Денес започна пролетниот дел од ФФМ Детската фудбалска лига – Југозападен регион. Фудбалерите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ одиграа неколку ефикасни натпревари во кои забележаа неколку убави победи. Особено ефикасно одиграа момците од ген. 2004 кои во еден извонредно лесен натпревар за нив ја декласираа екипата на ФК Академија Пандев 10 Б од Охрид со 16:0. Добар натпревар со повеќе постигнати голови одигра и ген. 2008 со екипата на ФК Евро фудбал 2 Вардар каде нашите фудбалерчина остварија сигурна победа од 3:1. Малку повозрасните играа одлично „Езерско“ дерби со струшки Караорман. Иако до крајот на натпреварот нашите имаа водство од 1:0, сепак, во последните минути од натпреварот гостите со два брзо погодоци го свртеа натпреварот во нивна корист за конечни 1:2. Пофалби за борбената и убава игра заслужуваат и момците од ген. 2005 кои иако два пати стрелаа во мрежата на ФК Кораб од Дебар, минимално беа поразени со 2:3, при што дебарчани еден од погодоците го постигнаа со некарактеристичното фудбалско правило, три корни – пенал. Добар и силен меч одигра и ген. 2006 која се натпреварува во повозрасна категорија (2005) во уште едно „Езерско“ дерби против струшки Караорман. „Белите“ доминираа на почетокот на натпреварот и остварија неколку „чисти“ шанси кои не ги искористија. На средината на полувремето, нашите не искористија и удар од белата точка, по што како по правило, следеше казна и водство на противникот. Веднаш потоа, беше досуден пенал за стружани со нефудбалското правило „три корни – пенал“ за зголемување на водството. Тоа значително вилјаеше на расположението и играта на нашите момци кои до крајот на натпреварот успеаа да постигнат погодок за конечни 1:4. Генерација 2006 во првото пролетно требаше да игра натпревар со нивните врсници од охридски Евро фудбал 2 Вардар кои не се појавија на закажаното место и закажаниот термин за одигрување на натпреварот. Слободниот „простор“ беше искористен за пријателски меч со ген. 2006 од струшки АС Јунајтед во кој „Белите“ четири пати стрелаа за убедлива победа од 4:0. Честитки за сите наши фудбалери кои ги бранеа боите на нашиот клуб, нивното залагање и нивната ефикасна игра. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|