Почетокот на новата сезона очекувано одличен за младите охриѓани кои ги бранат боите на ФК ОХРИД Топ Тим. На отварањето од младинската лига нашите фудбалери од генерација 2006 ја декласираа екипата на Топ Гол од Битола со високи 10:0. Оваа генерација играше и во младинскиот куп. Осминафиналниот натпревар го игравме на гостински терен во Скопје со екипата на ФК Грозданоски. Охриѓани уште во првите 30 минути успеаа да направат висока предност од три гола, за потоа и покрај повеќето измени рутинирано да го довршат резултатот кон победа од 2:3 и сигурен понатамошен пласман во младинскиот куп. Одличен старт во новата сезона имаа и нашите фудбалери што се натпреваруваат во детската лига. Високи и сигурни победи забележаа сите генерации во првите две кола од лигата. Генерација 2007 беа подобри од ФК Кораб Дебар и ФК Велешта. Помладите од генерација 2008 убедливо ги совладаа радолишки Фљамуртари и кичевска Ускана, а генерација 2010 по нерешениот резулат и пропуштеното водство со струшки Караорман ја совлада екипата на Велешта. Одличен прв настап имаа и генерација 2011 кои стрелаа против струшки Караорман. Викендов во Скопје, најдобрите екипи од македонскиот фудбал се натпреваруваа на Гази баба куп 2019. Силен турнир кој воедно беше и увертира во новата сезона и одлична можност за дополнителни подготвителни натпревари пред почетокот на младинските лиги. ФК Охрид беше единствениот тим од нашиот град кој ги одмери силите во генреација 2006 каде играа најдобрите македонски екипи како Вардар, Работнички, Пелистер, Беласица, Тиквеш, Шкендија, Македонија ЃП, Гостивар, Сарај, Њу старс, Драчево и други ...
Охриѓани одиграа четири одлични натпревари со Работнички, Пелистер, Сарај и Кул Пандев на кои посгигнаа повеќе од 10 кола, а најубедливи беа на натреварот со Сарај каде го декласираа противникот со 7 погодоци во нивната мрежа. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|