Викендов на СРЦ Билјанини извори во Охрид се играше второто коло од ФФМ Детската лига – Југозападен регион. Големо искуство за младите фудбалери од ФК ОХРИД Топ Тим кои играа против две охридски екипи: ФК Оск Фер Плеј и ФК Академија Пандев 10 Охрид. Натпреварите со првиот противник кој играше без никаков респект кон нашите момци од Генерација 2003 и 2004 како што доликува на екипи кои играат во детската лига, ги загубивме со високи 0:14. Генерација 2002 од ФК ОХРИД Топ Тим одигра добар фудбал против истиот противник, но убавите погодоци на Китрозоски Христијан и Гиноски Климент беа недоволни за поволен резултат и натпреварот на крај го загубивме со 2:4. Од друга страна пак, момците од Генерација 2005 и 2006 играа одлично против ФК Академија Пандев и ги добија натпреварите со 3:2 и 5:0. Сите фудбалерчиња максимално се залагаа и играа убав фудбал со многу комбинации и прилики за гол, а воедно и добро се бранеа. Најрасположен за голови беше Саидоски Мухамед кој постигна дури 6 гола ова коло и тоа 2 во Генерација 2005 и 4 во Генерација 2006. Одличен во нападот беше и Блажески Валентин кој постигна по еден погодок во Генерација 2005 и 2006. Треба да се истакне и залагањето на момците од генерација 2007/08/09 кои играа против комбинирана екипа од генерација 2006 и 2007 на ФК Фљамуртари од Струга . И покрај возрасната разлика, нашите играа цврсто и храбро, а еднаш ја затресоа мрежата на противникот со погодокот на Матеј Николоски. ФК Охрид Топ Тим како домаќин на ова коло изразува голема благодарност до Општина Охрид која даде согласност натпреварите да се играат на главниот терен на СРЦ Билјанини извори, потоа, СВР Охрид кои се грижеа настанот да мине во најдобар ред и до Црвен крст Охрид кои максимално одговорно водеа грижа за здравјето на сите дечиња од сите екипи. Благодарност и до сите оние екипи, тренери, дечиња и родители кои дадоа свој придонес да имаме убав фудбалски викенд во Охрид. Галерија - 2 коло ФФМ ДФЛ - ЈЗР, 27/28.09.2014Натпреварите од ФФМ Детската лига продолжуваат следниот викенд (27 и 28.09.2014) Во второто коло, нашата екипа ќе ги игра следните натпревари: Комплетирани натпреварите од првото коло на ФФМ Детската фудбалска лига - Југозападен регион21/9/2014 ФК ОХРИД Топ Тим ги комплетира натпреварите од првото коло на Детската фудбалска лига што ја организира Фудбалската федерација на Македонија. Иако ова е прво искуство на нашите момци да настапуваат во еден лигашки систем на натпреварување, сепак одлично се носеа со сите поискусни екипи и ни понудија крајно интересни мечеви за гледање во кои воопшто не изостануваше натпреварувачка возбуда. На крај од првото коло остваривме позитивен биланс со три добиени натпревари, еден нерешен и два загубени натпревари. Следат комплетните резултати од првото коло:
Галерија Прво коло од ФФМ ДФЛ - ЈЗР, 2 ден 21.09.2014Успешен прв ден за ФК ОХРИД Топ Тим од првото коло на ФФМ Детската лига - Југозападен регион (ФОТО)20/9/2014 ФК ОХРИД Топ Тим ја имаше својата премиера во ФФМ Детската фудбалска лига - Југозападен регион. Нашите момци мошне успешно се натпреваруваа првиот ден во три возрасни категории и беа постигнати следните резултати:
Генерација 2003: ФК ОХРИД Топ Тим - ФК Кораб Дебар 1:1 Генерација 2005: ФК ОХРИД Топ Тим - ФК ОСК Фер Плеј 2:1 Генерација 2007: ФК ОХРИД Топ Тим - ФК АС Јунајтед 3:0 (служ.) Следните натпревари се играат утре. Генерација 2002 се натпреварува со ФК АС Јунајтед од Струга, генерација 2004 со ФК Караорман од Струга и генерација 2006 со ФК ОСК Фер Плеј од Охрид. Во прилог може да ја погледнете галеријата од денешниот ден од Детската лига: Овој викенд (20/21.09.2014) започнуваат натпреварите од првото коло на новата сезона од ФФМ Детската фудбалска лига - Југозападен регион. ФК ОХРИД Топ Тим ќе се натпреварува во лигата во 6 возрасни категории и тоа: Генерација 2002, 2003, 2004, 2005, 2006 и 2007. Во првото коло ќе ги итраме следните натпревари: Здравјето на нашите фудбалерчиња е најважно. ФК ОХРИД Топ Тим ги закажа лекарските прегледи за сите фудбалерчиња кои се дел од нашата фудбалска школа и кои ќе настапуваат во Детската фудбалска лига - Југозападен регион. Прегледите ќе ги врши доктор Оливер Бојчевски, специјалист по спортска медицина во Струга, во понеделник од 09.00 часот и 14.00 часот. Сите фудбалерчиња ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јават на прегледите бидејќи треба да добијат и лекарска потврда со која ќе може да се натпреваруваат. Втор ден од „ЛГ Куп Новаци 2014“. ФК ОХРИД Топ Тим играше натпревар за полуфинале со лидерот во групата екипата на „ЛГ“ од Битола. Потребна беше победа за сигурен пласман во полуфиналето од турнирот. Натпреварот се играше во тешки услови поради тоа што дел од теренот во Логоварди беше поплавен од обилните врнежи од претходниот ден. Нашите момци