Викендов се играше третото коло од ФФМ Младинската лига. „Белите“ имаа ново гостување и тоа кај екипата на Академија Пандев од Македонски Брод. Лесен натпревар за охриѓани изразен со поголем број на погодоци. Академците беа далеку послаб противник и очекувано го загубија натпреварот со високи 0:11. Мечот се играше на исклучително лош и воопшто не обележан терен што не ги исполнува ниту основните критериуми за фудбалски натпревар и кој овие млади фудбалери не го заслужуваат. Се разбира, ризикот од повреди беше поизразен со оглед на условите за игра, па нашите фудбалери мораа да играат и повнимателно и не беа во можност во целост да уживаат во фудбалската игра и да ги покажат своите фудбалски квалитети. Погледнете моменти од натпреварот во Брод во приложената галерија со слики.
Уште една позната, реномирана и општествено одговорна компанија од нашиот регион стана дел од нашето фудбалско семејство. Сопствениците и менаџери на ИНТЕР ЕУРОПА транспорт и трговија од с. Оровник, г-н Цветков Никола, г-н Нелоски Васко и г-н Нелоски Аце, ги посетија нашите млади фудбалери на денешниот тренинг и пријатно ги изненадија подарувајќи им спортска опрема – маички за тренинг на секое детенце од генерација 2006, 2007, 2008, 2009 и 2010. Оваа нивна поддршка на спортот и младите само ги промовира вистинските вредности кои треба да им ги пренесеме на нашите млади фудбалери и на кои ние како клуб постојано инсистираме. Среќни сме и горди што големите и успешни луѓе во своите области ја препознаваат и поддржуваат нашата работа,грижа и посветеност кон секое наше фудбалерче. Во името на секој член на нашиот клуб, должиме голема БЛАГОДАРНОСТ кон ИНТЕР ЕУРОПА и ветуваме дека ќе ја оправдаме нивната доверба кон нас. Денес завршија натпреварите на VI меѓународен фудбалски турнир ЛГ куп 2017 што го организира фудбалската школа ЛГ Спорт од Битола. ФК ОХРИД ТОП ТИМ и оваа година го збогати турнирот со своето учество во две возрасни категории. Нашите фудбалери од генерација 2006 и генерација 2008 одиграа повеќе добри натпревари со своите врсници од неколку фудбалски школи и клубови од Македонија, Србија и Боснаи Херцеговина. Очекувано, гледавме атрактивни и неизвесни натпревари со многу шанси и постигнати погодоци, а беа постигнати следните резултати: (2006) ОХРИД ТОП ТИМ - Талент 0 : 1 (2006) ОХРИД ТОП ТИМ - Степојевац 1: 1 (2006) ОХРИД ТОП ТИМ -ЛГ Спорт 3 : 3 (2008) ОХРИД ТОП ТИМ - Брегалница 3 : 3 (2008) ОХРИД ТОП ТИМ - Талент 2 : 6 (2008) ОХРИД ТОП ТИМ - Руданка 2 : 4 Голема благодарност за сите наши фудбалери што ги бранеа боите на Охрид на овој турнир. Горди сме на нивната посветеност, знаење, залагање и однесување. Момци бевте одлични. Уживајте во галеријата со слики и погодокот на нашите фудбалери од натпреварот со штипска Брегалница. Традиционално, ФК ОХРИД ТОП ТИМ по четврти пат ќе биде дел од VI меѓународен фудбалски турнир ЛГ Куп 2017 што на 09 и 10 септември ќе се игра во Битола. „Белите“ ќе се надигурваат во две возрасни категории со своите врсници од повеќе школи и клубови од Балканот. Погледнете ги групите и распоредот на натпревари на нашите екипи. Ве очекуваме да бидете дел од овој спортски настан и заедно да ги бодриме нашите млади фудбалери. Генерација 2006
09.09.17 (сабота), 09.40 ч., терен Новаци, ОХРИД ТОП ТИМ - Талент 09.09.17 (сабота), 15.10 ч., терен Новаци, ОХРИД ТОП ТИМ - Степојевац 10.09.17 (недела), 10.20 ч., терен Новаци, ОХРИД ТОП ТИМ -ЛГ Спорт Генерација 2008
09.09.17 (сабота), 10.20 ч., терен Битола, ОХРИД ТОП ТИМ - Брегалница
09.09.17 (сабота), 17.00 ч., терен Битола, ОХРИД ТОП ТИМ - Талент 10.09.17 (недела), 09.40 ч., терен Битола, ОХРИД ТОП ТИМ - Руданка
Викендов започнаа натпреварите од Пелагониско езерската младинска лига што ја организира Фудбалската федерација на Македонија, а во која се натпреварува и ФК ОХРИД ТОП ТИМ во У-13 категорија. Охридските „Бели“ беа гости на битолски Топ Гол во првото коло од ова натпреварување. Нашите момци имаа одличен и убедлив почеток во лигата целосно надигрувајќи го домаќинот од Битола. Охриѓани дури седум патии стрелаа во мрежата на противникот, а имавме и еден неоправдано поништен гол, а примивме и еден гол од чист офсајт кој судијата се одлучи да го признае. Останува задоволството од одличната и ефикасна игра на нашите фудбалери. Следната недела на домашен терен ја пречекуваме екипата на ЛГ Спорт од Битола.
