Заврши уште едно издание на традиционалниот фудбалски турнир за млади категории ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2017 што веќе трета година по ред го организира нашиот фудбалски клуб. Речиси половина месец, на СРЦ Билјани извори во Охрид наши гости беа повеќе фудбалски клубови од различни места од нашата земја кои беа дел од овој турнир. Следевме исклучително квалитетни натпревари во повеќе возрасни категории и имавме можност како фудбалски клуб да дадеме свој придонес кон развојот на младите, спортот, фудбалот и туризмот во нашиот град. Најуспешна генерација во овогодинешното издание ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ беше У-13 (2004( која освои бронзен медал во исклучително силна конкуренција. Нашите момци со две победи во групата над Топ гол Битола и Тотал фудбал Ресен и еден пораз од Њу Старс Скопје обезбеди пласман во полуфинале кое го загубивме од битолски ЛГ. Малото финале со Велешта го добивме со 3:0 и со заслужено освоен медал и пехар го завршивме турнирот. Мора да истакнеме дека двајцата најдобри стрелци во оваа генерација на овогодинешниот турнир беа од нашата екипа и награди за тоа добија Михаил Цикуроски и Мухамед Јахја Шкор. Исклучителна пофалба заслужуваат и генерација 2006 и 2008 кои исто така играа на турнирот и кои на сите одиграни натпревари немаа ниту еден пораз. Двете екипи натпреварите во групи ги завршија со по една победа и нерешени резултати на останатите мечеви, со што обезбедија пласман во елиминациските натпревари. Генерација 2008 ги совлада Смилковци и играше нерешно со Караорман, а генерација 2006 беа подобри од Тотал фудбал Ресен, а играа нерешено со Спортефе Скопје и Смилковци. Во елиминацискиот дел, иако двете екипи доминираа во натпреварите, накрај немаа среќа на изведувањето пенали и тоа ген. 2008 со Њу старс, а ген. 200 со Неготино. Во малото финале играше генерација 2006 која повторно во еден добар натпревар не ги искористи своите шанси и повторно немаа среќа во пенал рулетот. Мора да им се честита на сите наши фудбалери што играа на овој турнир за нивното големо спортско срце. Иако некомплетни, играа за своите другари, за својот клуб и постигнаа резултати за почитување. Благодариме момци за вашата игра, вашето залагање и најмногу од се за вашето однесување. Вие сте нашата гордост. Се разбира, должна благодарност и кон сите оние што помогнаа да имаме уште едно успешно издание на ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2017. Посебна благодарност до Д-р Сашо Стоев кој се погрижи сите учесници на турнирот да имаат медицинска грижа во текот на натпреварите. Плажа и бар Куба либре Охрид кои обезбедија 500 литри вода пиење за младите фудбалерчина. Тука се и пекара „Wake and bake“ која е традиционален помагател на турнирот, Пупе компани од Охрид и Скопска пивара Охрид. Голема благодарност и до вработените на СРЦ Билјанини извори кои несебично помогнаа во организација на турнирот и овозможија и оваа година да имаме уште едно успешно издание. Благодарност и до сите волонтери што оваа година беа постојано со нас и дадоа свој придонес во успешната организација. Резултатите од сите натпревар и целосната галерија со слики може да ги погледнете на ТРОЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2017. Уште еден одличен фудбалски турнир за генерација 2004 кои речиси без исклучок освојуваат награди секаде каде што се натпреваруваат. Овој пат на нивното конто оди уште една бронза која е освоена на третиот младински фудбалски турнир Езерски куп 2017 во организација на ФК Караорман од Струга. Во конкуренција од 15 екипи од повеќе земји, „Белите“ иако некомплетни, остварија 4 победи еден нерешен резултат и единствено беа поразени од екипата на Велешта. Беа постигнати следните резултати: ОХРИД ТОП ТИМ – Фудбал старс