Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија одржа седница на која донесе одлука да го прифати предлогот на Комисијата за младински фудбал за целосен прекин на натпреварувачката сезона 2019/2020 во сите конкуренции. За жал, со оваа одлука, објавена на веб страната на ФФМ (https://ffm.mk/sednica-na-upraven-odbor-na-fudbalska-federacija-na-makedonija), фудбалерите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ кои се натпреваруваа во Регионалната младинска лига (категорија помлади петлиња) нема да бидат во можност да го подигнат шампионскиот пехар иако играа одлична сезона и во текот на целата сезона беа лидери на табелата. До моментот на прекин на првенството охриѓани беа по сите основи најдобриот тим во регионот и се наоѓаа на првото место на табелата со најмногу освоени бодови, најмногу победи, најмногу постигнати и најмалку примени голови во првенството, односно гол разлика од дури +33. Ако минатата сезона оваа екипа заврши во најдобрите 4 екипи во Македонија во својата генерација, оваа сезона отидоа чекор понапред и својата доминација ја потврдија и во младинските лиги. Веруваме дека оваа вонредна ситуација брзо ќе се надмине и дека Охрид ќе продолжи создава фудбалери и спортисти со кои сите ќе можеме да се гордееме. Викендов се одигра тромеч во Битола со нашите пријатели од ФК Пелистер и ФК ЛГ Битола. Одлични пријателски натпревари со многу погодоци одиграа нашите фудбалери кои имаа можност и да се дружат со своите врсници од двете битолски екипи. Благодарност на домаќините за убавиот спортски викенд. Погледнете ја галеријата со слики за да почувствувате дел од атмосферата на натпреварите.
Младите фудбалери на ФК ОХРИД ТОП ТИМ веќе ги започнаа подготовките за новата полусезона во фудбалските лиги што се под организација на ФФМ. На денешниот тренинг на нашите фудбалери им беа доделени нови тренинг маички кои за нив ги обезбеди новиот пријател на клубот „Нова Македонија“, првиот македонски дневен весник. Ова е уште една реномирана компанија што ги поддржува спортот и младите препознавајќи ги вредностите што ги негува нашиот клуб, а се насочени кон создавање на генерации кои ќе ги красат здрави спортски навики и добри човечки особни. Благодарност до „Нова Македонија“ во името на сите фудбалерчина од ФК ОХРИД ТОП ТИМ. Охридските „Бели“ гостуваа викендов во Кичево каде играа натпревари со домаќинот Ускана во повеќе возрасни категории. Нашите млади фудбалерчина одиграа добри и ефикасни натпревари во кои остварија повеќе победи.
Почетокот на новата сезона очекувано одличен за младите охриѓани кои ги бранат боите на ФК ОХРИД Топ Тим. На отварањето од младинската лига нашите фудбалери од генерација 2006 ја декласираа екипата на Топ Гол од Битола со високи 10:0. Оваа генерација играше и во младинскиот куп. Осминафиналниот натпревар го игравме на гостински терен во Скопје со екипата на ФК Грозданоски. Охриѓани уште во првите 30 минути успеаа да направат висока предност од три гола, за потоа и покрај повеќето измени рутинирано да го довршат резултатот кон победа од 2:3 и сигурен понатамошен пласман во младинскиот куп. Одличен старт во новата сезона имаа и нашите фудбалери што се натпреваруваат во детската лига. Високи и сигурни победи забележаа сите генерации во првите две кола од лигата. Генерација 2007 беа подобри од ФК Кораб Дебар и ФК Велешта. Помладите од генерација 2008 убедливо ги совладаа радолишки Фљамуртари и кичевска Ускана, а генерација 2010 по нерешениот резулат и пропуштеното водство со струшки Караорман ја совлада екипата на Велешта. Одличен прв настап имаа и генерација 2011 кои стрелаа против струшки Караорман. Викендов во Скопје, најдобрите екипи од македонскиот фудбал се натпреваруваа на Гази баба куп 2019. Силен турнир кој воедно беше и увертира во новата сезона и одлична можност за дополнителни подготвителни натпревари пред почетокот на младинските лиги. ФК Охрид беше единствениот тим од нашиот град кој ги одмери силите во генреација 2006 каде играа најдобрите македонски екипи како Вардар, Работнички, Пелистер, Беласица, Тиквеш, Шкендија, Македонија ЃП, Гостивар, Сарај, Њу старс, Драчево и други ...
