Денешниот тренинг на ФК ОХРИД ТОП ТИМ го посетија претставници од меѓународната организација Boots For Balkans чија основана мисија е да обезбедат и донираат спортска опрема (фудбалски обувки) за младински и детски категории со што би се создале еднакви услови за спортување за сите млади што сакаат да се занимаваат со спорт и фудбал. На наше големо задоволство, основачите, Климент и Јане Цоцески донираа неколку пара патики за фудбал на нашата фудбалска школа што безусловно ќе ги користат нашите млади фудбалери. Воедно, со оваа средба се иницираше можност за уште поуспешна и поголема соработка во иднина, со што би се создале услови за сите наши млади фудбалери полесно да доаѓаат до спортска опрема која ќе ја користат на тренинзите и натпреварите. Во името на сите наши фудбалери, благодариме на Boots for Balkans за нивната идеја и иницијатива. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|