Четврта година по ред охриѓани се дел од Пирин куп Сандански, еден од најеминетните младински фудбалски турнири што се одржуваат на Балканот. Оваа година, со генерација 2006, ФК ОХРИД ТОП ТИМ е единствениот репрезент на Македонија во балканскиот фудбалски крем и ќе се надигрува со исклучително реномирани и квалитетни екипи меѓу кои: ПАОК Солун, Јагодина Србија, Локомотив Софија, Локомотив Софија, Пирин Благоевград, Спартак Пловдив, Черноморец Бургас, Кавала Грција, Литекс Ловеч, Витоша Софија и многу други. Туринирот се игра во Сандански, Р. Бугарија во периодот од 06 до 10 февруари. Охридските „Бели“ беа домаќини на прилепска Победа во седмото коло од првата младинска фудбалска лига. Дерби натпревар за вистински фудбалски сладокусци. Присутните имаа можност да следат одлична утакмица со силен интензитет, возбудувања, шанси и многу погодоци.
Натпреварот започна со цврста и претпазилива игра на двете екипи, по што следеше несфатлив пад во концентрацијата на нашите фудбалери кои за само 4 минути примија дури три гола. Веднаш после овој лош период охриѓани повторно ја стабилизираа играта но не успеаа да го намалат водството на гостите. Второто полувреме Белите заиграа уште поангажирано, создаваа шанси и два пати стрелаа во мрежата на противникот намалувајќи на само гол разлика. Пред крајот на натпреварот со сите сили се обидовме да стигнеме до изедначување и оставивме простор на прилепчани кои во последните секунди после еден контра напад постигнаа гол и ја осигураа победата. Денес, на СРЦ Билјанини извори во Охрид се играше петтото коло од Првата младинска лига во организација на ФФМ за У-15 категории. Охриѓани извојуваа лесна и убедлива победа со кичевска Ускана. „Белите“ ја покажаа својата доминација и го решија натпреварот уште во првото полувреме кога постигнаа дури шест погодоци. Второто поувреме со уште пет погодоци во противничката мрежа го затворија натпреварот со конечни 11 : 2 ФК ОХРИД ТОП ТИМ: Ибрахим Абдул Кадир, Рифат Хадис, Ариф Јусуф, Јахја Мухаммед (2 гола), Абдула Рахим, Јаковлев Наум (1 гол), Крлевски Марко, Филев Климент (1 гол), Цикуроски Михаил (5 гола), Кречов Никола (1 гол), Трпоски Александар (1 гол). На инцијатива на Министерството за локална самоуправа на Република Македонија, а во соработка со Факултетот за туризам и угостителство од Охрид ,ФК ОХРИД ТОП ТИМ го искористи денешниот ден и натпревар за одбележувањето на денот на Европската соработка.
