ФК ОХРИД ТОП ТИМ

  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости
  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости

„Езерското дерби“ за крај на есенскиот дел од ФФМ Младинската лига

29/10/2016

Comments

 
PictureФК ОХРИД У-15 (кликни на сликата за полголема)

Охриѓани денес беа домаќини на струшки Караорман во последното коло од есенската полусезона на ФФМ Младинската лига за играчи родени 2002 година. Фудбалерите на двете екипи понудија вистински дерби натпревар за уживање, со повеќе голови и неколку пресврти.

Почетокот на натпреварот им припадна на „Белите“ кои вршеа постојан притисок на гостинскиот гол и создаваа шанси кои не ги користеа. Кон средината на првото полувреме, нашиот напаѓач излезе очи во очи пред противничкиот голман и грубо, со боречки зафат од зад грб, беше соборен од противнички играч. Главниот судија, спротивно на фудбалските правила, не го санкционира прекршокот со директен црвен картон. Без оваа судиска грешка извесно е дека натпреварот ќе имаше поинаков тек. Пред крајот на првиот дел, стружани успеаа да постигнат погодок и на полувреме се отиде со резултат од 0:1.

Нашите повторно започнаа поангажирано на стартот од вториот дел од натпреварот и со два погодоци во противничката мрежа, успеаа да го свртат натпреварот во сопствена корист. Сепак, несватливиот пад на концетрација на нашите играчи од одбраната, го искористија стружани и со три погодоци во само пет минути дојдоа до водство од 2:4. До крајот на натпреварот, успеавме уште еднаш да ја затресеме мрежата на противникот за минимален пораз и конечни 3:4.

Честитки за сите фудбалери што оваа полусезона ги бранеа боите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ. Следното коло од лигата ќе се игра во втората полусезона што ќе започне во пролетниот дел.

Уживајте во дел од моментите на натпреварот „уловени“ со објективот на Михаил Постолоски,

ФК ОХРИД ТОП ТИМ 
​Охрид
3 : 4
​(0 : 1)
ФК КАРАОРМАН
​Струга
1 Целески Николче
2 Ѓоргиевски Филип
3 Иваноски Алек
4 Дуница Емре
6 Крстески Стефан
7 Гиновски Климент
9 Мирчевски Андреј (1 гол)
10 Алијашар Екрем
11 Дани Енис (2 гола)
16 Јахја Мухаммед
17 Мустафа Емре
5 Јаневски Валентин
14 Вељаноски Филип
15 Речкоски Теодор 
Терен: СРЦ Билјанини извори Охрид - вештачка трева

Судии:
Левески Валентин (Охрид)
Дејкоски Горан (Охрид)
Балески Горан (Охрид)

Делегат:
​Спироски Миле (Охрид)


​

​1  Перески Голабин
2  Калчиноски Енсар
5  Даути Леотрим
6  Зиба Ренис
7  Бајрамоски Фермин
8  Реџепи Рудин
10  Дани Фикри
14  Даскалоски Бобан
15  Цацаноски Стефан
19  Велоски Јордан



​
Comments

ФФМ Детска лига: Ново ефикасно коло за охридските „Бели“

25/10/2016

Comments

 
Picture
Викендов се одиграа натпреварите од шестото коло од ФФМ Детската фудбалска лига - Југозападен регион. Повторно следевме атрактивни и ефикасни натпревари во сите генерации. 

​Ова коло, најубедливи беа генерација 2004 која со високи 19:0 ја совлада екипата на Лабуништа. Висока победа против кичевска Ускана од 8:0 извојува и генерација 2009, а убедливи беа и генерација 2007 кои со 3:1 беа подобри од охридски Еврофудбал 2 Вардар. Во еден добар и цврст натпревар со истиот противник во генерација 2005, по неколку неискористени шанси загубивме со 0:2, додека слаб натпревар, под своите можности одигра генерација 2006 која заслужено беше поразена со 1:7 во езерското дерби од струшки Караорман.

