Минимален пораз од 2:3 за охридските „Бели“ (У-13) во езерското дерби против струшки Караорман. Крајно неизвесен и возбудлив натпревар одиграа во моментов веројатно двете најдобри екипи во регионот од генерација 2002. Двата погодоци на Х. Китрозоски и Е. Алијашар беа недоволни за поволен резултат против стружани. Нерешениот резултат можеби ќе беше најреален ако се има во вид дека нашите на два пати ја погодија и пречката на противничкиот гол, но среќата повторно беше на страната на „Црвените“. Честитки на сите фудбалери што беа дел од оваа генерација во текот на целата натпреварувачка сезона и за одличниот резултат што го постигнаа. Со нивната игра, пристап и пожртвуваност, не се сомневаме дека ќе имаат уште поголеми успеси. За ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа: Христијан Китрозоски (1 гол), Климент Гиновски , Емре Дуница, Емре Мустафа, Филип Митрески, Екрем Алијашар (1 гол), Николче Целески, Димитар Петров, Стивен Митрески, Алек Иваноски, Андреј Мирчевски, Мухамед Јахја Шкор, Томи Николоски, Петар Љушкоски, Никола Кречов и Климент Филев.
У-9 екипата на ФК ОХРИД ТОП ТИМ не успеа да се пласира во финалето на регионалниот завршен турнир на ФФМ Детската фудбалска лига, откако несреќно го загуби полуфиналниот натпревар против струшки Караорман со минимални 1:2
За ФК ОХРИД играа: Бешир Онур, Крлески Петар, Кузманоски Давид, Блажески Валентин, Сеидоски Мухамед, Шопоски Лео, Лолески Михаил, Чекреџи Борис, Мајкиќ Мартин и Наумоски Максим (1 гол).
Наредниве денови ќе се игра регионалниот завршен турнир од ФФМ Детската фудбалска лига на кој ќе се добијат регионалните шампиони. ФК ОХРИД ТОП ТИМ обезбеди учество на регионалниот „фајнл фор“ турнир со две генерации: У-13 (2002) и У-9 (2006). Полуфиналните натпревари во двете генерации „Белите“ ќе ги играат против струшки Караорман. Регионалните шампиони ќе играат на националниот завршен турнир на кој ќе се добие шампионот на Македонија. Натпреварите ќе се играат по следниот распоред:
Натпреварите се играат на СРЦ Билјанини извори во Охрид, на теренот со вештачка трева. Повелете заедно да им дадеме поддршка на нашите фудбалеричина и да уживаме во нивните фудбалски мајстории.
Заврши лигашкиот дел од ФФМ Детска фудбалска лига 2014/15. За многумина можеби неочекувано, нашиот клуб кој постои само неколку месеци успеа да обезбеди учество на „фајнл фор“ турнирите од ФФМ Детската лига во две возрасни категории У-13 (2002) и У-9 (2006). Меѓутоа, оние што не следат и познаваат, знаат дека тоа не е изненадување и дека е плод на успешна и посветена работа. Момците од генерација 2004 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ во голем стил го завршија натпреварувањето во лигата освојувајќи шест бода во последните две кола против охридски ФК Оск Ф. Плеј, а генерација 2005 освои три бода во заостанатиот меч со струшки ФК Ас Јунајтед. Беа постигнати следните резултати: (2004) ФК ОХРИД ТОП ТИМ- ФК Оск фер плеј Б 7:0 (Стрелци: Кречов Н.-3, Филев К.-2, Ариф Ј.-1, Трпоски А.-1) (2004) ФК ОХРИД ТОП ТИМ- ФК Оск фер плеј В 3:0 (2005) ФК ОХРИД ТОП ТИМ- ФК Ас Јунајтед 3:0 Иако генерација 2004 освои дури 18 бода во пролетниот дел од натпреварувањето, сепак слабите резултати во есенскиот дел оневозможија оваа екипа да се натпреварува на „фајнл фор“ турнирот од лигата. Недостигаше само еден бод овие момци да се најдат на местото кое реално го заслужуваат и да останат во игра за регионални шампиони. Но, иднината е пред овие млади фудбалери кои ќе имаат уште многу прилики за докажување. Одлично натпреварување имаше и генерација 2005 која по бројот на освоените бодови е на делба на четвртото место, но поради послабата гол разлика и тие нема да играат на регионалниот завршен турнир. Останува да им посакаме среќа на „Белите“ од ген. 2002 и 2006 кои ќе се борат за титулата регионални шампиони која пак ќе им овозможи учество на националниот завршен турнир. Деветти мај се слави како ден на Европа и ден на победата над фашизмот. Овој датум со убава симболика беше повод екипите на Охрид и Караорман да одиграат два пријателски натпревари со ген. 2002/03. Во духот на овој ден, двете екипи играа играа максимално коректни натпревари во кои резултатот беше во втор план, а најважно беше дружењето и спортувањето. Беше вистинско уживање да се следат фудбалските мајстории на младите фудбалски виртуози. Повторно покажавме дека спортот е една од најубавите работи што може да му се случи на секое детенце и дека преку него се создаваат вистински вредности што поттикнуваат взаемно почитување Им благодариме на нашите пријатели од Струга што ја прифатија поканата и беа дел од овој убав спортски настан. Погледнете ја галеријата од денешниот ден: Викендов се одиграа натпреварите од седмото коло од ФФМ Детската фудбалска лига. Нови три бода за Генерација 2004 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ која со службени 3:0 го доби натпреварот со ФК АС Јунајтед од Струга. Добар натпревар изиграа нашите од Генерација 2005 кои испуштија водсто и победа со ФК Евро фудбал 2 – Вардар од Охрид, во последните моменти од мечот. Натпреварот кој изобилуваше со многу пресврти на крај заврши со конечни 3:3, со погодоците на Петар Пацески и Мухамед Сеидоски (2). Овој бод широко ја отвора вратата за пласман на „Белите“ на регионалниот завршен турнир. Генерација 2003/04 која ова коло играше натпревар во Дебар, беше убедливо поразена од Ген. 2003 на охридските „Црвено црни“. Ревијален натпревар во рамките на ова коло од ФФМ Детската лига играше и Генерација 2007 со екипата на ФК Оск фер плеј од Охрид. Вреди да се спомене одличниот погодок од слободен удар што за „Белите“ го постигна Мартин Мајкиќ. До крајот на лигата, охридските „Бели“ имаат уште еден заостанат натпревар со струшки АС Јунајтед (2005) и два со охридски Оск фер плеј Б и В (2004). За ФК ОХРИД играа: Генерација 2003/4: Кадир Ибрахим, Иво Спироски, Мартин Митрески, Мухамед Јахја Шкор, Климент Филев, Јусуф Ариф, Хадис Рифат, Никола Кречов, Емре Мустафа и Петар Љушкоски. Генерација 2005: Онур Бешир, Петар Пацески (1 гол), Халил Ибрахим, Амар Садикоски, Хусеин Јусуф, Петар Крлески, Михаил Лолески, Валентин Блажески и Мухамед Сеидоски (2 гола). Генерација 2007: Онур Бешир, Лео Шопоски, Мартин Мајкиќ, Џан Јахја Шкор, Максим Наумоски, Јован Трпеноски, Лука Илијоски, Борис Чекреџи и Петар Сарафилоски. Галерија, Охрид 02.05.15 и Дебар 03.05.15 |
НОВОСТИФК ОХРИД
|