Јане е дете кое живее за фудбалот. Прекрасно и воспитано момче со неверојатна харизма и мила ѕвезда. Плени веднаш штом го видиш. Тој е посебно детенце и како и секој од нас, не е совршен. Има ретка болест, спинална мускулна атрофија, што му оневозможува да оди и во целост да ужива во фудбалската игра. Сепак, неговата волја, неговиот карактер, неговиот исклучително ведар, позитивен и жив дух не го спречуваат да излезе на фудбалскиот терен. Јане е одличен голман. Јане е одличен другар. Јане е прав КАПИТЕН! Денес, имавме среќа ова силно момче да биде во Охрид и со него да уживаме во фудбалската игра. Игравме заедно, за да пренесеме порака до оние што треба да ја слушнат и кои можат да помогнат ова посебно детенце и уште многу други како него да ги остварат своите сништа. Сонот на Јане е да биде фудбалер и тој не е невозможен и недостижен. Само треба да го слушнеме и да сакаме да помогнеме. Неговите врсници и ДРУГАРИ од Охрид, со ГОЛЕМО СРЦЕ и ЧИСТА ДУША, безрезервно, безусловно, скромно, но моќно застанаа рамо до рамо со Јане. Играа за да бидат видени и слушнати од надлежните здравствени институции кои можат и мораат да помогнат. Да помогнат на сите деца кои можат и заслужуваат да бидат подобри! Не сме совршени ... но сме ЕДНАКВИ Не сме совршени ... но сме ХУМАНИ Не сме совршени ... но сме ДРУГАРИ Не сме совршени ... но СОЧУВСТВУВАМЕ Не сме совршени ... но знаеме да СЕ БОРИМЕ ЗАЕДНО ЈАНЕ .. ТИ БЛАГОДАРИМЕ што денеска ни даде шанса да бидеме дел од најдобриот тим за кој некогаш сме играле. ТИМ што покажа кои се вистински животни вредности. ТИМ што се бори на терен, за да победи надвор од него ... да победи не за себе, туку за сите оние на кои им е навистина потребно. ДА ПОБЕДИ за децата со РЕТКИ БОЛЕСТИ. Да победи, затоа што сите имаме право и заслужуваме да ни се даде шанса да живееме човечки и достоинствено! |
НОВОСТИФК ОХРИД
|