ОХРИД ТОП ТИМ го освои Меморијалниот младински фудбалски турнир „Благој Котларовски – Баги’ во Ресен30/9/2017
На покана на Општина Ресен и ФК Тоталфудбал од Ресен, ФК ОХРИД ТОП ТИМ трета година со ред го претставува градот Охрид на Меморијалниот младински фудбалски турнир „Благој Котларовски – Баги’ во Ресен. Овој добар турнир е дел од познатата манифестација „Преспански јаболкобер“ што традиционално секоја година го организира градоначалникот на Општина Ресен. „Белите“ во полуфиналето вкрстија со битолски ФК Рис. Нашите фудбалери доминираа во текот на целиот натпревар и уште во првото полувреме со 4 погодоци во мрежата на противникот го решија победникот. Вториот дел продолжи со рутинска игра со која само го зголемивме нашето водство и натпреварот заврши со конечни 7:1, што значеше пласман во финалето. Второто полуфинале го доби домаќинот Тоталфудбал од Ресен кои беа подобри од битолски Топ гол. Финалето го започнавме сигурно со напади кон противничкиот гол, но домаќинот прв го отвори мечот откако го искористи нашето невнимание и успешно реализира еден контра напад. Сепак, тоа дополнително ги мотивираше нашите да нападнат кон противничкиот гол, па на полувремето успеавме да искористиме две од повеќето создадени шанси и да го свртиме резултатот во наша корист. Второто полувреме го започнавме со добар интензитет и продолживме со притисок на противничката половина што резултираше со уште еден убав погодок и водство од 3:1. Некаде на половината од вториот дел, нашите фудбалери останаа со двајца играчи кои судијата престрого одлучи да ги исклучи покажувајќи им црвени картони за недозволени стартови. Но и во таква ситуација нашите играа одлично и успешно го приведоа натпреварот до крај без да го доведат во прашање конечниот резултат и победникот на овој меч. На крај, можеме да заклучиме дека нашата екипа сосема заслужено го освоија првото место на овој добар турнир. Заслужени честитки за сите наши фудбалери што ги бранеа боите на нашиот клуб и нашиот град. Благодарност до Општина Ресен за поканата и градоначалникот на Општина Ресен што ги почести сите екипи и фудбалери со своето присуство, доделувајќи ги и пехарите и дипломите. Благодарност до екипата на Тоталфудбал од Ресен за одличната организација, добрите услови за игра и што како добри домаќини се погрижија сите екипи да имаат заеднички ручек и да се дружат во еден од рестораните во Ресен. Викендов се играше третото коло од ФФМ Младинската лига. „Белите“ имаа ново гостување и тоа кај екипата на Академија Пандев од Македонски Брод. Лесен натпревар за охриѓани изразен со поголем број на погодоци. Академците беа далеку послаб противник и очекувано го загубија натпреварот со високи 0:11. Мечот се играше на исклучително лош и воопшто не обележан терен што не ги исполнува ниту основните критериуми за фудбалски натпревар и кој овие млади фудбалери не го заслужуваат. Се разбира, ризикот од повреди беше поизразен со оглед на условите за игра, па нашите фудбалери мораа да играат и повнимателно и не беа во можност во целост да уживаат во фудбалската игра и да ги покажат своите фудбалски квалитети. Погледнете моменти од натпреварот во Брод во приложената галерија со слики.
Уште една позната, реномирана и општествено одговорна компанија од нашиот регион стана дел од нашето фудбалско семејство. Сопствениците и менаџери на ИНТЕР ЕУРОПА транспорт и трговија од с. Оровник, г-н Цветков Никола, г-н Нелоски Васко и г-н Нелоски Аце, ги посетија нашите млади фудбалери на денешниот тренинг и пријатно ги изненадија подарувајќи им спортска опрема – маички за тренинг на секое детенце од генерација 2006, 2007, 2008, 2009 и 2010. Оваа нивна поддршка на спортот и младите само ги промовира вистинските вредности кои треба да им ги пренесеме на нашите млади фудбалери и на кои ние како клуб постојано инсистираме. Среќни сме и горди што големите и успешни луѓе во своите области ја препознаваат и поддржуваат нашата работа,грижа и посветеност кон секое наше фудбалерче. Во името на секој член на нашиот клуб, должиме голема БЛАГОДАРНОСТ кон ИНТЕР ЕУРОПА и ветуваме дека ќе ја оправдаме нивната доверба кон нас. Денес завршија натпреварите на VI меѓународен фудбалски турнир ЛГ куп 2017 што го организира фудбалската школа ЛГ Спорт од Битола. ФК ОХРИД ТОП ТИМ и оваа година го збогати турнирот со своето учество во две возрасни категории. Нашите фудбалери од генерација 2006 и генерација 2008 одиграа повеќе добри натпревари со своите врсници од неколку фудбалски школи и клубови од Македонија, Србија и Боснаи Херцеговина. Очекувано, гледавме атрактивни и неизвесни натпревари со многу шанси и постигнати погодоци, а беа постигнати следните резултати: (2006) ОХРИД ТОП ТИМ - Талент 0 : 1 (2006) ОХРИД ТОП ТИМ - Степојевац 1: 1 (2006) ОХРИД ТОП ТИМ -ЛГ Спорт 3 : 3 (2008) ОХРИД ТОП ТИМ - Брегалница 3 : 3 (2008) ОХРИД ТОП ТИМ - Талент 2 : 6 (2008) ОХРИД ТОП ТИМ - Руданка 2 : 4 Голема благодарност за сите наши фудбалери што ги бранеа боите на Охрид на овој турнир. Горди сме на нивната посветеност, знаење, залагање и однесување. Момци бевте одлични. Уживајте во галеријата со слики и погодокот на нашите фудбалери од натпреварот со штипска Брегалница. Традиционално, ФК ОХРИД ТОП ТИМ по четврти пат ќе биде дел од VI меѓународен фудбалски турнир ЛГ Куп 2017 што на 09 и 10 септември ќе се игра во Битола. „Белите“ ќе се надигурваат во две возрасни категории со своите врсници од повеќе школи и клубови од Балканот. Погледнете ги групите и распоредот на натпревари на нашите екипи. Ве очекуваме да бидете дел од овој спортски настан и заедно да ги бодриме нашите млади фудбалери. Генерација 2006
09.09.17 (сабота), 09.40 ч., терен Новаци, ОХРИД ТОП ТИМ - Талент 09.09.17 (сабота), 15.10 ч., терен Новаци, ОХРИД ТОП ТИМ - Степојевац 10.09.17 (недела), 10.20 ч., терен Новаци, ОХРИД ТОП ТИМ -ЛГ Спорт Генерација 2008
09.09.17 (сабота), 10.20 ч., терен Битола, ОХРИД ТОП ТИМ - Брегалница
09.09.17 (сабота), 17.00 ч., терен Битола, ОХРИД ТОП ТИМ - Талент 10.09.17 (недела), 09.40 ч., терен Битола, ОХРИД ТОП ТИМ - Руданка |
НОВОСТИФК ОХРИД
|