ФК ОХРИД ТОП ТИМ

  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости
  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости

„Белите“ продолжуваат со добри игри и резултати во ФФМ Детската фудбалска лига

27/3/2016

Comments

 
Picture
Викендов на СРЦ Билјанини извори во Охрид се одиграа натпреварите од второто пролетно коло на ФФМ Детската фудбалска лига – Југозападен регион. Екипата на ФК ОХРИД ТОП ТИМ беше домаќин и организатор на колото кое протече во најдобар ред.

Серијата натпревари започна со мечот ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК АС Јунајтед Струга во генерација 2002. Нашите момци натпреварот го одиграа под очекувањата и квалитетот кој го имаат. Иако успеавме да постигнеме два погодоци, сепак на моменти недисциплинираната игра се одрази на конечниот резултат од 2:6 во корист на стружани.

Највозбудливиот натпревар го играа нашите од генерација 2004 во дербито со екипата на Велешта. Натпреварот започна лошо за нашите момци кои најпрво примија гол по една грешка во одбраната, а потоа гостите го дуплираа водството со помош на правилото „три корнери – пенал“. Сепак нашите не се откажуваа и успеаа да го изедначат резултатот на 2:2, за по второто водство на гостите да направат целосен пресврт и на крај и повеќе од заслужено да го добијат натпреварот со конечни 4:3.

Генерација 2005 одигра тврд натпревар против врсниците од екипата на ФК Велешта. Иако на два пати ја погодивме мрежата на противникот, сепак, грешките во нашата одбрана придонесоа за натпреварот минимално да го загубиме со конечни 2:3. Особени честитки заслужува играта на генерација 2006 која се натпреварува како Б екипа во генерација 2005 против еден од фаворитите за освојување на завршниот турнир – екипата на радолишки Фљамуртари. Во еден крајно неизвесен и одличен меч, „Белите“ пружија силен отпор и му создаваа проблеми на противникот, кој со погодок пред крајот на натпреварот се радуваше на минимална победа од 0:1.

​Генерација 2007 одигра два преубави натпревари против охридските екипи Академија Пандев 10 и Евро фудбал 2 Вардар. „Белите“ доминираа на двата меча кои на крајот убедливо ги добија со 4:0. Како предигра на овие натпревари, ревијален натпревар одигра и генерација 2008 со нивните врсници од Академија Пандев 10 Охрид.

Comments

Ефикасен почеток на пролетната полусезона од ФФМ Детската фудбалска лига за „Белите“ 

20/3/2016

Comments

 
Picture
Денес започна пролетниот дел од ФФМ Детската фудбалска лига – Југозападен регион. Фудбалерите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ одиграа неколку ефикасни натпревари во кои забележаа неколку убави победи.

Особено ефикасно одиграа момците од ген. 2004 кои во еден извонредно лесен натпревар за нив ја декласираа екипата на ФК Академија Пандев 10 Б од Охрид со 16:0. Добар натпревар со повеќе постигнати голови одигра и ген. 2008 со екипата на ФК Евро фудбал 2 Вардар каде нашите фудбалерчина остварија сигурна победа од 3:1. Малку повозрасните играа одлично „Езерско“ дерби со струшки Караорман. Иако до крајот на натпреварот нашите имаа водство од 1:0, сепак, во последните минути од натпреварот гостите со два брзо погодоци го свртеа натпреварот во нивна корист за конечни 1:2.

Пофалби за борбената и убава игра заслужуваат и момците од ген. 2005 кои иако два пати стрелаа во мрежата на ФК Кораб од Дебар, минимално беа поразени со 2:3, при што дебарчани еден од погодоците го постигнаа со некарактеристичното фудбалско правило, три корни – пенал. Добар и силен меч одигра и ген. 2006 која се натпреварува во повозрасна категорија (2005) во уште едно „Езерско“ дерби против струшки Караорман. „Белите“ доминираа на почетокот на натпреварот и остварија неколку „чисти“ шанси кои не ги искористија. На средината на полувремето, нашите не искористија и удар од белата точка, по што како по правило, следеше казна и водство на противникот. Веднаш потоа, беше досуден пенал за стружани со нефудбалското правило „три корни – пенал“ за зголемување на водството. Тоа значително вилјаеше на расположението и играта на нашите момци кои до крајот на натпреварот успеаа да постигнат погодок за конечни 1:4.

