![]()
Викендов започнаа натпреварите од Пелагониско езерската младинска лига што ја организира Фудбалската федерација на Македонија, а во која се натпреварува и ФК ОХРИД ТОП ТИМ во У-13 категорија. Охридските „Бели“ беа гости на битолски Топ Гол во првото коло од ова натпреварување. Нашите момци имаа одличен и убедлив почеток во лигата целосно надигрувајќи го домаќинот од Битола. Охриѓани дури седум патии стрелаа во мрежата на противникот, а имавме и еден неоправдано поништен гол, а примивме и еден гол од чист офсајт кој судијата се одлучи да го признае. Останува задоволството од одличната и ефикасна игра на нашите фудбалери. Следната недела на домашен терен ја пречекуваме екипата на ЛГ Спорт од Битола.
Младите фудбалери на ФК ОХРИД ТОП ТИМ имаа единствена и ретка можност да уживаат и одблиску да ги почувствуваат највредните европски трофеи - пехарите од УЕФА Лигата на шампиони, УЕФА Лига Европа и УЕФА Суперкупот. Оваа т.н. „Трофеј тура“ беше организирана од Фудбалската федерација на Македонија која воедно подари и маички на тие што беа дел од овој убав настан, а присуството на големиот број млади фудбалери беше искористено и за одигрување на ревилјани фудбалски натпревари што само дополнително го зачини овој убав спортски ден. Уживајте во галеријата со слики
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|