На теренот од ФК Фљамуртари во Радолишта се одиграа натпреварите од петтото коло на ФФМ Детската фудбалска лига. Сигурни победи забележаа ген. 2002 и 2006 против струшки АС Јунајтед и тоа со резултат 2:0 и 3:1. Одличен натпревар во ген. 2005 одигра и ген. 2006 кои успеаа да постигнат дури шест голови против ген. 2005 од ФК Академија Пандев 10 Охрид. Лош натпревар одигра ген. 2004 која беше поразена со 1:7 од Оск. Ген. 2005 загуби од струшки Караорман со 0:5, ген. 2007 иако имаше водство и одлична игра, сепак недоволно се снајде на лошиот терен во Радолишта и минимално беше поразена со 1:2 Честитки за сите наши фудбалери за прикажаната игра. Викендов завршија натпреварите од четвртото коло на ФФМ Детската фудбалска лига. Генерација 2002 книжи нови три бода на своето конто по победата од 3:0 над Лабуништа. Идентичен резултат е забележан и во генерација 2004 против Евро фудбал 2 Вардар од Охрид. Добар премиерен натпревар против истиот противник одигра и ген. 2008 која успеа да го добие со 2:0. Ова коло единствено не успеавме да забележиме позитивен резултат против Оск кој го доби натпреварот во 2005, регистриран со резултат 0:7, а со 0:2 и 0:3 завршија натпреварите во ген. 2007 и 2006. Одличен натпревар одигра и ген. 2006 која се натпреварува како Б екипа во ген. 2005 против повозрасната екипа на Евро фудбал 2 Вардар. Погледнете ја галеријата од четвртото коло Нема ништо повредно од насмевката на едно дете. Денес се чувствувавме најбогати затоа што фудбалерите од ФК ОХРИД ТОП ТИМ беа причина за многу детски насмевки, со тоа што беа дел од хуманитарната спортско рекреативна акција „За посреќно детство“ што ја органираат Црвен крст од Охрид и Општина Охрид. Нивното учество на оваа манифестација овозможи нашиот клуб да донира скромни но вредни финансиски средства на организаторот кои ќе бидат наменети за помош на социјално најзагрозените семејства во Охрид и Дебрца. Имаше многу дружење и натпревари во повеќе спортски дисциплини. Трчавме, игравме фудбал, кошарка, ракомет, возевме точак ... Поминавме неколку заеднички убави часови со волонтерите на Црвениот крст и останатите учесници. Горди сме што уште еднаш како клуб бевме промотори на хуманоста, солидарноста, спортскиот дух и придонесовме кон подигнување на свеста кај нашите сограѓани за несебично давање на потребната помош на сите оние кои се соочуваат со социјални или здравствени потешкотии. Да спортуваме .. да бидеме хумани и солидарни .. да помагаме! Клубот на пријатели на ФК ОХРИД ТОП ТИМ побогат за уште еден реномиран бренд – CUBA LIBRE Охрид. Нашите пријатели од плажата, ресторанот и барот Куба Либре од Охрид несебично прифатија да подарат 15 гарнитури дресови за „Белите“ (ген. 2004) со кои ќе се натпреваруваме во ФФМ Детската фудбалска лига оваа сезона. Момците веќе го одиграа првиот натпревар во новите дресови кои се покажаа како „талични“ за нас затоа што остваривме сигурна и убедлива победа со истите. Повеќе од 15 години Cuba Libre е препознатлив бренд кој е синоним за загарантирано задоволство и квалитет. Покрај тоа, нивната подготвеност да помогнат на младите спортисти од Охрид покажуваа дека чувствуваат општествена одговорност која уште повеќе го облагородува нивното име. Токму затоа, ние како клуб сме горди што овој бренд ќе ги краси нашите дресови со што добиваме уште едно признание за нашата посветена работа во развојот на спортот и младите во нашиот град. Останува да се ЗАБЛАГОДАРИМЕ НА КУБА ЛИБРЕ Охрид во името на нашите фудбалери и се надеваме дека во иднина заеднички ќе даваме уште поголем придонес кон подобрување на општите состојби во нашиот град. Чисти победи за ген. 2004, 2005, 2006 и 2007 во мошне ефикасни натпревари во третото коло од ФФМ Детската фудбалска лига. Одличниот спортски викенд го најавија двете наши екипи кои се натпреваруваат во ген. 2005. Во мошне атрактивен натпревар кој изобилуваше со прекрасни голови, Б екипата од оваа генерација го совлада А тимот со 11:4. Овој ефикасен дуел помеѓу двата наши тима беше увертира во натпреварот што го играше ген. 2004 на ФК ОХРИД ТОП ТИМ против ФК Академија ИГМ 2015 од Враништа. Нашите во мошне сигурна игра го совладаа противникот со високи 14:0. Потоа следеа двете убави победи на У-09 и У-08 екипите на „Белите“ без примен гол. Прво ген. 2007 прокнижи уште една победа на своето конто, совладувајќи ја екипата на Евро фудбал 2 Вардар од Охрид, додека ген. 2006 лесно и убедливо го доби натпреварот со Академија Пандев 10 со резултат 3:0. Единствено ген. 2002 не успеа да го добие натпреварот против охридски Оск. Иако имавме водство и добра игра, сепак поради неискористените прилики за гол и двете грешки во одбраната кои ги искористија „Жолтите“ во вториот дел од натпреварот, на крајот загубивме 3 бода. Честитки за сите наши фудбалери за убавиот и ефикасен фудбал што го играат. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|