЦ Билјанини извори во Охрид, тренерот Наум Јанкуловски го одржа првиот тренинг на тогаш новиот фудбалски клуб - ФК ОХРИД ТОП ТИМ. Беа присутни само 7 храбри дечиња кои пркосеа на невремето што не' зафати пред почетокот на тренингот. Истите момци и денес се членови на нашиот клуб. Но, денес нашето фудбалско семејство е неколку пати поголемо и од ден на ден се повеќе се зголемува. Сосема накратко, низ неколку слики кои ќе останат како трајна вредност за нашиот клуб, погледнете еден мал дел од најважните моменти за нашиот клуб во овие 12 месеци постоење. Благодариме на сите што биле и што сега се дел од најфудбалското семејство во Охрид. Само еден тим - ФК ОХРИД ТОП ТИМ! Кликнете на сликите за поголеми. ГАЛЕРИЈА - Роденденски тренинг 11.06.2015, Охрид
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|