Место на одигрување на натпревари: СРЦ Билјанини извори - Охрид
Пропозиции и систем на натпреварување
Се формираат две групи со по три екипи во секоја генерација. Играат секој со секого (2 натпревари). Победа во натпреварите во група носи 3, нерешено 1 и пораз 0 бодови. Доколку има две екипи со ист број на бодови, тогаш подобропласирана ќе биде онаа која била поуспешна во меѓусебниот дуел. Доколку и меѓусебниот дуел завршил нерешено, тогаш се зема подобрата гол разлика, па бројот на постигнати голови. Последно пласираните екипи од двете групи разигруваат за 5 и 6 место. Првите две екипи од групите играат полуфинале и тоа, првиот од едната со вториот од другата група. Поразените од полуфиналињата играат мало финале (за 3 место), а победниците играат ФИНАЛЕ за 1 место. Во случај на нерешен резултат во фазата на елиминација се изведуваат пенали. Се игра според правилата на ФФМ Детската фудбалска лига.
Распоред на активности
Награди
|
ТРОФЕЈ
|