Кочани 4 : 1 ОХРИД ТОП ТИМ – Академија Нацев Велес 2 : 0 ОХРИД ТОП ТИМ + Велешта 1 : 3 ОХРИД ТОП ТИМ – Неготино 2 : 2 ОХРИД ТОП ТИМ – Караорман Струга 7 : 0 (1/4 финале) ОХРИД ТОП ТИМ – Велешта 0 : 3 (1/2 финале) ОХРИД ТОП ТИМ – Париз Кичево 3 : 0 (мало финале) На турнирот се натпреваруваше и генерација 2006 која имаше исклучително неповолен распоред и бевме единствена екипа во оваа генерација која во еден натпреварувачки ден играше дури три натпревари. Се разбира тоа влијаеше и на резултатите и конечниот пласман на екипата, а беа остварени следните резултати: ОХРИД ТОП ТИМ – Велешта 3 : 0 ОХРИД ТОП ТИМ – Неготино 1 : 1 ОХРИД ТОП ТИМ – Албион Скопје 2 : 4 ОХРИД ТОП ТИМ – Талент Битола 1 : 2 Честитки за сите наши фудбалери што беа дел од овој турнир. Како и секогаш, задоволство беше да се гледа убавата игра на овие момци кои и повеќе од заслужено ни донесоа уште едно фудбалско одличје. Комплетирани натпреварите во У-15 (2002) категорија на ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2017. На наше огромно задоволство имавме можност да следиме 10 исклучително квалитетни фудбалски натпревари во пионерска категорија. Актери на овие мечеви беа младите фудбалери од Охрид, Велес, Куманово, Струга и Скопје. Најквалитетен фудбал играа момците од ФК Њу Старс од Скопје кои доминираа во сите мечеви и остварија чисти и сигурни 4 победи и го заслужија насловот шампиони на ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2017. Нашите фудбалери имаа одлични 4 натпревари во кои остваривме убедлива победа против Велешани и имавме два минимални порази во исклучително возбудливи натпревари со Куманово и Караорман. Единствено резултатски потфрливме против скопјани и им дозволивме лесна победа. Останува да им честитаме на сите екипи што беа дел од овогодинешниот турнир со генерација 2002 и кои ни понудија натпревари за вистински фудбалски сладокусци. Беше вистинско уживање да се следат фудбалските вештини на овие млади фудбалери кои на крај сите заслужено беа наградени со Пехари кои ќе ги красат нивните клупски витрини. Погледнете ги комплетните резултати на турнирот - ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2017 Традиционално, ФК ОХРИД ТОП ТИМ учествува на фудбалските турнири што ги организира екипата на ФК Караорман од Струга. Овој пат, со две генерации учествуваме на „Езерски куп 2017“. Резултатски, охриѓани имаа перфектен натпреварувачки ден на отворањето на турнирот. Генерација 2006 регистрира службена победа од 3:0 против врсниците од Велешта кои не дојдоа да го играат натпреварот. Од друга страна пак, генерација 2004 одигра два одлични меча во кои извојува две добри и сигурни победи. Во првиот натпревар нашите со четири погодоци во противничката мрежа лесно ги надиграа фудбалерите на Фудбал старс од Кочани и со конечни 4 : 1 заслужено се радуваа на победата, додека пак во вториот натпревар одигравме нешто понеизвесен меч со фудбалската академија Нацев од Велес во кој постигнавме по еден погодок во двете полувремиња за сигурна победа од 2 : 0. Утре не очекува натпревар со екипата на Велешта во генерација 2004, а во понеделник против екипата на ГФК Неготино. Организаторот на турнирот предвидел мошне лош распоред за генерација 2006 која во еден ден треба да одигра дури три натпревари, односно во понеделник ќе се сретнеме со ГФК Неготино, Талент Битола и Албион Скопје. Изминатите два дена на СРЦ Билјанини извори се одиграа уште неколку натпревари од III младински фудбалски турнир ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2017 во генерација 2002. „Белите“ го одиграа вториот натпревар на турнирот и тоа со Фудбалската академија Нацев од Велес. Присутните на СРЦ Билјанини извори следеа добар натпревар со многу погодоци. Нашите млади фудбалери започнаа доминантно и уште во првото полувреме го решија натпреварот постигнувајќи пет погодоци во мрежата на противникот. Вториот дел го започнавме поопуштено и дозволивме велешани еднаш да го совладаат нашиот голман, но на крај со два нови погодоци го зголемивме водството и со конечни 7 : 1 го завршивме натпреварот. Во останатите натпревари се постигнаа следните резултати:
