Јане е дете кое живее за фудбалот. Прекрасно и воспитано момче со неверојатна харизма и мила ѕвезда. Плени веднаш штом го видиш. Тој е посебно детенце и како и секој од нас, не е совршен. Има ретка болест, спинална мускулна атрофија, што му оневозможува да оди и во целост да ужива во фудбалската игра. Сепак, неговата волја, неговиот карактер, неговиот исклучително ведар, позитивен и жив дух не го спречуваат да излезе на фудбалскиот терен. Јане е одличен голман. Јане е одличен другар. Јане е прав КАПИТЕН! Денес, имавме среќа ова силно момче да биде во Охрид и со него да уживаме во фудбалската игра. Игравме заедно, за да пренесеме порака до оние што треба да ја слушнат и кои можат да помогнат ова посебно детенце и уште многу други како него да ги остварат своите сништа. Сонот на Јане е да биде фудбалер и тој не е невозможен и недостижен. Само треба да го слушнеме и да сакаме да помогнеме. Неговите врсници и ДРУГАРИ од Охрид, со ГОЛЕМО СРЦЕ и ЧИСТА ДУША, безрезервно, безусловно, скромно, но моќно застанаа рамо до рамо со Јане. Играа за да бидат видени и слушнати од надлежните здравствени институции кои можат и мораат да помогнат. Да помогнат на сите деца кои можат и заслужуваат да бидат подобри! Не сме совршени ... но сме ЕДНАКВИ Не сме совршени ... но сме ХУМАНИ Не сме совршени ... но сме ДРУГАРИ Не сме совршени ... но СОЧУВСТВУВАМЕ Не сме совршени ... но знаеме да СЕ БОРИМЕ ЗАЕДНО ЈАНЕ .. ТИ БЛАГОДАРИМЕ што денеска ни даде шанса да бидеме дел од најдобриот тим за кој некогаш сме играле. ТИМ што покажа кои се вистински животни вредности. ТИМ што се бори на терен, за да победи надвор од него ... да победи не за себе, туку за сите оние на кои им е навистина потребно. ДА ПОБЕДИ за децата со РЕТКИ БОЛЕСТИ. Да победи, затоа што сите имаме право и заслужуваме да ни се даде шанса да живееме човечки и достоинствено! Лидерот на табелата, екипата на ФК Прилеп гостуваше на Охриѓани во последното есенско коло од ФФМ младинската лига. Иако „Белите“ со победа можеа да се изедначат на лидерската позициа со прилепчани, сепак, не ја искористија шансата за тоа. Првото полувреме следевме цврст и добар фудбал во кој двете екипи имаа свои прилики да го отворат резултатот, но не успеаа да постигнат погодок. Вториот дел започна во ист ритам како и првото, но 10тина минут пред крајот на мечот, следеше пад на концентрацијата кај охриѓани и за само три минути примија два погодоци кои беа доволни за сигурна победа на гостите од Прилеп.
Дербито на единаесеттото коло се играше во Прилеп, каде екипата на Победа беше домаќина на ФК ОХРИД ТОП ТИМ. Иако домаќините помалку некоректно го закажаа натпреварот во невообичаено време, во 9 часот наутро, со оглед времето што беше потребно за охриѓани да пристигнат во Прилеп, сепак гледавме еден неизвесен и вистински дерби натпревар.
Одлично прво полувреме имаа охриѓани кои постигнаа еден погодок, а еден погодок го поништи судијата поради наводен офсајд. До крајот на полувремето, беа доделени и три жолти картони за „Белите’“, а ниту еден за домаќинот иако играа грубо и не се штедеа во дуелите со охриѓани. За жал, добрата игра не успеавме да ја крунисаме со уште еден погодок, па пет минути пред крајот на натпреварот примивме два погодоци од прекин. Главниот судија во текот на натпреварот додели и втор жолт картон на еден од нашите фудбалери кој пак остана не исклучен поради тоа што судијата Илчо Јорданоски не го евидентирал првиот жолт картон. Круна на се беше тоа што судијата означи крај на натпреварот 3 минути пред истокот на 70тата минута. Нов триумф за охридските „Бели“ и во десеттото коло од ФФМ Младинската лига. Охриѓани со оваа убава победа над битолски Пелистер остануваат на врвот на табелата, а следното коло гостуваме на прилепска Победа. ПРВЕНСТВЕНА ТАБЕЛАВикендов се играше деветтото коло од младинската лига во организација на ФФМ. Охридските „Бели“ се сретнаа со екипата на ФК Струга Трим Лум. Очекувано, следевме добар меч во кој нашите доминираа и на крај го добија натпреварот со конечни 2:1. И по ова првенствено коло ФК ОХРИД ТОП ТИМ љубоморно го чува врвот на табелата.
