Лидерот на табелата, екипата на ФК Прилеп гостуваше на Охриѓани во последното есенско коло од ФФМ младинската лига. Иако „Белите“ со победа можеа да се изедначат на лидерската позициа со прилепчани, сепак, не ја искористија шансата за тоа. Првото полувреме следевме цврст и добар фудбал во кој двете екипи имаа свои прилики да го отворат резултатот, но не успеаа да постигнат погодок. Вториот дел започна во ист ритам како и првото, но 10тина минут пред крајот на мечот, следеше пад на концентрацијата кај охриѓани и за само три минути примија два погодоци кои беа доволни за сигурна победа на гостите од Прилеп.
Дербито на единаесеттото коло се играше во Прилеп, каде екипата на Победа беше домаќина на ФК ОХРИД ТОП ТИМ. Иако домаќините помалку некоректно го закажаа натпреварот во невообичаено време, во 9 часот наутро, со оглед времето што беше потребно за охриѓани да пристигнат во Прилеп, сепак гледавме еден неизвесен и вистински дерби натпревар.
Одлично прво полувреме имаа охриѓани кои постигнаа еден погодок, а еден погодок го поништи судијата поради наводен офсајд. До крајот на полувремето, беа доделени и три жолти картони за „Белите’“, а ниту еден за домаќинот иако играа грубо и не се штедеа во дуелите со охриѓани. За жал, добрата игра не успеавме да ја крунисаме со уште еден погодок, па пет минути пред крајот на натпреварот примивме два погодоци од прекин. Главниот судија во текот на натпреварот додели и втор жолт картон на еден од нашите фудбалери кој пак остана не исклучен поради тоа што судијата Илчо Јорданоски не го евидентирал првиот жолт картон. Круна на се беше тоа што судијата означи крај на натпреварот 3 минути пред истокот на 70тата минута. Нов триумф за охридските „Бели“ и во десеттото коло од ФФМ Младинската лига. Охриѓани со оваа убава победа над битолски Пелистер остануваат на врвот на табелата, а следното коло гостуваме на прилепска Победа. ПРВЕНСТВЕНА ТАБЕЛА |
НОВОСТИФК ОХРИД
|