![]() Оваа недела, во Охрид, се одигра третото коло (пролет) од ФФМ Детската фудбалска лига – Југозападен регион. Заморот од патувањето во Скопје и отсуството на дел од нашите фудбалерчиња неповолно се одрази на резултатите од натпреварите што ги играа нашите екипи. (2006) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Караорман Струга 2:4 (2003) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Караорман Струга 1:3 (2002) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Караорман Струга 1:6 (2004) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Академија Пандев 10 0:3 Натпреварот во генерација 2005 со екипата на АС Јунајтед од Струга не се одигра, па терминот беше искористен за одигрување на меѓугенерациски натпревар 2005 против 2006 од екипите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ. Исто така, комбинирани екипи од генерација 2006/07 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ и ФК Фљамуртари Радолишта изиграа возбудлив натпревар со многу голови кој заврши без победник со резултат 6:6. За ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа: Генерација 2002: Николче Целески, Стивен Митрески, Христијан Китрозоски (1 гол), Климент Гиновски, Емре Дуница, Емре Мустафа, Филип Митрески, Екрем Алијашар, Алек Иваноски, Петар Љушкоски, Томи Николоски, Мухамед Јахја Шкор и Димитар Петров. Генерација 2003: Петар Љушкоски, Емре Мустафа, Томи Николоски, Александар Трпоски, Наум Јаковлев, Мухамед Јахја Шкор (1 гол), Климент Филев и Никола Кречов. Генерација 2004: Иво Спироски, Александар Трпоски, Наум Јаковлев, Мухамед Јахја Шкор, Климент Филев, Јусуф Ариф, Никола Кречов и Марко Крлевски. Генерација 2006: Онур Бешир, Борис Чекреџи, Валентин Блажески (2 гола), Мухамед Сеидоски, Петар Крлески и Мартин Мајкиќ. Генерација 2006/07: Онур Бешир, Мартин Мајкиќ (1 гол), Џан Јахја Шкор, Борис Чекреџи (2 гола), Валентин Блажески (1 гол) и Мухамед Сеидоски (2 гола). ![]() Квалификацискиот меч за ЕУРО 2016 на Македонската фудбалска репрезентација беше одличен повод ФК ОХРИД ТОП ТИМ да организира целодневно патување во Скопје. Околу 40-тина наши фудбалерчиња со неколку од нивните родители тргнаа за Скопје да и дадат поддршка на националната селекција. Иако во текот на целото патување не’ следеше „англиско време“ и дождот не престана да врне, тоа ни малу не влијаеше на расположението кај момците. Веднаш по влегувањето во автобус започнаа со „Чифте, чифте пајтонлари“ за да продолжат со „Навивачка“ на Denytechuva и „Излези момче ...“ . Така расположени стигнавме во Скопје каде веќе имавме закажано неколку пријателски натпревари со нашите другари од ФШ Њу Старс Скопје. Генерација 2002 извојува победа од 1:0 со голот на Христијан Китрозоски. Двата гола на Мухамед Јахја Шкор и еден на Емре Мустафа во Генерација 2003/04 беа недоволни за победа со нивните врсници од Скопје па натпреварот го загубивме со 3:6. Најборбено изиграа најмалите (ген. 2006) кои играа со ген. 2005 од Њу старс во натпревар кој заврши нерешено 3:3. Најрасположен за голови кај „Белите“ беше Мухамед Сеидоски кој ги постигна сите три погодоци. Сите натпревари се изиграа во максимално коректна и пријателска атмосфера. Огромна благодарност до ФК Њу Старс од Скопје кои беа одлични домаќини и се потрудија се да помине во најдобар ред. По завршување на натпреварите, сите продолживме на заслужен ручек во Градски парк, а пред почетокот на натпреварот имавме време да го посетиме и Скопје сити мол. Еден час пред почетокот на натпреварот, нашиот „навивачки караван“ се упати на Национланата арена Филип II Македониски каде во одлично навивачко расположение го проследивме натпреварот МАКЕДОНИЈА – Белорусија. Постигнатиот погодок на „Рисовите“ за водство на нашите уште повеќе го зголеми расположението. Сепак тоа не беше доволно за победа и крајниот резултат беше 1:2 во корист на гостите. По завршување на натпреварот, со аплауз ги испративме сите фудбалери и задоволни и по малку уморни тргнавме назад за Охрид. Се’ на се’, преубав ден и одлично дружење со нашите дечки кое сигурно ќе го повториме во некоја следна ваква прилика. Погледнете ја галеријата од ова убаво патување. ![]() Фудбалската репрезентација на МАКЕДОНИЈА ќе одигра квалификациски натпревар за ЕУРО 2016 против селекцијата на Белорусија на Националната арена „Филип II Македониски“ во Скопје на 27.03.2015 (петок) во 20.45 часот. ФК ОХРИД ТОП ТИМ, преку Фудбалската федерација на Македонија обезбеди карти за сите наши фудбалери кои во организација на клубот ќе може во живо да го следат натпреварот. ![]() Патувањето во Скопје ќе биде искористено