Викенд гостувања во Кичево и Ресен за охридските „Бели“ за одигрување на првенствените натпревари од детската и младинската во организација на ФФМ. ФК ОХРИД ТОП ТИМ беше единствената охридска екипа која со 5 генерации играше на терените во Кичево од тековното коло на детската лига. Од оправдани причини, во речиси секоја генерација недостигаа по неколку стандардни играчи, но тоа не ги спречи оние кои допатуваа во Кичево да изиграат одличен фудбал и да не израдуваат со победи. Извонредно ефикасно играа и победуваа момците од парните генерации. Генерација 2006 очекувано лесно и убедливо славеше со кичевска Ускана со 5:2, Генерација 2010 стрелаше 4 пати во победата над истиот противник, додека генерација 2008 беше најефикасна и постигна дури шест погодоци против ФК Кичево. Добар, борбен и ефикасен фудбал одиграа и момците од генерација 2007 и 2009 кои постигнаа по два погодоци во против струшки Караорман и кичевски Парис, што на крај се покажаа како недоволни за позитивен резултат. Генерација 2005 одигра квалитетен натпревар во Охрид со Оск фер плеј во кој „жолтите“ дури 4 пати шутираа пенали од правилото „ три корни пенал“, а охридските „Бели“ искористија само две од неколкуте добри шанси и постигнавме два одлични гола од игра. Овие момци заслужуваат пофалба за нивната игра, посветеност и однос кон дресот што го носат. Нашите младинци ова коло гостуваа во Ресен каде играа со екипата на тотал ФК Тоталфудбал – Вардар. Уште една лесна и значајна победа со која се задржавме на самиот врв од лигашката табела. Натпреварот го решивме уште во првото полувреме со четири погодоци во противничкиот гол, а потоа лесно го доведовме при крај до нова победа.
ФФМ Младинска лига: Охриѓани перфектни и по шестото коло. „Еден – два“ дербито за Белите.14/10/2017
Денес на СРЦ Билјанини извори се одигра „Еден – два“ дербито на двете единствени непоразени екипи од младинската лига - ФК ОХРИД ТОП ТИМ и ФК Фљамуртари. Натпревар за вистински фудбалски сладокусци и кој во целост го оправда епитетот регионално дерби. Очекувано, следевме мошне атрактивен и неизвесен меч кој добро го започнавме со неколку шанси на противничката половина што не успеавме да ги реализираме. Гостите тоа максимално го искористија и едно наше мало невнимание го казнија со гол во нашата мрежа и дојдоа до водство. Веднаш по примениот гол, нашите фудбалери направија уште една грешка на средината на теренот по што се создаде чиста шанса за радолиштани кои го дуплираа водството. Овој резултат малку ги разниша нашите фудбалери кои тешко влегуваа во ритам и во шанси. Сепак, пред крајот на првото полувреме, нашите направија извонредна акција по левата страна и успеавме да го совладаме противничкиот голман и да го намалиме водството на гостите. Второто полувреме гледавме сосема нова слика на теренот. Охриѓани излегоа максимално концентрирани и одговорно вршејќи постојан притисок на противничкиот гол. Добрата игра резултираше со два погодоци во противничката мрежа со што целосно го свртевме натпреварот и резултатот во наша корист. Може да жалиме за уште неколку одлични неискористени шанси, но мора да бидеме задоволни од одличната партија на нашите кои и после шестото лигашко коло не знаат за ништо друго освен победа и со максимален учинок се осамени на врвот на табелата во младинската лига.
ФК ОХРИД ТОП ТИМ одигра четири натпревари во третото коло од ФФМ Детската лига. Повторно следевме одличен фудбал со многу постигнати погодоци. Најефикасни ова коло беа момците од генерација 2007 кои со двоцифрен број на голови ја совладаа екипата на Кораб од Дебар. Мошне ефикасен и убедлив натпревар одиграа и нашите најмали фудбалери од генерација 2010 кои со шест погодоци во противничката мрежа ја совладаа екипата на ФК Оск Фер плеј.