Охриѓани одиграа четири одлични натпревари со Работнички, Пелистер, Сарај и Кул Пандев на кои посгигнаа повеќе од 10 кола, а најубедливи беа на натреварот со Сарај каде го декласираа противникот со 7 погодоци во нивната мрежа. Уште еден одличен фудбалски турнир е зад нас. Охриѓани одиграа фантастично на традиционалниот фудбалскиот турнир ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2019 што по петти пат се одржува на СРЦ Билјанини извори во Охрид. Во исклучително силна конкуренција „Белите“ со сите четири генрации играа полуфиналиња. На крај, генерација 2006 го освои златото, додека генерација 2008 и 2010 ги добија малите финалиња и освоија бронза. Одлични во малото финале беа и генерација 2007 кои играа нерешено со прилепска Победа која пак имаше повеќе среќа во изведувањето на пенали. Индивидуални признанија освоивме и со генерација 2006 каде имавме најдобар стрелец и голман и генерација 2010 каде имавме најдобар стрелец на турнирот. Благодарност до екипите на Работнички, Победа, Неготино, Њу старс, Албион, Карев, Биџо Куманово, Велешта, Еден на еден и Спортефе кои беа дел од овој турнир, за нивнто коректно и спортско однесувања и што дадоа свој придонес да имаме одлична фудбалска недела во Охрид. Посебна благодарност и до сите што го помогнаа одржувањето на овој турнир: Општина Охрид, Мобипетрол, Куба либре, Винчини, АБВ Дизајн и Вејк енд бејк. Благодарност до вработените на СРЦ Билјанини извори, тренерите, родителите и фудбалерите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ и сите што беа вклучени во организација, судии, сликари, обезбедување и друга логистичка поддршка. Целата галерија со слики може да ја погледнете ТУКА Охридските „Бели“ беа домаќини на штипска Брегалница со кои одигравме неколку пријателски натпревари во повеќе возрасни категории. Спортското дружење и одличната атмосфера што ја направија најмладите фудбалерчина од Охрид и Штип е одлична увертира на петтиот фудбалски трунир ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ што наредната недела од 19 до 22 јуни ќе се игра на главниот терен на СРЦ Билјанини извори. Покрај домаќинот ОХРИД ТОП ТИМ повеќе реномирани екипи меѓу кои и Работнички, Победа, Пелистер, Неготино, Караорман, Њустарс, Биџо Куманово и други ќе бидат дел од овогодинешнот издание на турнирот. Овој турнир е единствен не само во нашата земја туку и во регионот по тоа што се игра по однапред утврден формат и со ограничен број на екипи што им овозможува на сите учесници максимално да уживаат во фудбалската игра, но и да уживаат во престојот во Охрид имајќи доволно време да ги видат и почувствуваат сите убави работи што ги нуди нашиот град. Спортските резултати во ова натпреварување не се најважни. Цеталта е на децата да им се исполни желбата за фудбалско надигрување и преку спортот да создаваме генерации кои првенствено ќе ги красат добри човечки особини, а потоа и спортска умешност. Обврска на сите учесници на турнирот ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ е да се однесуваат чесно и во согласност со највисоките морални и етички норми . Овој фудбалски настан е внесен и во календарот на детски фудбалски турнир на Фудбалската федерација на Македонија и се игра според правилата на федерацијата. Организирањето на вакви форми на спортско натпреварување добро влијае врз психофизичкото здравје на децата кои се мотивираат да спортуваат и успешно се социјализираат. Нивното институционализирање со давање на легитимитет од страна на спортските федерации, како што во случајов е Фудбалската федерација на Македонија, овозможува неутрализирање на сите ризици по здравјето на децата и дава дополнителна сигурност кај учесниците за фер и коректно натпреварување. Повеќе информации за турнирот може да се добијат ТУКА. Ве очекуваме заедно да уживаме во фудбалските мајстории на овие млади фудбалерчиња во престојната спортска недела
Уште еден одличен фудбалски викенд зад нас. Охридските „Бели“ кои со генерација 2006 беа најдобри во лигашкиот дел од регионалната лига ФФМ детска лига играа на националниот завршен турнир, бранејќи ги клупските и боите на Охрид.. Во осминафиналето нашите момци убедливо ја елиминираа САСА од Македониска Каменица, за во четвртфиналето во еден одличен н атпревар со сигурна победа ја елиминираат и екипата на Академија Пандев од Струмица.. Пречка во полуфиналето беше скопски Вардар, а бронзата ни се лизна по неправедниот и минимален пораз од скопска Албарса. Благодарност и честитки за сите наши фодбалерчина што со срце играа за нашиот клуб и град во текот на целата сезона. Горди на Вас.
Нашите фудбалери имаа перфектен спортски учинок минатиот викенд во натпреварите од ФФМ Детската фудбалска лига. После победата над охридски Фер Плеј минатото коло, генерација 2006 и ова кола со нови шест погодоци ја продолжи перфектната низа на победи на гостувањето во Кичево со ФК Париз. Одлични беа и генерација 2007 која во „Езерското дерби“ убедливо со 7:2 го надигра струшки Караорман. Генерација 2008 исто така постигна шест погодоци во победата со кичевски Париз. Две победи на гостувањето во Кичево имаше и генреација 2009 која два пати стрелаше со ФК Ускана и четири шати со ФК Париз. Генерација 2010, пак, со пет постигнати погодоци го совлада струшки Караорман. Викендов се играа и натпреварите од првата ФФМ Младинска лига во категории петлиња и помлади петлиња. Одличен меч одиграа У-14 кои ја надиграа и совладаа прилепска Победа со 4:1, додека момците од У-15, по одличните 2:2 со битолски Пелистер минатиот викенд, ова коло беа единствена поразена екипа на гостувањето кај прилепска Победа. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|