да се одиграат неколку пријателски натпревари во повеќе возрасни категории со нашите пријатели - ФК Њу Старс од Скопје. ВЕРУВАМЕ ВО ПОБЕДА НА МАКЕДОНИЈА! ![]() ФК ОХРИД ТОП ТИМ ги одигра натпреварите од второто пролетно коло на ФФМ Детската фудбалска лига. Одличните временски услови само го надополнија денешниот убав ден во Струга каде момците одлично се дружеа и играа убав и ефикасен фудбал. Важно е да се обележи дека со денешната победа Генерација 2006 веќе го обезбеди пласманот на едно од првите три места во лигата со што ќе биде сигурен учесник на финалниот регионален турнир во кој ќе се добие шампионот на регионалната фудбалска лига. Следат резултатите од денешните натпревари: (2006) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Академија Пандев 10 6:1 (2002) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Оск Фер Плеј 1:0 (2005) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Академија Пандев 10 1:1 (2003) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Оск Фер Плеј 2:4 (2004) ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Оск Фер Плеј 0:6 За ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа: Генерација 2002: Христијан Китрозоски (1 гол), Климент Гиновски, Емре Дуница, Емре Мустафа, Филип Митрески, Екрем Алијашар, Петар Љушкоски, Томи Николоски, Николче Целески, Мухамед Јахја Шкор и Димитар Петров. Генерација 2003: Петар Љушкоски, Емре Мустафа (1 гол), Томи Николоски, Кадир Ибрахим, Александар Трпоски, Наум Јаковлев, Мухамед Јахја Шкор (1 гол), Климент Филев и Никола Кречов. Генерација 2004: Кадир Ибрахим, Иво Спироски, Александар Трпоски, Филип Филипоски, Наум Јаковлев, Мухамед Јахја Шкор, Климент Филев, Јусуф Ариф, Хадис Рифат, Никола Кречов и Марко Крлевски. Генерација 2005: Петар Пацески, Халил Ибрахим, Амар Садикоски (1 гол), Михаил Лолески, Валентин Блажески, Давид Кузманоски и Мухамед Сеидоски. Генерација 2006: Онур Бешир, Борис Чекреџи, Михаил Лолески (1 гол), Валентин Блажески (1 гол), Давид Кузманоски (1 гол), Мухамед Сеидоски (1 гол), Лео Шопоски (1 гол) и Максим Наумоски (1 гол). ![]() Домаќин на второто коло (пролет) од ФФМ Детска фудбалска лига - Југозападен регион е екипата на струшки Караорман. Место: Стадион на ФК Караорман Струга Датум: 21.03.2015 (сабота) Распоред на натпревари на ФК ОХРИД ТОП ТИМ: 09.00 ч. (2006) ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Академија Пандев 10 09.00 ч. (2004) ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Оск Фер Плеј 11.30 ч. (2003) ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Оск Фер Плеј 12.10 ч. (2005) ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Академија Пандев 10 13.10 ч. (2002) ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Оск Фер Плеј ![]() Ветено – сторено. Денес, на СРЦ Билјанини извори во Охрид, претседателот на Лајонс клубот Десарети од Охрид, со уште неколку претставници од клубот, подарија спортска опрема – повеќе од 50 маички за тренинг со логото на двата клуба, за членовите на фудбалската школа на ФК ОХРИД ТОП ТИМ. Така, како многу пати до сега, ја потврдија нивната добра волја за поддршка на младите и спортот. „Лавовите“ ја искористија посетата на нашиот клуб да проследат и дел од тренингот, при што во една релаксирана атмосфера се дружеа со нашите млади фудбалерчина и им изразија огромна поддршка и дополнително ги мотивираа уште попосветено да се занимваат со спорт. Резултатите од работата на фудбалската школа на ФК ОХРИД ТОП ТИМ не се мерат исклучиво на спортските терени. Најголем успех за нас е кога секое детенце што било дел од нашата школа ќе израсне во здрава и реализирана личност која ќе има систем на вредности насочен кон поттикнување, развивање и унапредување на духот на почитување меѓу луѓето. Токму во таа форма дејствува и Лајонс клубот Десарети од Охрид. Под мотото СЛУЖИМЕ, тие со своите активности придонесуваат кон развивање на чувството на човечност, меѓучовечка добронамерност, помагање во неволја и го поттикнуваат и развиваат вклучувањето на пошироката јавност и на одделни општествени групи во реализација за хуманитарните проекти во заедницата. Нивната денешна донација не значи само поддршка за нашата фудбалска школа и за нашата работа, туку има и убава симболика кон создавање на младина која ќе ги препознава вистинските вредности и ќе гради подобра иднина. Веруваме дека ова ќе биде само почеток на идна заедничка соработка. БЛАГОДАРНОСТ ДО ЛК ДЕСАРЕТИ ВО ИМЕТО НА СИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ФК ОХРИД ТОП ТИМ! ![]() Викенендов започна пролетниот дел од ФФМ Детската фудбалска