влегоа во натпреварот мошне мотивирани и подобро се снаоѓаа во дадените услови за игра. Константно се вршеше притисок на противничкиот гол и се редеа шанси како на филмска лента, меѓутоа „лилавите“ одлично се бранеа и успеваа да одолеат на секој наш напад. По последниот судиски свиреж, резултатот остана како на почетокот на натпреварот 0:0. За жал, слично како и на „Фер плеј куп“ нашата екипа беше елиминирана со само еден примен гол по единствениот минимален пораз на првиот натпревар. Четирите бодови беа недоволни за да се освои едно од првите две места во групата кои водеа директно во полуфиналето. На момците кои настапија на овој турнир мора да им се честита за залагањето, желбата за победа, одличната игра против силни противници и се разбира, нивниот однос кон тимските другари, тренерите и другарчињата од останатите екипи. Задоволство беше да се дружиме со нив овие два дена во Новаци, Логоварди и Битола. За ФК ОХРИД Топ Тим на овој турнир настапија: Бледар Истрефи, Филип Митрески, Едиз Осман, Петар Љушкоски, Климент Гиноски, Христијан Јачимоски, Александар Трпоски, Мухамед Јахја - Шкор и Христијан Китрозоски. Галерија - „ЛГ Куп Новаци 2014“ 07.09.2014Возбудувањата што ги приредуваат момците од ФК ОХРИД Топ Тим на натпреварите што ги играат веќе не се ништо ново и станаа препознатлив белег на екипата. Очекувано, повторно имавме одлично патување во Битола, со два убави и докрај неизвесни натпревари и се разбира слободно време што го искористивме за дружење со нашите пријатели од другите екипи и мала прошетка низ „Градот на конзулите“. Веднаш по пристигнувањето во Новаци, каде ги игравме натпреварите во првиот ден од турнирот, моравме да се подготвиме за „езерското дерби“ со струшки „Караорман“. „Белите“ недоволно загреани го започнаа натпреварот, што се одрази на нашата игра која не можевме да ја стабилизираме во текот на првото полувреме. „Црвените“ го искористија тој период од играта и после еден слободен удар за нив, одбиената топка успеаја да ја сместат во нашата мрежа и да поведат со 1:0. Во второто полувреме, после кратката почетна иницијатива на стружани, нашата игра стана посигурна и почна да се прави притисок на противничкиот гол. Создадовме неколку убави шанси кои не успеавме да ги искористивме, а ударот од слободен удар на Климент Гиновски заврши во пречката на противникот. На крај, моравме да им честитаме на ФК Караорман за минималната победа и да се надеваме на подобар резултат во следниот натпревар. Паузата помеѓу двата натпревари се искористи за дружење и мала прошетка низ Битола, почнувајќи од градскиот парк, покрај офицерскиот дом, низ далеку познатиот „Широк сокак“ па се до битолскиот плоштад по што се вративме во Новаци да се подготвиме за наредниот меч. Вториот натпревар го игравме против силната екипа на ФК Липовица од Белград. Двете екипи „одеа“ на победа затоа што само така ги задржуваа шансите за пласман во полуфиналето на турнирот. Иако временските услови не беа наклонети на овој натпревар, сепак дождливото време не не’ спречи да гледаме исклучително интересен и квалитетен натпревар со многу борба, атрактивни потези, добра игра, изградени акции и фудбалско надмудрување. „Белите“ ја играа својата препознатлива игра и му создаваа многу проблеми на противникот. По низата нереализирани прилики за гол на нашата екипа, пред крајот на натпреварот, нашиот напаѓач Христијан Китрозоски на маестрален начин си создаде шанса за гол која не ја пропушти и со прекрасен удар го совлада противничкиот голман. До крајот на натпреварот, нашите „рутински“ го одработија натпреварот и го задржаа водството од 1:0 со што останаа во игра за полуфиналето. За ФК ОХРИД Топ Тим играа: Бледар Истрефи, Филип Митрески, Едиз Осман, Петар Љушкоски, Климент Гиноски, Христијан Јачимоски, Александар Трпоски, Мухамед Јахја - Шкор и Христијан Китрозоски. Погледнете ја галеријата од денешниот ден за да почувствувате дел од атмосферата на денешниот ден. Галерија - „ЛГ Куп Новаци 2014, 06.09.2014Трет пат по ред оваа сезона, ФК ОХРИД Топ Тим ќе учествува на силен меѓународен фудбалски турнир. Овој пат, генерација 2002 ќе игра на „ЛГ Куп Новаци 2014“ што го организира фудбалската школа „ЛГ“ од Битола. Натпреварите ќе се играат на терените во Новаци и Логоварди - Битолско на 06 и 07.09.2014. Организаторот ги објави групите и распоредот на натпревари. Генерација 2002
Распоред на натпревари Сабота, 06.09.2014
Недела, 07.09.2014
Пријавувањето на нови фудбалерчиња е во тек. Сите што сакаат да бидат дел од фудбалската школа на ФК ОХРИД Топ Тим може да дојдат директно на тренинг или да пополнат Пријавен лист и да го пратат на следната електронска пошта: [email protected]
Информации за запишување може да добиете и на тел. 076 599 995 Следете не на нашата ФБ страна: ФК ОХРИД ТОП ТИМ |
НОВОСТИФК ОХРИД
|