На покана на ФК Пелистер, екипата на ФК ОХРИД ТОП ТИМ гостуваше во Битола каде одигравме четири натпревари со домаќинот во повеќе возрасни категории. Во една извонредно спортска, пријателска и релаксирана атмосфера сите присутни на стадионот во Битола уживаа во спортските мајстории на фудбалските виртуози од двете екипи. Исклучително квалитетни натпревари со голема спортска неизвесност, многу погодици, создадени шанси, пресврти, возбудувања ....
Честитки за фудбалерите од двете екипи затоа што ни приредија преубав спортски ден и на дело покажаа дека спортот создава пријатели. Голема благодарност до битолчани кои беа одлични домаќини и ги чекаме да бидат наши гости и да го продолжиме фудбалското дружење во Охрид Традиционално, нашиот клуб по четврти пат учествува на струшкиот Караорман куп 2017 што го организира ФК Караорман Струга. Овој пат игравме натпревари во две возрасни категории. Генерација 2005 одигра и загуби два натпревари со битолски Еден на еден и охридски Оск фер плеј, а генерација 2004 не успеа да обезбеди полуфинале во натпреварите во група против штипска Брегалница, Тулипани Тирана Албанија и Тотал фудбал Ресен. Иако ова беше трет турнир во само две недели за момците од генерација 2004, сепак мора да признаеме дека одиграа под очекувањата и секако под своите можности и испуштија убава прилика да бидат наградени со уште еден трофеј.
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|