Comments

ФФМ Детска лига: Охридските „Бели“ со сигурни и убедливи победи на натпреварите во Кичево 

16/10/2016

Comments

 
Picture
Фудбалерите на ОХРИД ТОП ТИМ повторно ги полнеа противничките мрежи и во натпреварите од петтото коло од ФФМ Детската лига што се играше во Кичево. Иако се доцнеше речиси по еден час за почеток на натпреварите, сепак тоа не ги спречи нашите момци да останат концентрирани и да остварат три убедливи победи со доста погодоци против Париз, Велешта и Евро фудбал 2 - Вардар.

Генерација 2004 со четири погодоци во противничката мрежа го совлада кичевски Париз. Рутинирана победа против Велешта имаше генерација 2006 која шест пати стрелаше во мрежата на противникот. Ова коло, повторно најефикасна беше генерација 2008 која постигна 8 убави гола во сигурната победа против охридски Еврофудбал 2 Вардар.

Генерација 2005 одигра одлично второ полувреме против кичевски Париз во кое постигнаа два погодоци, но на крај тоа не беше доволно за победа.

Comments

„Белите“ моќни во натпреварите од четвртото коло на ФФМ Детската фудбалска лига

9/10/2016

Comments

 
Picture
Фудбалерите на ОХРИД ТОП ТИМ беа исклучително расположени за постигнување на голови во четвртото коло од ФФМ Детската фудбалска лига. Нашите момци постигнаа повеќе од 40 погодоци во само пет натпревари.

Генерација 2006 постигна 11 гола и без ниту еден примен убедливо ја совлада А екипата на ФК Велешта. Доминатна игра против Ускана од Кичево имаше и генерација 2005 која постигна 12 а прими само два гола. Најефикасни беа генерација 2008 која против истиот противник постигна 15 погодоци без да прими ниту еден гол. Противничките мрежи ги стрелаа и генерација 2007 која одигра одлично второ полувреме и не искористи многу гол прилики против кичевски Париз. Двата погодоци не беа доволни за позитивен резултат во оваа генерација која прими четири гола од прекин. Два пати противничката мрежа ја тресеше и генерација 2009 која на крајот испушти сигурна победа и одигра нерешено со охридски Оск фер плеј.

Честитки за сите наши фудбалери за одличната и ефикасна игра. Беше вистинско задоволство да се следи нивната игра ова коло.

Comments

Три победи за ОХРИД ТОП ТИМ во третото коло од ФФМ Детската фудбалска лига

5/10/2016

Comments

 
Нов забележителен настап на нашите фудбалери во третото коло од ФФМ Детската фудбалска лига. Нови победи забележаа ген. 2005, 2006 и 2009. Генерација 2004 минимално беше поразена во дерби натпреварот со минатогодишниот шампион ФК Велешта во натпревар во кој ние доминиравме и постигнавме три погодоци но гостите ги користеа своите шанси за гол повеќе. Генерација 2005 го доби натпреварот со ФК Караорман со 0:3, а од истиот противник беше поразена генерација 2007. Одличен меч одигра генерација 2006 која убедливо ги надигра кичевски Париз со високи 8:0. Генерација 2008 одигра ефикасно со Ла масиа но не успеа да го добие натпреварот, а генерација 2009 убедливо, со повеќе голови разлика ја совлада кичевска Ускана.
Comments

    НОВОСТИ

    УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК - Контакт тел. 076-599-995 (тренер: Наум Јанкуловски)

    Picture

    ФК ОХРИД  
    Топ Тим

    Бидете дел од најфудбалското семејство во Охрид


    Пријатели на клубот

    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture


    Tweets by @fkohrid

    RSS Feed


    RSS Feed Widget


    Архива

    June 2020
    February 2020
    October 2019
    September 2019
    June 2019
    May 2019
    March 2019
    February 2019
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015
    December 2014
    November 2014
    October 2014
    September 2014
    August 2014
    July 2014
    June 2014

Powered by Create your own unique website with customizable templates.