Младите фудбалери на ФК ОХРИД ТОП ТИМ имаа единствена и ретка можност да уживаат и одблиску да ги почувствуваат највредните европски трофеи - пехарите од УЕФА Лигата на шампиони, УЕФА Лига Европа и УЕФА Суперкупот. Оваа т.н. „Трофеј тура“ беше организирана од Фудбалската федерација на Македонија која воедно подари и маички на тие што беа дел од овој убав настан, а присуството на големиот број млади фудбалери беше искористено и за одигрување на ревилјани фудбалски натпревари што само дополнително го зачини овој убав спортски ден. Уживајте во галеријата со слики
На покана на ФК Пелистер, екипата на ФК ОХРИД ТОП ТИМ гостуваше во Битола каде одигравме четири натпревари со домаќинот во повеќе возрасни категории. Во една извонредно спортска, пријателска и релаксирана атмосфера сите присутни на стадионот во Битола уживаа во спортските мајстории на фудбалските виртуози од двете екипи. Исклучително квалитетни натпревари со голема спортска неизвесност, многу погодици, создадени шанси, пресврти, возбудувања ....
Честитки за фудбалерите од двете екипи затоа што ни приредија преубав спортски ден и на дело покажаа дека спортот создава пријатели. Голема благодарност до битолчани кои беа одлични домаќини и ги чекаме да бидат наши гости и да го продолжиме фудбалското дружење во Охрид Традиционално, нашиот клуб по четврти пат учествува на струшкиот Караорман куп 2017 што го организира ФК Караорман Струга. Овој пат игравме натпревари во две возрасни категории. Генерација 2005 одигра и загуби два натпревари со битолски Еден на еден и охридски Оск фер плеј, а генерација 2004 не успеа да обезбеди полуфинале во натпреварите во група против штипска Брегалница, Тулипани Тирана Албанија и Тотал фудбал Ресен. Иако ова беше трет турнир во само две недели за момците од генерација 2004, сепак мора да признаеме дека одиграа под очекувањата и секако под своите можности и испуштија убава прилика да бидат наградени со уште еден трофеј.
