Една од поубавите работи што ни се случија оваа година е продолжувањето на соработката со барот КУБА ЛИБРЕ од Охрид. Синоним за квалитет и задоволство, но што е уште поважно за нас, синоним за љубов кон младите, спортот и градот. Тие уште еднаш подарија повеќе гарнитури дресови со кои облековме четири генерации од нашиот фудбалски клуб. Нивното лого ќе ги краси белите дресови на нашите фудбалери како наша благодарност за нивната несебична поддршка веќе втора година по ред. Се надеваме дека и повторно ќе ја оправдаме нивната доверба и ќе ја имаме нивната поддршка во создавањето подобра иднина за нашите млади фудбалери. А нам ни останува топло да Ви го препорачаме барот и ресторанот Куба Либре како место што може да Ви понуди убави моменти за уживање и задоволство. Испробано ...
Повеќе пријателски натпревари во различни возрасни категории се играа денеска во Охрид и во Струга помеѓу екипите на ОХРИД ТОП ТИМ и Фљамуртари. Генерација 2006 и 2005 играа во Охрид во салата Билјанини извори. Одлични и динамични натпревари во максимално коректна и спортска атмосфера. Беше вистинско задоволство да се следат младите фудбалери од двете екипи кои играа добар и ефикасен фудбал. Еднакво атрактивни беа и натпреварите што генерација 2002/03 и 2004 во спортската сала во Струга. Добрата игра ја крунисавме и со одлични резултати на сите натпревари, но најважно беше што двете екипи со својот пристап, игра и однесување направија вистински да уживаме во овој двомеч.
Најмладите фудбалери на ФК ОХРИД ТОП ТИМ го искористија неработниот празничен ден за гостување во Битола кај нашите пријатели, екипата на ЛГ Битола. Одигравме неколку пријателски натпревари во најмалите генерации 2007, 2008 и 2009 против мошне добар противник и добивме драгоцено спортско искуство. Убаво се дружевме со другарите од Битола, а веднаш по натреварите имавме и заеднички ручек со нашите фудбалери.
Благодариме на сите фудбалеричиња што беа дел од ова убаво патување и им честитаме за одличните натпревари што ги играа, нивното залагање и желбата за надигрување. Погледнете дел од денешната атмосфера. Екипата на Работнички од Скопје денес беше домаќин на охридските „Бели“. На тренинг комплексот на градскиот стадион во Скопје, двете екипи одиграа неколку пријателски натпревари во генерација 2004, 2005 и 2006. Иако настапивме во комбиниран состав, ова беше одлична можност за нашите фудбалери да играат силни натпревари со мошне квалитетен противник. Присутните гледачи имаа можност да уживаат во добар фудбал со многу шанси и атрактивни погодоци. Сепак, на крај скопјани се покажаа како поефикасна екипа, а нам ни останува да жалиме за многуте пропуштени шанси.
Остатокот од патувањето во Скопје го искористивме за заедничкиот ручек со нашите фудбалери на тренинг центарот на Работнички и мала прошетка по Сити Мол. Благодарност до ФК Работнички за нивното гостпримство и пријателски однос со нашата екипа. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|