Денес, на СРЦ Билјанини извори, екипата на ФК ОХРИД ТОП ТИМ беше домаќин на екипата на ФК Смилковци од Скопје. И покрај лошите временски услови и силниот дожд кој постојано паѓаше, сепак храбрите фудбалери одиграа два пријателски натпревари во ген. 2005 и ген. 2006. Двата натпревари завршија со резултат 1:2. За „Белите“ стрелаа Мартин Мајкиќ во ген. 2006 и Валентин Блажески во ген. 2005. Погледнете дел од атмосферата на денешните натпревари
![]() Денес завршија натпреварите на вториот по ред традиционален фудбалски турнир „Караорман Певалит куп 2015“. ФК ОХРИД ТОП ТИМ настапи со три генерации и со околу 40-тина млади фудбалери на овој силен фудбалски турнир каде настапуваа атрактивни фудбалски имиња како ФК Вардар Скопје, ФК Пелистер Битола, ФК Брегалница Штип, ФК Македонија Ѓ.П. Скопје, ФА Постолов Пандев Штип, ФК Караорман Струга и други. Нашите од ген. 2002 беа запрени од штипска Брегалница да се вклучат во борбата за медали и тоа во меч од групата кој директно одлучуваше за понатамошен пласман. Победата од 0:3 која штипјани ја извојуваа во вториот дел од натпреварот им го отвори патот до златниот медал на турнирот. Ген. 2006 повторно имаа забележителен настап на уште еден силен турнир и беа единствената екипа која успеа да го совлада освојувачот на трофејот во оваа генерација, штипска Академија Постолов Пандев. Сепак, четврфиналето повторно беше непремостлива пречка за нашите најмлади фудбалери кои неочекувано загубија со 0:4 од екипата на „Голден бич“. Вистинско фудбалско уживање повторно ни приредија момците од ген. 2004 кои овој пат стигнаа до финале и освоија сребрен медал во својата генерација. Може да се рече дека хендикеп за нашите фудбалери беше тоа што го „избраа“ потешкиот пат до финалето откако како трети во најтешката група во оваа генерација (три екипи стигнаа до полуфинале), мораа прво да го елиминираат незгодниот ФК Оск фер плеј во четвртфинале, за потоа во финалето да го совладаат силниот Фљамуртари од Радолишта, Струга. Нашиот противник во финалето, ФШ Кул од Скопје, директно играше полуфинале и поодморени се пласираа во финалето. Иако „Белите“ дадоа се од себе да стигнат до поволен резултат, сепак, видливиот замор го направи своето и на крај скопјани се радуваа на златото. Уште еднаш сите наши фудбалери направија да се чувствуваме горди со начинот на кој се однесуваат и на кој играат и ги бранат боите на Охрид. Благодарност до сите момци што беа дел од нашиот тим и до сите родители кои веруваат во нас и ни даваат поддршка. Секој ваш успех е и наш. Заеднички можеме до уште подобри резултати. За ФК ОХРИД ТОП ТИМ на овој турнир играа: Ген. 2002: Николче Целески, Даниел Шитракоски, Христијан Китрозоски, Климент Гиновски, Емре Дуница, Емре Мустафа, Филип Митрески, Екрем Алијашар, Алек Иваноски, Андреј Мирчевски, Филип Маркоски, Петар Војановски. Ген. 2004: Мартин Митрески, Кадир Ибрахим, Иво Спироски, Александар Трпоски, Мухамед Јахја Шкор, Климент Филев, Јусуф Ариф, Хадис Рифат, Марко Крлевски, Никола Кречов, Наум Јаковлев, Палитов Стефан и Пацески Петар. Ген. 2006: Бешир Онур, Крлески Петар, Кузманоски Давид, Блажески Валентин, Сеидоски Мухамед, Шопоски Лео, Лолески Михаил, Чекреџи Борис, Сарафилоски Петар и Наумоски Максим. Галерија, 27/28.06.2015, СтругаКараорман Певалит куп 2015: ФК ОХРИД ТОП ТИМ сигурен со две генерации во елиминациската фаза26/6/2015 ![]() Претходниве два дена се играа натпреварите по групи на фудбалскиот турнир „Караорман Певалит куп 2015“ во Струга. Генерација 2002 се натпреварува во мошне тешка но атрактивна група. Првиот натпревар со цврстата екипата на Дрита од Боговиње заврши со нерешен