![]() Квалификацискиот меч за ЕУРО 2016 на Македонската фудбалска репрезентација беше одличен повод ФК ОХРИД ТОП ТИМ да организира целодневно патување во Скопје. Околу 40-тина наши фудбалерчиња со неколку од нивните родители тргнаа за Скопје да и дадат поддршка на националната селекција. Иако во текот на целото патување не’ следеше „англиско време“ и дождот не престана да врне, тоа ни малу не влијаеше на расположението кај момците. Веднаш по влегувањето во автобус започнаа со „Чифте, чифте пајтонлари“ за да продолжат со „Навивачка“ на Denytechuva и „Излези момче ...“ . Така расположени стигнавме во Скопје каде веќе имавме закажано неколку пријателски натпревари со нашите другари од ФШ Њу Старс Скопје. Генерација 2002 извојува победа од 1:0 со голот на Христијан Китрозоски. Двата гола на Мухамед Јахја Шкор и еден на Емре Мустафа во Генерација 2003/04 беа недоволни за победа со нивните врсници од Скопје па натпреварот го загубивме со 3:6. Најборбено изиграа најмалите (ген. 2006) кои играа со ген. 2005 од Њу старс во натпревар кој заврши нерешено 3:3. Најрасположен за голови кај „Белите“ беше Мухамед Сеидоски кој ги постигна сите три погодоци. Сите натпревари се изиграа во максимално коректна и пријателска атмосфера. Огромна благодарност до ФК Њу Старс од Скопје кои беа одлични домаќини и се потрудија се да помине во најдобар ред. По завршување на натпреварите, сите продолживме на заслужен ручек во Градски парк, а пред почетокот на натпреварот имавме време да го посетиме и Скопје сити мол. Еден час пред почетокот на натпреварот, нашиот „навивачки караван“ се упати на Национланата арена Филип II Македониски каде во одлично навивачко расположение го проследивме натпреварот МАКЕДОНИЈА – Белорусија. Постигнатиот погодок на „Рисовите“ за водство на нашите уште повеќе го зголеми расположението. Сепак тоа не беше доволно за победа и крајниот резултат беше 1:2 во корист на гостите. По завршување на натпреварот, со аплауз ги испративме сите фудбалери и задоволни и по малку уморни тргнавме назад за Охрид. Се’ на се’, преубав ден и одлично дружење со нашите дечки кое сигурно ќе го повториме во некоја следна ваква прилика. Погледнете ја галеријата од ова убаво патување. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|