Мошне возбудлив фудбалски викенд е зад нас. На СРЦ Билјанини извори во Охрид се играа елиминациските натпревари од ФФМ Детската фудбалска лига Југозападен регион. Нашите екипи играа дури пет полуфинални натпревари, а единствено генерација 2007 во еден мошне неизвесен натпревар со кичевски Париз беше елиминирана во четвртфинале. Нашите најмлади фудбалерчина од генерација 2009 беа спречени на патот кон финалето од охридски Евро фудбал 2 Вардар Охрид. Мошне добар фудбал играа генерација 2008 кои во четвртфиналето ја совладаа добрата екипа на Караорман, а доминатната игра и водството во полуфиналниот натпревар со Ла масиа не успеавме да ја ефектуираме во позитивен резултат и за жал не успеавме да обезбедиме финале. Финалето им се „лизна“ и на генерација 2005 кои исто така на два пати имаа водство и не искористија неколку прилики да го довршат натпреварот со ФК Париз во своја корист, па на крај им дозволивме на кичевчани да се радуваат на победата. Највозбудливиот натпревар го одигра генерација 2004 со радолишки Фљамуртари. Одлично дерби во кое нашите фудбалери успеаја четири пати да стрелаат во мрежата на противникот и на крај мошне заслужено да се пласираат во финалето на завршниот турнир каде со екипата на ФК Оск Фер плеј ќе играме за регионален шампион. Добар натпревар одигра и генерација 2006 која очекувано и рутинирано славеше во полуфиналниот натпревар со охридски Евро фудбал 2 Вардар и го обезбеди своето второ финале по ред во ФФМ детската лига каде има нова шанса да стигне до шампионската титула. Честитки за сите наши фудбалери кои овој викенд ги бранеа боите на нашиот клуб. Се чувствуваме исклучително горди на нивното залагање, начин на игра, спортски резултати. Горди сме на нивниот однос кон клубот, другарите, тренерите и фудбалерите на другите екипи и им благодариме на сите убави моменти што заедно ги поминуваме. Се гледаме следниот викенд на ФИНАЛЕТО! |
НОВОСТИФК ОХРИД
|