резултат 1:1. Значаен бод на охриѓани со својот погодок им донесе Филип Маркоски. Денес во оваа генерација се играше дербито ОХРИД – Пелистер. Иако нашите го отворија резултатот со погодокот на Китрозоски, сепак, во последните 7-8 минути од првото полувреме дојде до голем пад во нашата игра што битолчани го искористија да стигнат до убедливи 1:4. Второто полувреме нашите се консолидираа и одиграа добар фудбал, но мрежата на гостите остана незатресена и покрај неколкуте изгледни шанси за гол, па натпреварот заврши со резултатот од првиот дел. Утре не очекува натпревар со штипска Брегалница каде нерешен резултат ќе ни биде доволен за пласман во ¼ финалето на турнирот. Генерација 2004 одлично го отвори турнирот со победа против силниот Фљамуртари од Радолишта. Голот на Кречов Никола беше доволен за конечни 1:0. Кога сите очекуваа лесна победа против не така убедливата екипа на Карпош од Скопје, „Белите“ ја прокоцкаа извонредната шанса за директен влез во полуфиналето со поразот од 0:2. Сега останува да „бркаме“ полуфинале во ¼ финалниот натпревар против ФК Оск фер плеј. Генерација 2006 имаше не многу убедлив почеток на турнирот. Првиот натпревар против битолски „Еден на еден“ го отворивме лошо, па по негативата од 0:2, охриѓани сепак успеаја да изедначат на 2:2 со двата погодоци на Мухамед Сеидоски. Натпреварот против ФК Оск фер плеј им припадна на „жолтите“ со резултат 1:3. Стрелец на единствениот погодок за ОХРИД ТОП ТИМ беше Михаил Лолески. Последниот натпревар нашите го одиграа одлично и против првопласираниот во нашата група, штипска Академија Постолов Пандев извојуваа победа од 1:0 со погодокот на Блажески Валентин. Пласман во полуфинале „Белите“ ќе бараат во натпреварот против охридски ФК Академија Пандев 10. Распоред, сабота 27.06.2015 10.05 ч. (2002) групи ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Брегалница 15.30 ч. (2004) ¼ финале ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Оск фер плеј 16.00 ч. (2006) ¼ финале ФК ОХРИД ТОП ТИМ – ФК Академија Пандев 10 ГАЛЕРИЈА - Струга, 25/26.06.2015
![]() ФК ОХРИД ТОП ТИМ и оваа година ќе биде дел од традиционалниот турнир во младински фудбал „Караорман - Певалит куп 2015“. Овој пат „Белите“ ќе се натпреваруваат во три возрасни катгории и тоа со ген. 2002, ген. 2004 и ген. 2006. Турнирот ќе се игра на теренот на ФК Караорман во Струга од 25 до 28 јуни. Погледнете ги групите и распоредот на натпревари: Генерација 2002 (У-13)
Генерација 2004 (У-11)
Генерација 2006 (У-13)
Распоред на натпревариЧЕТВРТОК 25.06.2015
10.05 ч. (2004) ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Фљамуртари 11.20 ч. (2002) ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Дрита 17.15 ч. (2006) ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Еден на еден ПЕТОК 26.06.2015 10.05 ч. (2004) ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Карпош 11.15 ч. (2006) ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Оск Фер Плеј 15.35 ч. (2002) ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Пелистер 16.35 ч. (2006) ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Постолов Пандев САБОТА 27.06.2015 10.05 ч. (2002) ФК ОХРИД ТОП ТИМ - ФК Брегалница Денес, на СРЦ Билјанини извори, во организација на ФК ОХРИД ТОП ТИМ, над 150 деца од екипите ОХРИД Топ Тим од Охрид, КАРАОРМАН од Струга и СЛОГА 1931 Вардар од Виница одиграа неколку пријателски натпревари во повеќе возрасни категории. Охриѓани играа одличен фудбал и ги остварија следните резултати:
Како дел од овој спортски настан, меѓусебни ревијални натпревари играа и комбинирани екипи од ген. 2005/06/07 и помлади од ФК ОХРИД ТОП ТИМ.
