ФК ОХРИД ТОП ТИМ

  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости
  • Почетна
  • Новости
  • Натпреварувања
    • Сезона 2017/18
    • Сезона 2016/17
    • Сезона 2015/16
    • Сезона 2014/15
  • ТРОФЕЈ ОХРИД
    • ТРОФЕЈ 2022
    • ТРОФЕЈ 2021
    • ТРОФЕЈ 2019
    • ТРОФЕЈ 2018
    • ТРОФЕЈ 2017
    • ТРОФЕЈ 2016
    • ТРОФЕЈ 2015
  • Фудбал во училишта
  • Контакт
  • Занимливости

Очекувана победа на „Белите“ (2009) против Оск Фер плеј за комплетирање на колото од ФФМ Детска лига

21/3/2017

 
Денес, на СРЦ Билјанини извори во Охрид, се одиграа заостанатите мечеви од второто пролетно коло од ФФМ Детската фудбалска лига.  Охриѓани под своите можности одиграа натпревар со радолишки Фљамуртари во генерација 2007. Пропуштените шанси и еден погодок во противничката мрежа беа недоволни за поволен резултат, па на крајот радолиштани се радуваа на победата. Она што не успеаа да го направат повозрасните го направија нашите најмали фудбалери од генерација 2009. Очекувано, нашите одиграа добар и ефикасен наптревар со врсниците од ФК Оск фер плеј каде постигнавме четири погодоци и остварија сигурна победа

Охриѓани подобри од Фљамуртари (2005) и Кораб (2006). Оск Фер Плеј (2008) се спасуваше од пораз

19/3/2017

 
„Белите“ повторно на висината на задачата во второто коло од ФФМ Детската фудбалска лига што се играше викендов на „Билјанини“ во Охрид. Од коло во коло следиме се подобра игра и се подобри резултати на нашите фудбалери. Комбинираната екипа од генерација 2005/06 играше одличен натпревар против радолишки Фљамуртари. Со пет погодоци во противничката мрежа, охриѓани на надобар начин се реваншираа за есенскиот пораз од истата екипа. Цврст и тежок натпревар со истиот противник одигра и генерација 2004. Радолиштани со два погодоци го неутрализираа нашето водство од првиот дел на мечот за минимални 1:2.
Добар и силен меч одигра и генерација 2006 со ФК Кораб од Дебар каде доминатната игра ја крунисавме со сигурна победа од 3:1. За пофалба е играта и залагањето на фудбалерите од генерација 2008 кои испуштија водство против Оск фер плеј во мечот кој заврши без победник со резултат 2:2. 
​Натпреварите од ова коло ќе ги комплетираме во вторник кога играат генерација 2007 и 2009.

Убедливи победи за ОХРИД ТОП ТИМ со ген. 2004 и 2006 на почетокот од ФФМ Детската лига

12/3/2017

 
Picture
Студен викенд за почеток на ФФМ Детската фудбалски лига. Иако некомплетни во речиси сите генерации, охридските „Бели“ одиграа неколку исклучително добри натпревари и остварија очекувани победи во неколку возрасни категории. Најефикасни и најубедливи беа генерација 2004 и 2006. Повозрасните го играа „Езерското дерби“ со струшки Караорман кое убедливо го добивме со дури седум погодоци во противничката мрежа. Убедлив и ефикасен натпревар играа и генерација 2006 кои постигнаа пет гола во победата над Ла масија. Добри и борбени натпревари играа генерација 2005 и 2007 со Оск фер плеј што на крај ги добија „Жолтите“. Со две екипи од генерација 2008 игравме двомеч против А и Б екипите на радолишки Фљамуртари и тоа еден првенствен и еден пријателски. Еден натпревар им припадна на радолиштани додека другиот го добија „Белите“, а за пофалба е и одличната игра и залагањето на нашите најмлади фудбалерчина во генерација 2009 кои иако некомплетни стрелаа два пати во мрежата на Ла масиа.

Викенд подготвителен пријателски натпревар одиграа и нашите младинци од генерација 2002 со врсниците од струшки Караорман каде испуштивме водство на самиот крај од натпреварот кој заврши без победник со резултат 2:2.

Честитки за сите наши фудбалери кои овој викенд ги бранеа боите на нашиот клуб. Задоволни сме од нивното залагање,, а нивната игра ни дава за право да веруваме во уште подобри резултати во иднина.

Пријателски натпревари: „Белите“  (ген. 2006 и 2008) подобри од Велешта и Еврофудбал 2 Вардар

5/3/2017

 
Нови викенд пријателски натпревари играа екипите на ОХРИД ТОП ТИМ на СРЦ Билјанини извори. Овој пат бевме домаќини на екипите на Велешта и охридски Еврофудбал 2 Вардар со кои се надигрувавме во повеќе возрасни категории. Две сигурни победи со генерации 2006 и 2008 и мошне квалитетни и неизвесни натпревари со останатите генерации со кои се натпреваруваме во лигата се епилог на овој спортски викенд.
​
Честитки за сите наши фудбалери кои играа викендов и очекуваме со иста желба и залагање да ги бранат боите на нашиот клуб и во новата полусезона од ФФМ младинската и детската фудбалска лига кои почнуваат за скоро време.

    НОВОСТИ

    УПИСИТЕ СЕ ВО ТЕК - Контакт тел. 076-599-995 (тренер: Наум Јанкуловски)

    Picture

    ФК ОХРИД  
    Топ Тим

    Бидете дел од најфудбалското семејство во Охрид


    Пријатели на клубот

    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture
    Picture


    Tweets by @fkohrid

    RSS Feed


    RSS Feed Widget


    Архива

    June 2020
    February 2020
    October 2019
    September 2019
    June 2019
    May 2019
    March 2019
    February 2019
    October 2018
    September 2018
    August 2018
    May 2018
    April 2018
    March 2018
    December 2017
    November 2017
    October 2017
    September 2017
    August 2017
    July 2017
    June 2017
    May 2017
    April 2017
    March 2017
    February 2017
    January 2017
    December 2016
    November 2016
    October 2016
    September 2016
    August 2016
    July 2016
    June 2016
    May 2016
    April 2016
    March 2016
    February 2016
    December 2015
    November 2015
    October 2015
    September 2015
    August 2015
    July 2015
    June 2015
    May 2015
    April 2015
    March 2015
    February 2015
    January 2015
    December 2014
    November 2014
    October 2014
    September 2014
    August 2014
    July 2014
    June 2014

Powered by Create your own unique website with customizable templates.