![]() Одличен фудбал во шестото коло од ФФМ Детската лига. Ген. 2007 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ го отвори колото во натпреварот со ФК Академија Пандев 10 А од Охрид. Иако нашите го отворија натпреварот со убавиот погодок на Максим Наумоски, сепак „Академците“ успеаа да изедначат и да го завршат натпреварот непоразени. Ова беше трет натпревар без пораз во серија на нашите најмлади фудбалерчиња. Генерација 2004 изигра вистински дерби натпревар со водечкиот ФК Фљамуртари од Радолишта. Зрелата игра во која создадовме неколку сериозни прилики за гол не успеавме да ја ефектуираме и Радолиштани набрзина направија предност од високи 3:0. Сепак, „Белите“ не се откажуваа и продолжија да напаѓаат кон противничкиот гол по што со погодоците на Мухамед Јахја Шкор и Никола Кречов резултатот беше намален на 2:3. Неколкуте промашени „зицери“, една погодена пречка и пропуштената шанса од „скратен корнер“, на крајот беа казнети со примен гол во последните секунди од натпреварот за конечни 2:4. Екипата на ФК ОХРИД ТОП ТИМ го загуби и натпреварот од ген. 2003 со истиот противник. Мошне добар и борбен натпревар изигра комбинираната екипа на ФК ОХРИД ТОП ТИМ од ген. 2005/2006 која го изнамачи А тимот на фаворизиранта ген. 2005 од ФК Оск Ф. Плеј. „Белите“ немаа среќа први да го отворат натпреварот кога при резултат од 0:0 еднаш стрелаа во стативата, а еднаш ја погодија и гредата на противничкиот гол. Во последните минути од натпреварот, „Жолтите“ го искористија падот на концентрацијата на нашите момци и ги поставија конечните 0:3. Последниот натпревар ова коло, во нова гарнитура клупски дресови, го играа Генерација 2002 кои извојуваа убава и значајна победа против ФК Велешта. „Белите“ уште еднаш покажаа карактер откако прв во водство дојде тимот на ФК Велешта. Тој погодок само ги разбуди нашите кои почнаа да срелаат во голот на противникот и со погодоците на Китрозоски Христијан, Екрем Алијашар (2), Климент Гиноски и Андреј Мирчевски стигнаа до високи 1:5. После неколкуте направени измени во нашиот состав кога им се даде шанса на сите играчи, екипата на Велешта успеа да намали на конечни 3:5. За ФК ОХРИД Топ Тим играа: Генерација 2002: Христијан Китрозоски (1 гол), Климент Гиновски (1 гол), Емре Дуница, Емре Мустафа, Филип Митрески, Екрем Алијашар (2 гола), Николче Целески, Димитар Петров, Стивен Митрески, Алек Иваноски, Андреј Мирчевски (1 гол), Мухамед Јахја Шкор, Петар Љушкоски и Климент Филев. Генерација 2003: Кадир Ибрахим, Иво Спироски, Емре Мустафа, Петар Љушкоски, Томи Николоски, Александар Трпоски, Наум Јаковлев, Марко Крлевски, Хадис Рифат, Јусуф Ариф, Климент Филев, Никола Кречов, Иванчо Сотироски, Амар Садикоски, Петар Пацески, Халил Ибрахим, Јусуф Хусеин и Димитар Топалоски. Генерација 2004: Кадир Ибрахим, Иво Спироски, Александар Трпоски, Мухамед Јахја Шкор (1 гол), Климент Филев, Јусуф Ариф, Хадис Рифат, Марко Крлевски, Никола Кречов (1 гол) и Наум Јаковлев. Генерација 2005: Онур Бешир, Петар Пацески, Халил Ибрахим, Амар Садикоски, Хусеин Јусуф, Петар Крлески, Димитар Топалоски, Иванчо Сотироски, Михаил Лолески, Валентин Блажески, Давид Кузманоски и Мухамед Сеидоски. Генерација 2007: Онур Бешир, Лео Шопоски, Мартин Мајкиќ, Џан Јахја Шкор, Максим Наумоски и Јован Трпеноски, Борис Чекреџи и Петар Сарафилоски. Погледнете ја галеријата од денешниот ден: |
НОВОСТИФК ОХРИД
|