ФК ОХРИД ТОП ТИМ

  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости
  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости

Холандскиот фудбалскиот клуб V.V. KOLPING BOYS обезбеди спортска опрема за ОХРИД ТОП ТИМ

28/5/2017

 
Picture
На иницијатива на Далибор Велески, фудбалер на холандскиот фудбалски клуб V.V. Kolping Boys од Алкмар, реализирана е соработка помеѓу овој клуб и ФК ОХРИД ТОП ТИМ од Охрид. Резултат на оваа иницијатива е донацијата на спортска опрема што минатиот месец  подмладокот на Колпинг бојс ја достави за нашиот клуб. Беа подарени неколку пара тренерки, копачки, спортски торби, шушкавци и друга опрема кои ќе ги користат нашите млади фудбалери и тренерите.
​
Во името на ФК ОХРИД ТОП ТИМ, изразуваме голема благодарност на нашите пријатели од Холандија, особено на младиот Далибор Велески, кого повторно го очекуваме да го видиме во боите на нашиот клуб и ова лето. Воедно, упатуваме отворена покана до нашите холандски пријатели V.V. Kolping Boys да бидат наши гости во Охрид.

Пријателски натпревари  со Еврофудбал 2 – Вардар и Велешта

28/5/2017

 
​Денес на СРЦ Билјанини извори, во една релаксирана и спортска атмосфера, охридските „Бели“ одиграа неколку пријателски натпревари во повеќе возрасни категории (2004, 2005, 2007 и 2008) со врсниците од охридски Еврофудбал 2 – Вардар и ФК Велешта. Следевме мошне добри мечеви и атрактивен фудбал со многу голови. Погледнете дел од денешниот убав спортски ден.

ФФМ Детска лига: ОХРИД ТОП ТИМ Вицешампиони со 2004 и 2006

21/5/2017

 
Picture
Охридските „Бели“ играа две финалиња во ФФМ Детската фудбалска лига југозападен регион и тоа со генерација 2004 и 2006. Во двете возрасни категории нашите фудбалери играа со врсницте од ФК Оск Фер плеј.
 
Првиот меч го игрше генерација 2006. Натпреварот го започнавме добро со шанси пред противничкиот гол, но по еден очигледен прекршок за пенал во казнениот простор на Жолтите, судијата Ецкоски дозволи играта да продолжи по што од контра напад примивме гол за предност на противникот. Иако игравме добро прво полувреме, сепак предноста не успавме да ја неутрализираме. Во вториот дел кога сите очекувавме да го свртиме мечот во наша корист, дозволивме „Жолтите“ да направат резултатска разлика, па единствениот наш погодок пред крајот на мечот беше доволен само да го намалиме нивното водство. Иако според квалитетот и прикажаното во лигата оваа генерација заслужува повеќе, сепак, играта во финалето беше доволна само за сребро.

Далеку подобар и поатрактивен меч одигра генерација 2004. Двете грешки што ги направивме на почетокот на мечот им дадоа комотна предност од два гола на Портокаловите. Тоа како дополнително да ги мотивира нашите момци па доминантната игра и многуте шанси ги крунисавме со еден погодок и два корнери. Тогаш, за среќа на противникот, повторно истиот судија Ецкоски го скрати првото полувреме. Вториот дел го започнавме во исто темпо по што со нов убав погодок целосно ја неутрализиравме предноста на противникот. Веднаш потоа, повторно за повикан се најде судијата Ецкоски кој наместо аут за нас, досуди непостоечки прекршок за Портокаловите кој иако беше неправилно изведен ги доведе во нова предност противниците. Нашите повторно напаѓаа и во противничкиот казненен простор беше досуден прекршок во наша корист. Ецкоски повторно со неразбирлива одлука - наместо пенал, да се шутира слободен удар надвор од голманскиот простор. И покрај се, нашите не се откажуваа и по третиот направен корнер, беше досуден пенал во наша корист. Следевме уште една комична ситуација која ги насмеа сите присутни на мечот кога судија Ецкоски го намести шутот на повеќе од 10 метри што не одговара на правилата во лигата. И од таква ситуација постигнавме гол за ново изедначување. Исцрпувачкиот и тежок меч за нашите момци доведе до пад на концентрација во последните пет минути по што противникот направи нова резултатска разлика, а четвртиот гол што го постигнавме пред крајот на мечот не беше доволен за ново израмнување. Оваа генерација има за што да жали затоа што со својата игра на фајнл фор турнирот несомнено заслужи и повеќе од вицешампионско место.

На крај, мора да им честитаме и да им се заблагодариме на сите фудбалери за нивната игра, фудбалско знаење, спортско однесување но и за страста со која ги бранат боите на ОХРИД ТОП ТИМ. Бои кои симболизираат чистота, совршенство, радост, надеж, вистина, верност, племенитост, вредност и енергија.  Горди сме што сте дел од нас и заедно уживаме во сите спортски емоции што ни ги дава фудбалот.

ФФМ Детска лига: ФИНАЛЕ за 2004 и 2006 на регионалниот завршен турнир

14/5/2017

 
Picture
Мошне возбудлив фудбалски викенд е зад нас. На СРЦ Билјанини извори во Охрид се играа елиминациските натпревари од ФФМ Детската фудбалска лига Југозападен регион. Нашите екипи играа дури пет полуфинални натпревари, а единствено генерација 2007 во еден мошне неизвесен натпревар со кичевски Париз беше елиминирана во четвртфинале.