Погледнете и моменти од натпреварот Караорман - Куманово Еуроспорт
Почнувајќи од денес, па во наредните 10 дена Охрид ќе го носи епитетот „град на фудбалот“. Охридските „Бели“ ќе бидат домаќини на повеќе од 500 деца кои ќе бидат дел од 30 екипи од повеќе градови од нашата земја што ќе играат на третиот по ред младински фудбалски турнир ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2017. Традиционално, повод за одржување на овој турнир е роденденот на нашиот клуб и истиот е своевиден подарок за нашиот град, за сите пријатели на клубот но и за сите што го сакаат фудбалот. Оваа година, во периодот од 15 до 19 јуни ќе се играат натпревари во младинската У-15 категорија, а почнувајќи од 22 па до 25 ќе се играат натпревари во У-13, У-11 и У – 09 возрасни категории. Овој турнир е единствен не само во нашата земја туку и во регионот по тоа што се игра по однапред утврден формат и со ограничен број на екипи што им овозможува на сите учесници максимално да уживаат во фудбалската игра, но и да уживаат во престојот во Охрид имајќи доволно време да ги видат и почувствуваат сите убави работи што ги нуди нашиот град. Екипите на ОХРИД ТОП ТИМ и Куманово Еуроспорт со одличен фудбалски меч го отворија овогодинешното издание на ТРОФЕЈ ОХРИД ТОП ТИМ 2017. Натпревар со многу неизвесност, силно темпо и динамика, квалитетен фудбал, шанси и мајсторски погодоци што беше и повеќе од добра увертира во она што ќе не очекува во следните 10 дена. Кумановци го отворија мечот со погодок од слободен удар, а по една наша грешка во одбраната го искористија „подарокот“ и го дуплираа водството, па со вкупни 2:0 се отиде на полувреме. Сепак, очекувано беше добрата игра да ја крунисаме и со гол во мрежата на противникот, па во вториот дел по две добро организирани акции успеавме да постигнеме два гола и да го неутрализираме водството на гостите. Кога сите очекуваа целосен резултатски пресврт, повторно од слободен удар во близина на казнениот простор, кумановци постигнаа погодок за ново водство од 3:2. До крај создадовме уште некоја изгледна шанса но гостинскиот голман беше на висина на задачата, а еднаш ја погодивме и гредата на противничкиот гол, па по последниот судиски свиреж фудбалерите на Куманово Еуроспорт се радуваа на победата. Новите фудбалски возбудувањa продолжуваат веќе утре на утро со мечот помеѓу Караорман Струга и Кумаово Еуроспорт, а за останатите мечеви што ќе се играат на турнирот може да се добијат информации на следниот линк: http://www.ohridtoptim.com/105810561054106010451032-2017.html Охридските „Бели“ од генерација 2006 беа домаќини на фудалската школа Боев од Скопје. Двете екипи одиграа одличен фудбалски натпревар со повеќе погодоци кој на крај им припадна охриѓани. Погледнете ја галеријата со слики од денешниот спортски ден
Пријателски натпревари: Најмладите охриѓани го играа „Езерското дерби“ со струшки Караорман4/6/2017
Најмладите охриѓанчина денес беа домаќини на нивните другари од струшки Караорман со кои одиграа неколку пријателски натпревари. Тромечот го отворија повозрасните од генерација 2007 по кои мечеви играа и генерација 2008 и најмладите од генерација 2009/10. Фудбалските мајстори од двете екипи се погрижија да следиме мошне добри, атрактивни и убави натпревари со многу погодоци, а присутните имаа можност да уживаат во нивните спортски мајстории и одлична игра. Честитки за фудбалерите од двете екипи.
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|