Целта на кампањата, координирана од Европската комисија во соработка со Комитетот на регионите и Европскиот парламент, е да се презентираат достигнувањата на соработката меѓу европските држави и региони пред пошироката јавност. Одиграно третото коло од првата младинска регионална лига. Очекувана и сигурна победа на „Белите“ со охридски Оск Фер плеј во повозрасната У-15 категорија со што остануваат на врвот на првенствената табела. Со 4 постигнати погодоци и во овој натпревар, охриѓани остануваат најефикасната екипа во првенството со дури 18 погодоци во 3 натпревари. Помладите, пак, одиграа лош натпревар под своите можности и заслужено беа убедливо поразени од истиот противник. Генерација 2004 (У-15)
Викендов, на СРЦ Билјанини извори се играше второто коло од првата младинска регионална фудбалска лига што ја организира ФФМ. ФК ОХРИД ТОП ТИМ се натпреварува во две возрасни категории и тоа У-14 и У-15. По доброто гостување во Прилеп минатата недела, ова коло, охриѓани беа домаќини на екипата на ФК Струга Трим Лум. Охридско - струшкото дерби помина во целост во знакот на охриѓани кои доминираа во двата натпревари во кои постигнаа дури 23 погодоци, а не примија ниту еден. Погледнете ги деталните извештаи од натпреварите и дел од натпреварувачката атмосфера. Генерација 2004
Генерација 2005
Младите охридски фудбалери викендов гостуваа во Битола на ФК Пелистер. Се одиграни неколку пријателски натпревари во повеќе возрасни категории. Младинските У-15, У-14 и У-13 екипи играа саботата, додека помладите генерации 2009/10/11 играа денес на стадионот со вештачка трева во градскиот парк во Битола. Присутните имаа можност да следат исклучително квалитетни и атрактивни натпревари со убава игра и многу голови. Благодарност до екипата на Пелистер кои се покажаа како вистински домаќини и спортски џентлмени, овозможувајќи одлични услови за игра и за другарување помеѓу фудбалерите на двата клуба. Изминативе неколку дена се одиграа натпреварите од регионалниот завршен турнир на ФФМ Детската фудбалска лига. ФК ОХРИД ТОП ТИМ играше со 5 генерации на истиот, а со две стигна и до самото финале. На кратко, генерација 2007 и 2008 одиграа два одлични натпревари. Повозрасните испаднаа без пораз, на пенали, помладите минимално го загубија натпреварот. Генерација 2009 одигра храбро и направи се достоинствено да се претстави на овој завршен турнир, а генерација 2006 и 2010 станаа регионални вицешампиони. Не’ радува секој успех на овие млади фудбалери. Но, она што не" направи горди, не се одличјата што ги освоија овие момци, туку тоа што покажаа дека се посјајни од било кој освоен трофеј. Покажаа дека напредуваат како спортисти, дека напредуваат како личности. Дека нивното однесување на терен и надвор од терен, нивниот пристап кон спортот и фудбалот, односот со другарите од клубот и другарите од другите екипи е пример за сите. Пример за нас тренерите, пример за родителите на трибини ... Сложни и во победа и во спортски пораз. Заедно на терен, заедно надвор од терен. Сите со срце како планина, поддржувајќи се и жртвувајќи се еден за друг играа со сета душа за својот тим! Ви благодариме на сите што го носевте овој дрес за целата преубава сезона. За сето дружење со вас, за се што може да се научи од вас. И се разбира, продолжуваме понатака .... Не" чекаат нови предизвици. ФК ОХРИД ТОП ТИМ Викендов започнаа натпреварите од пролетниот дел од ФФМ детската лига. „Белите“ имаа одличен почеток и постигнаа близу 30 погодоци на 5 натпревари. Најефикасни беа ген. 2006 кои го декласираа струшки Караорман во „Езерското дерби“ со 16:1. Висока победа забележа и ген. 2007 која со 7:0 ја совлада Велешта, а со 4 погодоци во противничкиот гол и два примени ген. 2010 го совлада радолишки Фљамуртари. Сигурно предност од 2 гола пропушти ген. 2008 во натпреварот со кичевски Париз кој заврши 2:3, а ген. 2009 загуби од охридски Евро фудбал 2 Вардар. Честитки за сите фудбалери што овој викенд ги бранеа боите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ Охриѓани одиграа уште еден лесен натпревар во третото пролетно коло од Младинската лига што ја организира ФФМ. Овој пат, бевме домаќини на Академија Пандев МБ од Македонски Брод, во натпревар во кој победата не беше воопшто прашање. Наредното коло ќе биде слободно за нашата.
Охридските „Бели“ имаа одлична увертира во пролетната полусезона од ФФМ младинската лига со лесна и убедлива победа над битолски Топ Гол. Натпреварот кој се играше на СРЦ Билјанини извори во Охрид беше решен уште во првото полувреме кога охриѓани постигнаа дури 8 погодоци. Вториот дел во игра влегоа сите играчи од клупата на „Белите“ за на крај да ја извојуваме најубедливата победа досега во првенството.
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|