лига. Домаќин на првото коло што се играше на вештачката трева на СРЦ Билјанини извори беше екипата на ФК ОХРИД ТОП ТИМ. Се одиграа многу возбудливи и ефикасни натпревари, а екипите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ ги постигнаа следните резултати: Ген. 2004 ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Караорман Струга 11:2 Ген .2003 ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Кораб Дебар 4:4 Ген. 2006 ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Оск Фер Плеј Охрид 1:1 Ген. 2002 ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК АС Јунатед Струга 2:3 Ген. 2005 ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Оск Фер Плеј Охрид 0:3 Одличен натпревар со многу креирани шанси одиграа и ген. 2007 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ против нивните врсници од екипата на ФК Еврофудбал 2 од Охрид. За ФК ОХРИД ТОП ТИМ играа: Генерација 2002: Христијан Китрозоски (1 гол), Климент Гиновски, Емре Дуница, Емре Мустафа, Филип Митрески, Екрем Алијашар (1 гол), Петар Љушкоски, Томи Николоски, Николче Целески, Стивен Митрески, Мухамед Јахја Шкор и Климент Филев. Генерација 2003: Петар Љушкоски, Емре Мустафа (1 гол), Томи Николоски, Кадир Ибрахим, Александар Трпоски, Наум Јаковлев, Мухамед Јахја Шкор (1 гол), Климент Филев (2 гола), Никола Кречов и Филип Филипоски. Генерација 2004: Кадир Ибрахим, Иво Спироски, Александар Трпоски (1 гол), Филип Филипоски, Наум Јаковлев, Мухамед Јахја Шкор (5 гола), Климент Филев (1 гол), Јусуф Ариф (1 гол), Хадис Рифат, Никола Кречов (4 голa). Генерација 2005: Јусуф Хусеин, Петар Пацески, Стефан Палитов, Халил Ибрахим, Амар Садикоски, Борис Чекреџи, Михаил Лолески, Валентин Блажески, Давид Кузманоски, Мухамед Сеидоски и Петар Крлески. Генерација 2006: Онур Бешир, Борис Чекреџи, Михаил Лолески, Валентин Блажески (1 гол), Давид Кузманоски, Мухамед Сеидоски, Петар Крлески, Лео Шопоски, Мартин Мајкиќ и Максим Наумоски. Генерација 2007: Онур Бешир, Мартин Мајкиќ, Максим Наумоски, Лео Шопоски, Матеј Николоски, Лука Илоски и Џан Јахја Шкор ![]() Следниот викенд, на СРЦ Билјанини извори (терен со вештачка трева) во Охрид ќе се игра првото коло од пролетниот дел на Детската фудбалска лига што ја организира ФФМ. Погледнете го распоредот на натпревари што ќе ги играат екипите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ на отворањето на натпреварувањето: Сабота (14.03.2015)
10.00 ч. Ген. 2007 ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Еврофудбал 2 11.00 ч. Ген. 2006 ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Оск Фер Плеј 12.00 ч. Ген. 2002 ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК АС Јунајтед Струга Недела (15.03.2015) 09.40 ч. Ген. 2005 ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Оск Фер Плеј (Б) 09.50 ч. Ген. 2004 ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Караорман Струга 11.30 ч. Ген. 2003 ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Кораб Дебар ![]() Екипите на ФК ОХРИД Топ Тим Охрид и ФК Караорман Струга (ген. 2002) одиграа пријателски натпревар на теренот со вештачка трева на СРЦ Билјанини извори во Охрид. Двата тима изиграа вистински дерби натпревар со многу шанси на двете страни. Сепак „Белите“ подобро се снајдоа и искористија повеќе од создадените прилики, па на крајот заслужено победија. ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК КАРАОРМАН 3:1 (1:0) За ФК ОХРИД играа: Христијан Китрозоски (2 гола), Климент Гиновски, Емре Дуница, Емре Мустафа, Филип Митрески, Алек Иваноски (1 гол), Екрем Алијашар, Албнор Каба, Петар Љушкоски, Томи Николоски, Николче Целески, Стивен Митрески, Максут Зекир и Даниел Шитракоски. Погледнете ја галеријата со слики од денешниот натпревар: ![]() Фудбалерите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ и ФК Фљамуртари беа „посилни“ од студеното време и денес, на вештачката трева на СРЦ Билјанини извори, одиграа два пријателски натпревари во различни возрасни категории. Натпреварите завршија со следните резултати:
За охриѓани играа: Генерација 2002/03: Христијан Китрозоски (2 гола), Климент Гиновски, Емре Дуница (1 гол), Емре Мустафа, Филип Митрески, Алек Иваноски (1 гол), Екрем Алијашар (2 гола), Албнор Каба (1 гол), Петар Љушкоски, Томи Николоски, Николче Целески, Стивен Митрески, Максут Зекир и Даниел Шитракоски. Генерација 2004: Кадир Ибрахим, Иво Спироски, Александар Трпоски (1 гол), Наум Јаковлев, Мухамед Јахја Шкор, Климент Филев, Јусуф Ариф, Хадис Рифат, Никола Кречов, Мартин Митрески и Марко Крлески. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|