​Генерација 2006 во првото пролетно требаше да игра натпревар со нивните врсници од охридски Евро фудбал 2 Вардар кои не се појавија на закажаното место и закажаниот термин за одигрување на натпреварот. Слободниот „простор“ беше искористен за пријателски меч со ген. 2006 од струшки АС Јунајтед во кој „Белите“ четири пати стрелаа за убедлива победа од 4:0.

​Честитки за сите наши фудбалери кои ги бранеа боите на нашиот клуб, нивното залагање и нивната ефикасна игра.

Comments

У-11/У-09 Турнир: „Белите“ (У-11) го совладаа охридски Евро фудбал 2 Вардар

13/3/2016

Comments

 
Picture
Денес на СРЦ Билјанини извори, на теренот со вештачка трева, ФК ОХРИД ТОП ТИМ одигра неколку натпревари во У-11 и У-9 возрасни категории на еднодневниот турнир што го организираше ФК Оск Фер Плеј. Студеното време кое не им беше наклонето на младите фудбалери не ги поколеба да понудат одличен и возбудлив фудбал.

Нашите најмлади момци кои во комбиниран состав од ген. 2007/08 се натпреваруваа во У-9 возрасна категорија покажаа дека можат да се носат со многу силни противници. Одиграа одлични мечеви против битолски Топ гол и ФК Скендербег од Корча Албанија, а особено за истакнување е мечот со скопски Вардар на кој во листата на стрелци се запишаа Максим Наумоски и Мартин Мајкиќ.

Малку повозрасните, комбинираната екипа од ген. 2006 и 2005 играа против исклучително добрата екипа на ФК Скендербег од Корча, Албанија и против добриот тим на ЛГ од Битола. Меѓутоа, најдобриот натпревар овие момци денес го одиграа со Евро фудбал 2 Вардар од Охрид на кои им се реваншираа за поразот пред два дена и со погодокот на Давид Кузманоски ги совладаа со 1:0.

​Со тоа, ФК ОХРИД ТОП ТИМ ги заокружи подготовките за пролетната полусезона во ФФМ Детската лига во која нашите фудбалери ги очекуваат уште многу нови возбудувања.

Comments

​Пријателски натпревари: Охриѓани (2002) подобри од лидерот на ФФМ Детска лига

12/3/2016

Comments

 
Picture
Вчера и денес „Белите“ одиграа неколку квалитетни пријателски натпревари со кои се привршуваат подготовките пред почетокот на пролетната полусезона на ФФМ Детската фудбалска лига.

Петокот, комбинирана екипа на ген. 2006 (У-12) засилена со тројца играчи од 2005 на ОХРИД ТОП ТИМ одигра убав меч со ген. 2005 (У-13) на охридски Евро фудбал 2 Вардар. Резултатот (0:3) не ја отсликува реалната ситуација на терен. Нашите покажаа дека не само што можат да се надигруваат со противникот, туку во добар дел од натпреварот имаа контрола на играта и доминираа во нападот, но нашата неефикасност не ни дозволи да се радуваме на поволен резултат.

Денес, „Белите“ одиграа уште неколку пријателски натпревари во повеќе возрасни категории против силната екипа на Велешта. Најпрво, ген 2005 на ОХРИД ТОП ТИМ беше поуспешна од нивните врсници од Велешта во натпреварот кој го добивме со 5:2. Генерација 2004, иако четири пати стрелаше во мрежата на противникот, потфрли на мечот со врсниците од Велешта и беше поразена со 4:9. Пресудна беше лошата и неодговорна игра на нашите во второто полувреме кога примија дури шест гола.

Одлично издание имаа У-14 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ кои го надиграа  есенскиот шампион на ФФМ Детската лига, екипата на ФК Велешта. Првото полувреме нашите создадоа неколку добри прилики кои не успеавме да ги искористиме, што беше најава за уште подобрата игра во вториот дел. Веднаш по паузата нашите започнаа уште поофанзивно и постојаниот притисок кон противничкиот гол резултираше со два погодоци во противничката мрежа за натпреварот да заврши со сигурни 2:0 во корист на охриѓани.

​Утре не очекуваат уште неколку добри и силни натпревари во ген. 2005 и 2007.

Comments

Најава: Богат спортски викенд за „Белите“

10/3/2016

Comments

 
Picture
Почнувајќи од утре, па се до недела, нашите фудбалери ги очекува богат и возбудлив спортски викенд во кој ќе се одиграат неколку фудбалски натпревари во повеќе возрасни категории. Со тоа, „Белите“ ќе ги заокружат подготовките пред почетокот на ФФМ Детската лига.

