Охриѓани одиграа уште еден лесен натпревар во третото пролетно коло од Младинската лига што ја организира ФФМ. Овој пат, бевме домаќини на Академија Пандев МБ од Македонски Брод, во натпревар во кој победата не беше воопшто прашање. Наредното коло ќе биде слободно за нашата.
Охридските „Бели“ имаа одлична увертира во пролетната полусезона од ФФМ младинската лига со лесна и убедлива победа над битолски Топ Гол. Натпреварот кој се играше на СРЦ Билјанини извори во Охрид беше решен уште во првото полувреме кога охриѓани постигнаа дури 8 погодоци. Вториот дел во игра влегоа сите играчи од клупата на „Белите“ за на крај да ја извојуваме најубедливата победа досега во првенството.
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|