Очекувано, мошне добар натпревар одигра и генерација 2006 со охридски Вардар кој оваа сезона е засилен со неколку играчи од струшки Караорман. Пропуштеното водството, многуте неискористени шанси кои ги создадовме, а на моменти и некоректното судење со кое директно се влијаеше на резултат, не чинеа минимален пораз од 1:2. Добар меч одигра и генерација 2005 каде постигнавме два гола и не искористивме еден пенал против Кораб од Дебар кој на крај го доби мечот со 2:4. Честитки за сите наши фудбалери за нивното однесување, залагање и одлична игра. Викендов се играше второто коло од ФФМ Детската лига – Југозападен регион. ФК ОХРИД ТОП ТИМ се натпреварува во лигата со сите возрасни категории. Највозрасните генерации имаа максимален учинок во првите две кола, откако генерација 2005 регистрира победи со двете кичевски екипи ФК Париз и ФК Кичево со идентичен резултат од 3:0, а генерација 2006 регистрира две победи и тоа со струшки Караорман (3:0) и со ФК Велешта (5:2). Одлични натпревари одиграа и помалите генерации. Генерација 2007 ја совлада Велешта со 6 погодоци во противничката мрежа, додека не ги искористивме нашите шанси и не постигнавме погодок со охридски Евро фудбал 2 – Вардар. Добри натпревари играше и генерација 2008 која еднаш стрелаше со кичевски Париз. Нашите најмлади фудбалери кои се натпреваруваа во генерација 2009 и 2010 исто така не израдуваа со неколку погодоци во премиерните за нив две кола од детската лига. ОХРИД ТОП ТИМ го освои Меморијалниот младински фудбалски турнир „Благој Котларовски – Баги’ во Ресен30/9/2017
На покана на Општина Ресен и ФК Тоталфудбал од Ресен, ФК ОХРИД ТОП ТИМ трета година со ред го претставува градот Охрид на Меморијалниот младински фудбалски турнир „Благој Котларовски – Баги’ во Ресен. Овој добар турнир е дел од познатата манифестација „Преспански јаболкобер“ што традиционално секоја година го организира градоначалникот на Општина Ресен. „Белите“ во полуфиналето вкрстија со битолски ФК Рис. Нашите фудбалери доминираа во текот на целиот натпревар и уште во првото полувреме со 4 погодоци во мрежата на противникот го решија победникот. Вториот дел продолжи со рутинска игра со која само го зголемивме нашето водство и натпреварот заврши со конечни 7:1, што значеше пласман во финалето. Второто полуфинале го доби домаќинот Тоталфудбал од Ресен кои беа подобри од битолски Топ гол. Финалето го започнавме сигурно со напади кон противничкиот гол, но домаќинот прв го отвори мечот откако го искористи нашето невнимание и успешно реализира еден контра напад. Сепак, тоа дополнително ги мотивираше нашите да нападнат кон противничкиот гол, па на полувремето успеавме да искористиме две од повеќето создадени шанси и да го свртиме резултатот во наша корист. Второто полувреме го започнавме со добар интензитет и продолживме со притисок на противничката половина што резултираше со уште еден убав погодок и водство од 3:1. Некаде на половината од вториот дел, нашите фудбалери останаа со двајца играчи кои судијата престрого одлучи да ги исклучи покажувајќи им црвени картони за недозволени стартови. Но и во таква ситуација нашите играа одлично и успешно го приведоа натпреварот до крај без да го доведат во прашање конечниот резултат и победникот на овој меч. На крај, можеме да заклучиме дека нашата екипа сосема заслужено го освоија првото место на овој добар турнир. Заслужени честитки за сите наши фудбалери што ги бранеа боите на нашиот клуб и нашиот град. Благодарност до Општина Ресен за поканата и градоначалникот на Општина Ресен што ги почести сите екипи и фудбалери со своето присуство, доделувајќи ги и пехарите и дипломите. Благодарност до екипата на Тоталфудбал од Ресен за одличната организација, добрите услови за игра и што како добри домаќини се погрижија сите екипи да имаат заеднички ручек и да се дружат во еден од рестораните во Ресен. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|