Погледнете го распоредот на натпревари за викендов:


ПЕТОК    (15.00 ч.)
ФК ОХРИД ТОП ТИМ (2006/05) - ФК Евро фудбал 2 Вардар Охрид (2005)


САБОТА   (12.00 ч.)
ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Велешта (2002)
ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Велешта (2004)
ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Велешта (2005)



НЕДЕЛА (подготвителен фудбалски турнир во организација на ФК Оск Фер Плеј Охрид)
Ген. 2005
Група А
Оск Фер Плеј Охрид
Фљамуртари Радолишта
Академија Пандев 10 Охрид
​ЖФК Билјани извори Охрид
Група Б
ОХРИД ТОП ТИМ Охрид
Скендербег Корча (Р. Албанија)
ЛГ Битола
​Евро фудбал 2 Вардар Охрид
Ген. 2007
Група А
Вардар 1 Скопје
Академија Пандев 10 Охрид
Талент Битола
Евро фудбал 2 Вардар Охрид
Група Б
ОХРИД ТОП ТИМ Охрид
Скендербег Корча (Р. Албанија)
Вардар 2 Скопје
​Топ гол Битола
Група Ц
Оск Фер Плеј Охрид
Фљамуртари Радолишта
Скендербег 2 Корча (Албанија)
Првопласирените три екипи продолжуваат во четвртфинале и играат по систем на елиминации.
Comments

ОХРИД ТОП ТИМ и Њу Старс расположени за голови во меѓусебните пријателски натпревари

6/3/2016

Comments

 
Picture
Одличен фудбал ... многу голови ... другарување ... забава. Ова би било кратко резиме на денешното патување во Скопје, каде охридските „Бели“ одиграа неколку пријателски натпревари со скопски Њу Старс во генерација 2002, 2005 и 2006. Во одлични услови за фудбал и максимално наклонети временски услови, двете екипи одиграа мошне возбудливи и ефикасни натпревари каде уживавме во одличен фудбал со многу атрактивни акции и голови.

​Охриѓани беа подобри во ген. 2002 каде со головите на Албнор Каба и Енис Дани кои постигнаа по еден хет трик остварија победа од 6:4. Генерација 2006 играа убав фудбал во еден добар и цврст натпревар, но погодоците на Мухамед Сеидоски и Валентин Блажески беа недоволни за позитивен резултат, па натпреварот заврши со 2:4 во корист на Скопјани. „Жолтите“ беа подобри во ген. 2005 со вкупни 8:2. Два пати за ОХРИД ТОП ТИМ на овој натпревар стрелаше Амар Садикоски, додека нашите не искористија и неколку добри шанси.

Веднаш по натпреварите нашите момци отидоа на заедничко дружење и ручек во Градски парк, за убавиот ден да го затвориме со заедничка прошетка во Скопје Сити Мол.

​Должиме благодарност до нашите домаќини екипата на ФК Њу Старс од Скопје кои прифатија да одиграат неколку натпревари со нас, обезбедија одлични услови за игра и помогнаа нашето патување да помине во најдобар ред.

Comments

Најава: „Белите“ ќе гостуваат на скопски Њу Старс

4/3/2016

Comments

 
Picture
ФК ОХРИД ТОП ТИМ во недела (06.03.2016) ќе патува за Скопје каде ќе гостуваме на нашите пријатели ФК Њу Старс со кои ќе одиграме неколку пријателски фудбалски натпревари во повеќе возрасни категории.

Не" очекува убаво патување и уште едно фудбалско дружење со нашите другари од Скопје.

Натпреварите ќе се играат на стадионот „Македонси лавови“ во скопската населба „Ѓорче Петров, во недела, со почеток од 11.30 часот.

Picture
Ген. 2002,Њу Старс -Охрид, 28.03.2015
Picture
Ген. 2006, Њу Старс - Охрид, 28.03.2015
Comments

    НОВОСТИ

    УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК - Контакт тел. 076-599-995 (тренер: Наум Јанкуловски)

    Picture

    ФК ОХРИД  
    Топ Тим

    Бидете дел од најфудбалското семејство во Охрид


    Пријатели на клубот

    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture


    Tweets by @fkohrid

    RSS Feed


    RSS Feed Widget


    Архива

    June 2020
    February 2020
    October 2019
    September 2019
    June 2019
    May 2019
    March 2019
    February 2019
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015
    December 2014
    November 2014
    October 2014
    September 2014
    August 2014
    July 2014
    June 2014

Powered by Create your own unique website with customizable templates.