Оваа сабота (20.06.15) со почеток во 09.00 часот, на СРЦ Билјанини извори во Охрид (терен со вештачка трева) ќе се игра мини турнир во сите генерации помеѓу екипите на:
![]() Денес, на СРЦ Билјанини извори, ФК ОХРИД ТОП ТИМ беше домаќин на ФШ Реканци - Маврово и Ростуше. Кадетите (У-15) на гостинската екипа со 2:5 ја совладаа У-13 (2002) екипата на ФК ОХРИД ТОП ТИМ во која настапија и неколку играчи од генерација 2004. Нашите одиграа одличен и борбен фудбал иако играа против повозрасни и физички подоминатни противници. Добрата игра беше крунисана со два погодоци во мрежата на гостите кои ги постигнаа Емре Мустафа и Емре Дуница. Во исто време, на другиот терен, У-11 (2004) од „Белите“ играа натпревар со нивните врсници од ФШ Реканци. Иако во вториот дел недостасуваа неколку стандардни играчи кои во тој момент настапуваа во ген. 2002, сепак нашите немаа поголеми проблеми и лесно и убедливо го добија натпреварот со резултат 10:3. Стрелци за охриѓани беа: Крлески Марко (4), Кречов Никола (2), Мухамед Јахја Шкор (2), Ариф Јусуф (1) и Петар Вршкоски (1). ![]() Денес, на теренот на ФК Караорман од Струга се одиграа елиминационите натпревари од фудбалскиот турнир Караорман куп 2015 „Струшки бисер“. Ген. 2006 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ со три победи и без ниту еден пораз влезе како првопласирана во фазата на елимнации. Четвртфиналниот натпревар го играа со битолска „Форца“. Иако нашите момци го отворија резултатот и имаа водство, сепак со два брзи погодоци пред крајот на првото полувреме битолчани успеаа да дојдат до водство. Константниот притисок во второто полувреме што го правеа нашите резултираше со неколку добри шанси кои не успеавме да ги искористиме и на крај противниците заслужено славеа и изборија пласман во полуфиналето. Она што не успеаа да го направат најмалите, го направија момците од ген. 2004 кои во четвртфиналето со одлична игра ја совладаа екипата на ФК Кичево која влезе како првопласирана од другата група. Веднаш по овој натпревар нашите го играа полуфиналниот меч со скопски „Албион“. Заморот се одрази на нашата игра,, па нашите не успеаа да го добијат овој натпревар и влегоа во борба за третото место против охридски „Оск фер плеј“. Кратката пауза до малото финале добро влијаеше на нашите момци кои во не толку неизвесен меч убедливо ги совладаа „Жолтите“ и заслужено го освоија бронзениот медал на турнирот. На крај, останува да им честитаме на сите наши дечиња од сите генерации кои достојно и храбро ги бранеа боите на нашиот клуб. Нивниот успех е и наш. Останува да им посакаме уште поголеми успеси во иднина. Резултати од елиминационата фаза:
У-09 (2006) и У-11 (2004) продолжуваат во фазата на елиминации од Караорман куп 2015 „Струшки бисер“13/6/2015 ![]() Втор ден од фудбалскиот турнир Караорман куп 2015 „Струшки бисер“ за фудбалерите ое ФК ОХРИД ТОП ТИМ. Повторно одлична игра и многу голови за ген. 2006 кои ги надиграа Тоталфудбал Ресен и Академија Пандев 10 Охрид. Ген. 2004 успеа да се пласира во фазата на елиминации и покрај денешните порази од Оск фер плеј и Албион. Третото место во групите беше недоволно за понатамошен пласман на ген. 2002 која денес загуби од комбинираната екипа на Академија Пандев Охрид и Тоталфудбал Ресен, како и од кочански Фудбал старс. Резултати од денешниот ден:
Утре се играат следните четврфинални натпревари:
08.45 ч. (2006) ФК ОХРИД ТОП ТИМ Охрид - ФК Форца Битола 10.00 ч. (2004) ФК ОХРИД ТОП ТИМ Охрид - ФК Кичево Кичево Погледнете ја галеријата од денешниот ден ![]() ФК ОХРИД ТОП ТИМ со три генерации се натпреварува на првото издание од фудбалскиот турнир Караорман куп 2015 „Струшки бисер“ што се игра на теренот на ФК Караорман во Струга. „Белите“ во сите генерации играа одлично на првиот ден од турнирот и врз основа на остварените резлутати може да очкуваме сите три генерации да ги поминат групите и да се пласираат во елиминационата фаза. Генерација 2002 со сигурна игра го доби струшки АС Јунајтед, Генерација 2004 после минмалниот пораз од струмичка Академија Пандев, убедливо го совлада ГФК Неготино, додека Генерација 2006 го доби ФК Кичево и одигра нерешено во „езерското дерби“ со струшки Караорман. Погледнете ги резултатите и галеријата со слики од денешниот ден.
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|