Денес на СРЦ „Билјанини извори“ во Охрид се одигра пријателски натпревар помеѓу екипите на ФК ОХРИД Топ Тим од Охрид и ФК Влазними од Струга. Двете екипи одиграа мошне квалитетен натпревар со генерација 2002 и помлади кој на крајот заврши нерешено со резултат 2:2. Иако домашната екипа на два пати поведуваше, сепак Стружани успеваа да одолеат на постојаниот притисок и го стигнуваа водството на „Белите“. Како предигра на овој натпревар, се одигра и еден меч помеѓу помладите генерации од двата тима (2005 и помлади) што го добија гостите. Во прилог може да ја погледнете галеријата од денешните натпревари: Галерија, 12.08.2014 - ФК ОХРИД Топ Тим - ФК Влазними |
НОВОСТИФК ОХРИД
|