Современиот начин на живот го намалува интензитетот на физичка активност на младите луѓе, особено децата, што на крај неповолно се одразува на нивното психофизичко здравје. Здравствените ризици кај децата најчесто се поврзани со состојбата од зголемена телесна тежина и здебеленост, особено во урбаните средини. Надлежните институции (Институт за здравје и Министерството за здравство) даваат препораки за нивото на физичка активност за подобро здравје за различни возрасни групи.
За децата од 5 до 17 години возраст физичката активност треба да вклучува игри, спорт, рекреација, физичка едукација и планирани вежби, дома и на училиште. Со цел да се подобри кардиореспираторнотo здравје, боди-мас индекс (BMI) и здравје на коските, намалување на анксиозноста и депресијата се препорачува:
Децата и младите да практикуваат умерени вежби 60 минути дневно со енергичен интензитет.
Повеќето од дневните физички вежбите треба да бидат со голема енергичност, а целта е да се зајакнат мускулатурата и коските.
Да се вежба најмалку три пати во неделата.
Водејќи се од овие препораки, а грижејќи се здравјето на најмладите што секако е во склад и со начинот на дејствување и со општите цели за унапредување на општеството и грижата за младите, Фудбалската федерација на Македонија и Федерацијата на училишен спорт на Македонија, а во соработка со ОУ Св. Климент Охридски од Охрид и ФК Oхрид Топ Тим преку овој проект даваат скромен придонес кон создавање на навики за здрав живот и создавање позитивни животни вредности преку промовирање на спортот и фудбалот како спортска игра. Посебен акцент е ставен на најмладите кои ја користат фудбалската игра како средство за учење и забава во исто време. Суштинските елементи на основите на фудбалската игра се односите што се создаваат помеѓу играчите, тимскиот дух и забавата. Концептот на учење преку игра, а под надзор на тренери едукатори, е специфичен пристап дизајниран да одговори на потребите на младите во нивната подготовка за предизвиците што ги очекуваат во иднина. Токму затоа, профилот на тренер – едукатор мора да одговара на личност која е динамична и едноставна и која со својот пристап ќе ги мотивира децата и ќе ги почитува нивните физички, психолошки и физиолошки карактеристики. Токму фудбалот, како најатрактивна спортска игра во светот, овозможува социјална интеграција на најмладите и е одлично средство за изразување. Преку овој проект се овозможува на секое дете да игра фудбал со што се елиминираат сите форми на дискриминација.
Основото мото е ФУДБАЛ СЕГА – ФУДБАЛ СЕКАДЕ
Преку спортот да создаваме генерации кои пред се ќе ги красат добри човечки особини, а потоа и спортска умешност
Посебен придонес кон реализација на овој проект има директорот на ОУ Св. Климент Охридски од Охрид, г-ѓа Наташа Танеска, која несебично и со задоволство го поддржа истиот и им овозможи на учениците од ова училиште да доживеат нови спртски искуства.
Мора да издвои исклучителната соработка со оддленските наставнички од ОУ Св. Климент Охридски кои максимално професионално се посветени на работата со децата и учествуваат во нивна спортска едукација и воспитување:
Ленче Лабоска (тренер/едукатор на екипа Тигри)
Моника Сиљаноска (тренер/едукатор на екипа Некст старс)
Александра Родиќ (тренер/едукатор на екипа Другарчиња)
Славица Николоска (тренер/едукатор на екипа Рибарчиња)
Виолета Илиевска и Весна Речковска Николова (тренери/едукатори на екипа Ол старс 1)
Трена Чаковска и Виолета Илиевска (тренери/едукатори на екипа Ол старс 2)
Ружица Димитриеска Маноска (тренер/едукатор на екипа Рибари)
Валентина Кузманоска (тренер/едукатор на екипа Ла масиа)
НОСИТЕЛИ НА ПРОЕКТ:
Фудбалска федерација на Македонија
Федерација на училишен спорт на Македонија
ОУ Св. Климент Охридски Охрид
ФК Охрид Топ Тим
КООРДИНАТОР / ТРЕНЕР ЕДУКАТОР
Проф. Наумче Јанкулоски
МЕСТО НА ОДДРЖУВАЊЕ
ОУ Св. Климент Охридски Охрид
ПЕРИОД НА ОДДРЖУВАЊЕ
Учебна 2019 / 2020
ПРИЈАВЕНИ ЕКИПИ 2 одделение - Тигри и Некст старс 3 одделение - Другарчиња и Рибарчиња 4 одделение - Ол Старс 1 и Ол старс 2 5 одделение - Рибари и Ла масиа