![]() ФК ОХРИД Топ Тим одигра уште два добри и тешки натпревари на „Кароарман Куп 2014“ во Струга. Првиот натпревар нашата екипа го играше против актуелниот вицешампион на Македонија, екипата на ФШ „ЛГ“ од Битола. Двата тима итраа отворен и атрактивен фудбал. Екипата на ФК ОХРИД Топ Тим создаде неколку изгледни шанси за гол кои не успеа да ги искористи, по што пред крајот на натпреварот, по една случајно одбиена топка противникот постигна гол и успеа да слави со 0:1. Вториот натпревар, против искусната екипа на ФК Македонија ЃП од Скопје, се играше кратко по мечот со ФШ „ЛГ“ Битола. Екипата на ФК ОХРИД Топ Тим одлично започна и со прекрасниот гол на Мухамед Јахја - Шкор поведе со 1:0. Сепак, заморот од големиот број силни натпревари одиграни во овие два дена дојде до израз во второто полувреме, па ФК ОХРИД Топ Тим загуби со резултат 1:5. Целите што беа зададени со учеството на овој турнир на крајот беа исполнети. Момците од нашата екипа стекнаа драгоцено искуство од натпреварување во турнирски систем со силни екипи, подигнувајќи ја својата форма од натпревар во натпревар. Покрај тоа што се одиграа неколку добри фудбалски натпревари, децата имаа прилика да другаруваат со своите врсници од цела Македонија, да се стекнат со нови пријателства и секако да се забавуваат. Голема благодарност до сите деца кои го понесоа „товарот“ на натпреварите овие два дена и кои ни приредија многу убави заеднички моменти: Емре Сулејман, Стивен Митрески, Јане Љушкоски, Петар Љушкоски, Емре Дуница, Горан Крстаноски, Емре Мустафа, Климент Гиноски, Христијан Јакимоски, Тарик Максуд, Мухамед Јахја - Шкор и Александар Трпоски. ФК ОХРИД Топ Тим им честита на организаторите за убаво организираниот турнир и посакуваме овој турнир да стане традиционален и уште помасовен и поуспешен. Видео - погодокот на Мухамед Јахја - Шкор против ФК Македонија ЃПГалерија, втор ден (28.06.2014)![]() Два фудбалски натпревари, забава и дружење. Тоа е кратко резиме на првиот натпреварувачки ден на ФК ОХРИД Топ Тим на фудбалскиот турнир во Струга. Нашата екипа одигра два силни натпревари со екипите на ФК Караорман од Струга и ФШ Фер Плеј од Охрид. „Езерското“ и „градското“ дерби завршија во корист на противничките екипи со идентични 0:4. Сите дечиња од нашата екипа настапија на двата натпревари играјќи храборо, достојно и со голема фудбалска умешност. По натпреварувачкиот ден, имаше и мало но заслужено „опуштање“ за сите момци од екипата во забавниот парк на стадионот на ФК Караорман. Погледнете ја галеријата од првиот ден. Галерија - „Караорман Куп 2014“ (27.06.2014)![]() Како што претходно најавивме, на покана на организаторот ФК Караорман од Струга, екипата на ФК ОХРИД Топ Тим, ќе учествува на „Караорман куп 2014“ во категорија родени 2002 и помлади. Турнирот ќе се игра во Струга на стадионот на ФК Караорман од 27 до 29 јуни. Покрај нашата екипа, во оваа генерација ќе играат и екипите на: ФК Караорман Струга, ФК Македонија ЃП Скопје, ФК ЛГ Битола, ФК Тони Прилеп, ФК Талент Битола, ФК Борец Јуниор Велес, ФК Перак Прилеп, ФК Фер Плеј Охрид и ФА Пандев 10 Охрид.
Правилникот на турнирот може да го погледнете ОВДЕ
Почуствувајте дел од атмосферата на тренинзите на ФК ОХРИД Топ Тим. Погледнете ја галеријата на слики од денешниот тренинг.
![]() ФК ОХРИД Топ Тим одигра два пријателски наптревари со екипата на на ФК Влазними од Струга и тоа еден со генерација 2003/04 и еден со генерација 2005/06. Натпреварите се одиграа на СРЦ Билјанини извори во Охрид. Момците од нашата екипа играа актрактивен, квалитетен и борбен фудбал, со многу комибинации, креативна игра и голем број создадени шанси за гол. Сепак, мрежата на противничката екипа успеаа да ја затресат само еднаш, а нашата неефикасност ја искористија гостите од Струга кои славеа со 0:1 и 1:3. Стрелец за ФК ОХРИД Топ Тим беше Мухамед Јахја - Шкор. Честитки на двете екипи за прикажаниот фудбал и за убавата фудбалска атмосфера во текот на мечевите во која уживаа присутните гледачи на стадионот во Охрид. Галерија![]() Денес, на стадионот на ФК Караорман од Струга, генерација 2002 и помалди од ФК ОХРИД Топ Тим одиграа два пријателски натпревари со врсниците од ФК Караорман Струга и ФК Тефејус од Скопје. Беа постигнати следните резултати;
Галерија![]() Последниот викенд од месец Јуни (27-29 Јуни, 2014), на теренот на организаторот ФК Караорман од Струга, ќе се одржи силниот Меѓународен фудбалски турнир – КАРАОРМАН КУП 2014 на кој е најавено учество на голем број фудбалски клубови и школи од нашата и соседните земји.
Дојдете заедно да уживаме во овој празник на детскиот фудбал и да ја бодриме екипата на ФК ОХРИД Топ Тим.
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|