Студен викенд за почеток на ФФМ Детската фудбалски лига. Иако некомплетни во речиси сите генерации, охридските „Бели“ одиграа неколку исклучително добри натпревари и остварија очекувани победи во неколку возрасни категории. Најефикасни и најубедливи беа генерација 2004 и 2006. Повозрасните го играа „Езерското дерби“ со струшки Караорман кое убедливо го добивме со дури седум погодоци во противничката мрежа. Убедлив и ефикасен натпревар играа и генерација 2006 кои постигнаа пет гола во победата над Ла масија. Добри и борбени натпревари играа генерација 2005 и 2007 со Оск фер плеј што на крај ги добија „Жолтите“. Со две екипи од генерација 2008 игравме двомеч против А и Б екипите на радолишки Фљамуртари и тоа еден првенствен и еден пријателски. Еден натпревар им припадна на радолиштани додека другиот го добија „Белите“, а за пофалба е и одличната игра и залагањето на нашите најмлади фудбалерчина во генерација 2009 кои иако некомплетни стрелаа два пати во мрежата на Ла масиа. Викенд подготвителен пријателски натпревар одиграа и нашите младинци од генерација 2002 со врсниците од струшки Караорман каде испуштивме водство на самиот крај од натпреварот кој заврши без победник со резултат 2:2. Честитки за сите наши фудбалери кои овој викенд ги бранеа боите на нашиот клуб. Задоволни сме од нивното залагање,, а нивната игра ни дава за право да веруваме во уште подобри резултати во иднина. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|