Гости во емисијата Јоклама која се емитува на ТВМ беа неколку фудбалери од ФК ОХРИД ТОП ТИМ заедно со тренерот Наум Јанкулоски. Оние што не беа во можност во живо да го погледнат нивното гостување, може да ја погледнат снимката.
Одличен фудбал во шестото коло од ФФМ Детската лига. Ген. 2007 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ го отвори колото во натпреварот со ФК Академија Пандев 10 А од Охрид. Иако нашите го отворија натпреварот со убавиот погодок на Максим Наумоски, сепак „Академците“ успеаа да изедначат и да го завршат натпреварот непоразени. Ова беше трет натпревар без пораз во серија на нашите најмлади фудбалерчиња. Генерација 2004 изигра вистински дерби натпревар со водечкиот ФК Фљамуртари од Радолишта. Зрелата игра во која создадовме неколку сериозни прилики за гол не успеавме да ја ефектуираме и Радолиштани набрзина направија предност од високи 3:0. Сепак, „Белите“ не се откажуваа и продолжија да напаѓаат кон противничкиот гол по што со погодоците на Мухамед Јахја Шкор и Никола Кречов резултатот беше намален на 2:3. Неколкуте промашени „зицери“, една погодена пречка и пропуштената шанса од „скратен корнер“, на крајот беа казнети со примен гол во последните секунди од натпреварот за конечни 2:4. Екипата на ФК ОХРИД ТОП ТИМ го загуби и натпреварот од ген. 2003 со истиот противник. Мошне добар и борбен натпревар изигра комбинираната екипа на ФК ОХРИД ТОП ТИМ од ген. 2005/2006 која го изнамачи А тимот на фаворизиранта ген. 2005 од ФК Оск Ф. Плеј. „Белите“ немаа среќа први да го отворат натпреварот кога при резултат од 0:0 еднаш стрелаа во стативата, а еднаш ја погодија и гредата на противничкиот гол. Во последните минути од натпреварот, „Жолтите“ го искористија падот на концентрацијата на нашите момци и ги поставија конечните 0:3. Последниот натпревар ова коло, во нова гарнитура клупски дресови, го играа Генерација 2002 кои извојуваа убава и значајна победа против ФК Велешта. „Белите“ уште еднаш покажаа карактер откако прв во водство дојде тимот на ФК Велешта. Тој погодок само ги разбуди нашите кои почнаа да срелаат во голот на противникот и со погодоците на Китрозоски Христијан, Екрем Алијашар (2), Климент Гиноски и Андреј Мирчевски стигнаа до високи 1:5. После неколкуте направени измени во нашиот состав кога им се даде шанса на сите играчи, екипата на Велешта успеа да намали на конечни 3:5. За ФК ОХРИД Топ Тим играа: Генерација 2002: Христијан Китрозоски (1 гол), Климент Гиновски (1 гол), Емре Дуница, Емре Мустафа, Филип Митрески, Екрем Алијашар (2 гола), Николче Целески, Димитар Петров, Стивен Митрески, Алек Иваноски, Андреј Мирчевски (1 гол), Мухамед Јахја Шкор, Петар Љушкоски и Климент Филев. Генерација 2003: Кадир Ибрахим, Иво Спироски, Емре Мустафа, Петар Љушкоски, Томи Николоски, Александар Трпоски, Наум Јаковлев, Марко Крлевски, Хадис Рифат, Јусуф Ариф, Климент Филев, Никола Кречов, Иванчо Сотироски, Амар Садикоски, Петар Пацески, Халил Ибрахим, Јусуф Хусеин и Димитар Топалоски. Генерација 2004: Кадир Ибрахим, Иво Спироски, Александар Трпоски, Мухамед Јахја Шкор (1 гол), Климент Филев, Јусуф Ариф, Хадис Рифат, Марко Крлевски, Никола Кречов (1 гол) и Наум Јаковлев. Генерација 2005: Онур Бешир, Петар Пацески, Халил Ибрахим, Амар Садикоски, Хусеин Јусуф, Петар Крлески, Димитар Топалоски, Иванчо Сотироски, Михаил Лолески, Валентин Блажески, Давид Кузманоски и Мухамед Сеидоски. Генерација 2007: Онур Бешир, Лео Шопоски, Мартин Мајкиќ, Џан Јахја Шкор, Максим Наумоски и Јован Трпеноски, Борис Чекреџи и Петар Сарафилоски. Погледнете ја галеријата од денешниот ден:
Познато е дека преку храната се внесуваат енергија и сите непоходни состојки за правилен раст, развој и регенерација. Правилната исхрана подразбира баланс меѓу она што го внесуваме и она што го трошиме. Неправилната исхрана не само што влијае врз намалување на натпреварувачките способности кај спортистите, туку може да предизвика и одредени заболувања, особено кај младите лица, кои сеуште се во период на раст и развој. Сите оние кои сакаат да слушнат и научат повеќе за историјата на спортската исхрана, суплементацијата во спортот и исхрана после физичката активност, ги покануваме на предавањето што ќе го одржи Др. Оливер Бојчески, специјалист по спортска медицина, на 23.04.2015 (четврток) во 19.00 часот, во големата сала на Општина Охрид. Воедно, на овој настан ќе бидат промовирани и книгите за исхрана во спортот од Др. Бојчески. Одличен викенд за екипите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ кои остварија пет победи во петтото коло од ФФМ Детската фудбалска лига. Нашите од ген. 2002 и 2004 им се реваншираа на „Академците“ и „Црвено црните“ од Охрид за поразите од есенскиот дел, остварувајќи сигурни победи против двата противници. Одличниот впечаток го комплетираа и момците од ген. 2005 кои го совладаа ФК Фљамуртари од Радолишта и ген. 2007 која славеше против ФК Академија Пандев 10 Охрид. Момците од ген. 2006 со службен резултат од 3:0 додадоа уште три нови бода на нивното бодовно салдо. Единствениот пораз ова коло го имаше комбинираниот состав од ген. 2003/04/05 против ген. 2003 од ФК Велешта.
За ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа:
Генерација 2002: Христијан Китрозоски (1 гол), Климент Гиновски (1 гол), Емре Дуница, Емре Мустафа, Филип Митрески, Екрем Алијашар, Николче Целески, Алек Иваноски, Мирчевски Андреј, Мухамед Јахја Шкор, Никола Кречов и Климент Филев. Генерација 2003: Кадир Ибрахим, Иво Спироски, Емре Мустафа (1 гол), Александар Трпоски, Марко Крлевски, Хадис Рифат, Јусуф Ариф, Климент Филев, Никола Кречов, Филип Филипоски, Амар Садикоски, Петар Пацески, Халил Ибрахим и Јусуф Хусеин. Генерација 2004: Кадир Ибрахим, Иво Спироски, Александар Трпоски, Мухамед Јахја Шкор, Климент Филев (1 гол), Јусуф Ариф, Хадис Рифат, Марко Крлевски, Филип Филипоски, Иво Спироски. Генерација 2005: Онур Бешир, Петар Пацески, Халил Ибрахим, Амар Садикоски (1 гол), Хусеин Јусуф, Петар Крлески, Михаил Лолески, Валентин Блажески, Давид Кузманоски и Мухамед Сеидоски. Генерација 2007: Онур Бешир, Лео Шопоски, Мартин Мајкиќ (1 гол), Џан Јахја Шкор, Лука Илијоски. Максим Наумоски (1 гол) и Јован Трпеноски (1 гол). Погледнете ја галеријата на слики од денешното коло Петтото коло од ФФМ Детската фудбалска лига - југозападен регион ќе се игра во Радолишта на стадионот на ФК Фљамуртари. Натпреварите ќе се играат во сабота (18.04.2015) по следниот распоред:
Вистински празник на фудбалот денеска во Охрид. Повеќе од 100 деца од екипите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ од Охрид, ФК Караорман од Струга и ФК Фљамуртари од Радолишта играа неколку пријателски натпревари во различни возрасни категории на теренот со вештачка трева на СРЦ Билјанини извори. Организатор и домаќин на натпреварувањето по повод велигденските празници беше ФК ОХРИД ТОП ТИМ. Сите натпревари поминаа во извонредно релаксирана и другарска атмосфера. Убавото време само придонесе сите присутни да уживаат во фудбалските мајстории на младите фудбалери. „Белите“ ги постигнаа следните резултати: (2006) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Фљамуртари 2:1 (Стрелци за ФК ОХРИД: Крлески Петар и Блажески Валентин) (2003/04) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Фљамуртари 3:0 (Стрелци за ФК ОХРИД: Емре Мустафа – 2, Филев Климент) (2003/04) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Караорман 1:1 (2005) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Фљамуртари 0:0 (2002) ФК ОХРИД ТОП ТИМ- ФК Караорман 1:4 (Стрелец за ФК ОХРИД: Иваноски Алек) (2007/08/09) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Фљамуртари 2:4 (Стрелец за ФК ОХРИД: Наумоски Максим – 2) Сите што не беа присутни на СРЦ Билјанини извори, може да почуствуваат дел од денешниот амбиент на галеријата со слики: Охридски „Вардар“ (2002) се спасуваше од пораз во последните секунди со правилото скратен корнер4/4/2015 Четвртото коло (пролет) од ФФМ Детската фудбалска лига – Југозападен регион се играше во Струга, на стадионот на Караорман. „Белите“ одиграа неколку тешки натпревари со сите генерации против охридските екипи „Еврофудбал 2 - Вардар“ и „Академија Пандев 10“. Генерација 2006 оствари сигурна победа против охридските „црвено црни“, а генерација 2004, иако ослабена, лесно и уверливо ги совлада „Академија Пандев 10 Б“. Екипите од генерација 2003 и 2005 беа поразени од „Академците“. Највозбудливиот натпревар го одигра генерација 2002 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ испуштајќи победа против охридски „Вардар“ кои во последните секунди на натпреварот изедначија благодарение на правилото „скратен корнер“. Беа постигнати следните резултати: (2006) ФК ОХРИД ТОП ТИМ Охрид – ФК Еврофудбал 2 Вардар Охрид 3:1 (2004) ФК ОХРИД ТОП ТИМ Охрид – ФК Академија Пандев 10 Б Охрид 4:0 (2002) ФК ОХРИД ТОП ТИМ Охрид – ФК Еврофудбал 2 Вардар Охрид 2:2 (2003) ФК ОХРИД ТОП ТИМ Охрид – ФК Академија Пандев 10 Охрид 1:7 (2005) ФК ОХРИД ТОП ТИМ Охрид – ФК Академија Пандев 10 Охрид 0:9 За ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа: Генерација 2002: Христијан Китрозоски (2 гола), Климент Гиновски, Емре Дуница, Емре Мустафа, Филип Митрески, Екрем Алијашар, Петар Љушкоски, Томи Николоски, Николче Целески, Алек Иваноски, Максут Зекир, Мухамед Јахја Шкор, Никола Кречов и Климент Филев. Генерација 2003: Иво Спироски, Петар Љушкоски, Емре Мустафа (1 гол), Томи Николоски, Марко Крлевски, Хадис Рифат, Јусуф Ариф, Климент Филев и Никола Кречов. Генерација 2004: Кадир Ибрахим, Иво Спироски, Мухамед Јахја Шкор (1 гол), Климент Филев, Јусуф Ариф (1 гол), Хадис Рифат, Садикоски Амар (1 гол), Марко Крлевски (1 гол), Пацески Петар и Хусеин Јусуф. Генерација 2005: Онур Бешир, Петар Пацески, Халил Ибрахим, Амар Садикоски, Хусеин Јусуф, Петар Крлески, Михаил Лолески, Валентин Блажески, Давид Кузманоски и Мухамед Сеидоски. Генерација 2006: Онур Бешир, Борис Чекреџи,Петар Крлески, Михаил Лолески, Валентин Блажески, Давид Кузманоски (2 гола), Мухамед Сеидоски (1 гол), Лео Шопоски, Мартин Мајкиќ и Максим Наумоски. Струшки „АС Јунајтед“ ќе биде домаќини на четвртото пролетно коло од ФФМ Детската фудбалска лига - Југозападен регион. Натпреварите ќе се играат на теренот на ФК Караорман во Струга во сабота (04.04.2015) по следниот распоред:
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|