Заврши уште едно издание на традиционалниот фудбалски турнир за млади категории ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2017 што веќе трета година по ред го организира нашиот фудбалски клуб. Речиси половина месец, на СРЦ Билјани извори во Охрид наши гости беа повеќе фудбалски клубови од различни места од нашата земја кои беа дел од овој турнир. Следевме исклучително квалитетни натпревари во повеќе возрасни категории и имавме можност како фудбалски клуб да дадеме свој придонес кон развојот на младите, спортот, фудбалот и туризмот во нашиот град. Најуспешна генерација во овогодинешното издание ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ беше У-13 (2004( која освои бронзен медал во исклучително силна конкуренција. Нашите момци со две победи во групата над Топ гол Битола и Тотал фудбал Ресен и еден пораз од Њу Старс Скопје обезбеди пласман во полуфинале кое го загубивме од битолски ЛГ. Малото финале со Велешта го добивме со 3:0 и со заслужено освоен медал и пехар го завршивме турнирот. Мора да истакнеме дека двајцата најдобри стрелци во оваа генерација на овогодинешниот турнир беа од нашата екипа и награди за тоа добија Михаил Цикуроски и Мухамед Јахја Шкор. Исклучителна пофалба заслужуваат и генерација 2006 и 2008 кои исто така играа на турнирот и кои на сите одиграни натпревари немаа ниту еден пораз. Двете екипи натпреварите во групи ги завршија со по една победа и нерешени резултати на останатите мечеви, со што обезбедија пласман во елиминациските натпревари. Генерација 2008 ги совлада Смилковци и играше нерешно со Караорман, а генерација 2006 беа подобри од Тотал фудбал Ресен, а играа нерешено со Спортефе Скопје и Смилковци. Во елиминацискиот дел, иако двете екипи доминираа во натпреварите, накрај немаа среќа на изведувањето пенали и тоа ген. 2008 со Њу старс, а ген. 200 со Неготино. Во малото финале играше генерација 2006 која повторно во еден добар натпревар не ги искористи своите шанси и повторно немаа среќа во пенал рулетот. Мора да им се честита на сите наши фудбалери што играа на овој турнир за нивното големо спортско срце. Иако некомплетни, играа за своите другари, за својот клуб и постигнаа резултати за почитување. Благодариме момци за вашата игра, вашето залагање и најмногу од се за вашето однесување. Вие сте нашата гордост. Се разбира, должна благодарност и кон сите оние што помогнаа да имаме уште едно успешно издание на ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2017. Посебна благодарност до Д-р Сашо Стоев кој се погрижи сите учесници на турнирот да имаат медицинска грижа во текот на натпреварите. Плажа и бар Куба либре Охрид кои обезбедија 500 литри вода пиење за младите фудбалерчина. Тука се и пекара „Wake and bake“ која е традиционален помагател на турнирот, Пупе компани од Охрид и Скопска пивара Охрид. Голема благодарност и до вработените на СРЦ Билјанини извори кои несебично помогнаа во организација на турнирот и овозможија и оваа година да имаме уште едно успешно издание. Благодарност и до сите волонтери што оваа година беа постојано со нас и дадоа свој придонес во успешната организација. Резултатите од сите натпревар и целосната галерија со слики може да ги погледнете на ТРОЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2017. Уште еден одличен фудбалски турнир за генерација 2004 кои речиси без исклучок освојуваат награди секаде каде што се натпреваруваат. Овој пат на нивното конто оди уште една бронза која е освоена на третиот младински фудбалски турнир Езерски куп 2017 во организација на ФК Караорман од Струга. Во конкуренција од 15 екипи од повеќе земји, „Белите“ иако некомплетни, остварија 4 победи еден нерешен резултат и единствено беа поразени од екипата на Велешта. Беа постигнати следните резултати: ОХРИД ТОП ТИМ – Фудбал старс Кочани 4 : 1 ОХРИД ТОП ТИМ – Академија Нацев Велес 2 : 0 ОХРИД ТОП ТИМ + Велешта 1 : 3 ОХРИД ТОП ТИМ – Неготино 2 : 2 ОХРИД ТОП ТИМ – Караорман Струга 7 : 0 (1/4 финале) ОХРИД ТОП ТИМ – Велешта 0 : 3 (1/2 финале) ОХРИД ТОП ТИМ – Париз Кичево 3 : 0 (мало финале) На турнирот се натпреваруваше и генерација 2006 која имаше исклучително неповолен распоред и бевме единствена екипа во оваа генерација која во еден натпреварувачки ден играше дури три натпревари. Се разбира тоа влијаеше и на резултатите и конечниот пласман на екипата, а беа остварени следните резултати: ОХРИД ТОП ТИМ – Велешта 3 : 0 ОХРИД ТОП ТИМ – Неготино 1 : 1 ОХРИД ТОП ТИМ – Албион Скопје 2 : 4 ОХРИД ТОП ТИМ – Талент Битола 1 : 2 Честитки за сите наши фудбалери што беа дел од овој турнир. Како и секогаш, задоволство беше да се гледа убавата игра на овие момци кои и повеќе од заслужено ни донесоа уште едно фудбалско одличје. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|