Одличен фудбалски викенд зад нас, зачинет со пет победи за „Белите“ на стартот од ФФМ Детската фудбалска лига. Добрите игри на нашите фудбалерчина најпрво ги најавија највозрасните (ген. 2002) која одигра ефикасно и мотивирано против струшки Фљамуртари, совладувајќи го со високи 7:3. Екрем Алијашар четири пати ја затресе мрежата на противникот додека по еднаш стрелаа Филип Маркоски, Јанески Валентин и Петар Војдиноски. Следуваа и две победи во најмалите генерации каде ген. 2007 со двата гола на Максим Науомоски беше подобра од струшки Караорман во езерското дерби, додека за победа на нашите против охридски Вардар во ген. 2006 стрелаа Мухамед Сеидоски и Валентин Блажески. Уште еден позитивен резултат од 0:3 оствари ФК ОХРИД ТОП ТИМ Б ген. 2005 против ФК Караорман Струга. Во оваа екипа настапуваат само играчи од ген. 2006 кои се натпреваруваат во една генерација повозрасни. Шлагот на тортата со кој се затворија серијата успешни резултати во првото коло го оствари ген. 2004 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ која со убедливи 9:0 ги совлада врсниците од ФК Академија Пандев 10 Б Охрид. Притоа, нашите не успеаа да реализираат и пенал за уште повисока победа. Единствениот пораз ова коло го имаше ген. 2005 која одигра лошо прво полувреме против ФК Кораб од Дебар, па единствениот погодок на Амар Садикоски во вториот дел беше доволен само да се ублажи високото водство на противникот кое го направија во првиот дел од мечот. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|