Викендов на СРЦ Билјанини извори во Охрид се одиграа натпреварите од второто пролетно коло на ФФМ Детската фудбалска лига – Југозападен регион. Екипата на ФК ОХРИД ТОП ТИМ беше домаќин и организатор на колото кое протече во најдобар ред. Серијата натпревари започна со мечот ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК АС Јунајтед Струга во генерација 2002. Нашите момци натпреварот го одиграа под очекувањата и квалитетот кој го имаат. Иако успеавме да постигнеме два погодоци, сепак на моменти недисциплинираната игра се одрази на конечниот резултат од 2:6 во корист на стружани. Највозбудливиот натпревар го играа нашите од генерација 2004 во дербито со екипата на Велешта. Натпреварот започна лошо за нашите момци кои најпрво примија гол по една грешка во одбраната, а потоа гостите го дуплираа водството со помош на правилото „три корнери – пенал“. Сепак нашите не се откажуваа и успеаа да го изедначат резултатот на 2:2, за по второто водство на гостите да направат целосен пресврт и на крај и повеќе од заслужено да го добијат натпреварот со конечни 4:3. Генерација 2005 одигра тврд натпревар против врсниците од екипата на ФК Велешта. Иако на два пати ја погодивме мрежата на противникот, сепак, грешките во нашата одбрана придонесоа за натпреварот минимално да го загубиме со конечни 2:3. Особени честитки заслужува играта на генерација 2006 која се натпреварува како Б екипа во генерација 2005 против еден од фаворитите за освојување на завршниот турнир – екипата на радолишки Фљамуртари. Во еден крајно неизвесен и одличен меч, „Белите“ пружија силен отпор и му создаваа проблеми на противникот, кој со погодок пред крајот на натпреварот се радуваше на минимална победа од 0:1. Генерација 2007 одигра два преубави натпревари против охридските екипи Академија Пандев 10 и Евро фудбал 2 Вардар. „Белите“ доминираа на двата меча кои на крајот убедливо ги добија со 4:0. Како предигра на овие натпревари, ревијален натпревар одигра и генерација 2008 со нивните врсници од Академија Пандев 10 Охрид. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|