​
Нашите најмлади фудбалерчина од генерација 2009 беа спречени на патот кон финалето од охридски Евро фудбал 2 Вардар Охрид. Мошне добар фудбал играа генерација 2008 кои во четвртфиналето ја совладаа добрата екипа на Караорман, а доминатната игра и водството во полуфиналниот натпревар со Ла масиа не успеавме да ја ефектуираме во позитивен резултат и за жал не успеавме да обезбедиме финале. Финалето им се „лизна“ и на генерација 2005 кои исто така на два пати имаа водство и не искористија неколку прилики да го довршат натпреварот со ФК Париз во своја корист, па на крај им дозволивме на кичевчани да се радуваат на победата.

Највозбудливиот натпревар го одигра генерација 2004 со радолишки Фљамуртари. Одлично дерби во кое нашите фудбалери успеаја четири пати да стрелаат во мрежата на противникот и на крај мошне заслужено да се пласираат во финалето на завршниот турнир каде со екипата на ФК Оск Фер плеј ќе играме за регионален шампион. Добар натпревар одигра и генерација 2006 која очекувано и рутинирано славеше во полуфиналниот натпревар со охридски Евро фудбал 2 Вардар и го обезбеди своето второ финале по ред во ФФМ детската лига каде има нова шанса да стигне до шампионската титула.

​Честитки за сите наши фудбалери кои овој викенд ги бранеа боите на нашиот клуб. Се чувствуваме исклучително горди на нивното залагање, начин на игра, спортски резултати. Горди сме на нивниот однос кон клубот, другарите, тренерите и фудбалерите на другите екипи и им благодариме на сите убави моменти што заедно ги поминуваме. Се гледаме следниот викенд на ФИНАЛЕТО!

ОХРИД ТОП ТИМ со сите генерации дел од регионалниот завршен турнир на ФФМ Детската лига

11/5/2017

 
Охридските „Бели“ во сите шест возрасни категории ќе играат на регионалниот завршен турнир од ФФМ Детската фудбалска лига. Добрите игри и резултати во текот на целата сезона на нашите фудбалери се наградени со три полуфиналиња и три четвртфиналиња кои ќе се играат следниот викенд на СРЦ Билјанини извори во Охрид. Погледнете го распоредот на натпревари:
Генерација 2004
Picture

Генерација 2005
Picture

Генерација 2006
Picture

Генерација 2007
Picture

Генерација 2008
Picture

Генерација 2009
Picture

ФФМ Детска лига: Охриѓани со победи над Ускана и Фљамуртари го затворија лигашкиот дел од првенството

6/5/2017

 
PictureФК ОХРИД ТОП ТИМ (кликни на сликата за поголема)
Денес беше последниот лигашки викенд од ФФМ Детската фудбалска лига. За прв пат од четиригодишното постоење на ФФМ Детската лига југозападен регион, натпреварувањето е завршено без да се одиграат сите натпревари од лигашкиот систем. Иако во некои генерации имаше и по две кола за одигрување, сепак, наредниот викенд ќе се играат мечевите од завршните турнири што мора да признаеме дека не одговара на правилникот за натпреварување од детската лига за оваа сезона. Воедно, оваа сезона за прв пат, екипи кои не беа пријавени во официјалниот лигашки систем ќе може да играат на завршните турнири што исто така е спротивно на правилникот за детски фудбал. Релативизирање на значењето на лигашкиот систем и начинот на кој се води истиот доведе до низа неправилности и нерегуларности за кои и претходно зборувавме. Ние како клуб чувствуваме должност за истите да реагираме затоа што сметаме дека ваква лига не само што не ги прави подобри клубовите, туку и наметнува многу ризици за фудбалскиот развој на децата кои се натпреваруваат. Сепак, ние како клуб се уште веруваме во овој проект на ФФМ и ќе се обидеме, како и секогаш до сега, да бидеме максимално конструктивни и да придонесеме во развојот на истиот. Од тие причини во сите генерации ќе ги играме натпреварите од завршниот турнир иако знаеме дека со тоа даваме легитимитет на некои неправилни одлуки.

Што се однесува до натпреварувачкиот дел од последното лигашко коло, повторно следевме возбудливи натпревари на нашите фудбалери. Повозрасните играа одличен фудбал со екипите на Оск Фер плеј (2004), Кораб (2005) и Ла масиа (2007). Сепак, добрата игра во овие мечеви не успеавме да ја зачиниме со повеќе погодоци, па слабата ефикасност резултираше со порази на овие натпревари. Она што не го направија поголемите, го направија нашите помали генерации кои сигурно и убедливо ги совладаа екипите на Фљамуртари (2008) и Ускана (2009).

​Следниот викенд, во сите генерации ФК ОХРИД ТОП ТИМ ќе игра на завршните турнири кои ќе ги дадат шампионите на ФФК Детската фудбалска лига – Југозападен регион.

    НОВОСТИ

    УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК - Контакт тел. 076-599-995 (тренер: Наум Јанкуловски)

    Picture

    ФК ОХРИД  
    Топ Тим

    Бидете дел од најфудбалското семејство во Охрид


    Пријатели на клубот

    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture


    Tweets by @fkohrid

    RSS Feed


    RSS Feed Widget


    Архива

    February 2020
    October 2019
    September 2019
    June 2019
    May 2019
    March 2019
    February 2019
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015
    December 2014
    November 2014
    October 2014
    September 2014
    August 2014
    July 2014
    June 2014

Powered by Create your own unique website with customizable templates.