Клубот на пријатели на ФК ОХРИД ТОП ТИМ побогат за уште еден реномиран бренд – CUBA LIBRE Охрид. Нашите пријатели од плажата, ресторанот и барот Куба Либре од Охрид несебично прифатија да подарат 15 гарнитури дресови за „Белите“ (ген. 2004) со кои ќе се натпреваруваме во ФФМ Детската фудбалска лига оваа сезона. Момците веќе го одиграа првиот натпревар во новите дресови кои се покажаа како „талични“ за нас затоа што остваривме сигурна и убедлива победа со истите. Повеќе од 15 години Cuba Libre е препознатлив бренд кој е синоним за загарантирано задоволство и квалитет. Покрај тоа, нивната подготвеност да помогнат на младите спортисти од Охрид покажуваа дека чувствуваат општествена одговорност која уште повеќе го облагородува нивното име. Токму затоа, ние како клуб сме горди што овој бренд ќе ги краси нашите дресови со што добиваме уште едно признание за нашата посветена работа во развојот на спортот и младите во нашиот град. Останува да се ЗАБЛАГОДАРИМЕ НА КУБА ЛИБРЕ Охрид во името на нашите фудбалери и се надеваме дека во иднина заеднички ќе даваме уште поголем придонес кон подобрување на општите состојби во нашиот град. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|