![]() Денес завршија натпреварите на вториот по ред традиционален фудбалски турнир „Караорман Певалит куп 2015“. ФК ОХРИД ТОП ТИМ настапи со три генерации и со околу 40-тина млади фудбалери на овој силен фудбалски турнир каде настапуваа атрактивни фудбалски имиња како ФК Вардар Скопје, ФК Пелистер Битола, ФК Брегалница Штип, ФК Македонија Ѓ.П. Скопје, ФА Постолов Пандев Штип, ФК Караорман Струга и други. Нашите од ген. 2002 беа запрени од штипска Брегалница да се вклучат во борбата за медали и тоа во меч од групата кој директно одлучуваше за понатамошен пласман. Победата од 0:3 која штипјани ја извојуваа во вториот дел од натпреварот им го отвори патот до златниот медал на турнирот. Ген. 2006 повторно имаа забележителен настап на уште еден силен турнир и беа единствената екипа која успеа да го совлада освојувачот на трофејот во оваа генерација, штипска Академија Постолов Пандев. Сепак, четврфиналето повторно беше непремостлива пречка за нашите најмлади фудбалери кои неочекувано загубија со 0:4 од екипата на „Голден бич“. Вистинско фудбалско уживање повторно ни приредија момците од ген. 2004 кои овој пат стигнаа до финале и освоија сребрен медал во својата генерација. Може да се рече дека хендикеп за нашите фудбалери беше тоа што го „избраа“ потешкиот пат до финалето откако како трети во најтешката група во оваа генерација (три екипи стигнаа до полуфинале), мораа прво да го елиминираат незгодниот ФК Оск фер плеј во четвртфинале, за потоа во финалето да го совладаат силниот Фљамуртари од Радолишта, Струга. Нашиот противник во финалето, ФШ Кул од Скопје, директно играше полуфинале и поодморени се пласираа во финалето. Иако „Белите“ дадоа се од себе да стигнат до поволен резултат, сепак, видливиот замор го направи своето и на крај скопјани се радуваа на златото. Уште еднаш сите наши фудбалери направија да се чувствуваме горди со начинот на кој се однесуваат и на кој играат и ги бранат боите на Охрид. Благодарност до сите момци што беа дел од нашиот тим и до сите родители кои веруваат во нас и ни даваат поддршка. Секој ваш успех е и наш. Заеднички можеме до уште подобри резултати. За ФК ОХРИД ТОП ТИМ на овој турнир играа: Ген. 2002: Николче Целески, Даниел Шитракоски, Христијан Китрозоски, Климент Гиновски, Емре Дуница, Емре Мустафа, Филип Митрески, Екрем Алијашар, Алек Иваноски, Андреј Мирчевски, Филип Маркоски, Петар Војановски. Ген. 2004: Мартин Митрески, Кадир Ибрахим, Иво Спироски, Александар Трпоски, Мухамед Јахја Шкор, Климент Филев, Јусуф Ариф, Хадис Рифат, Марко Крлевски, Никола Кречов, Наум Јаковлев, Палитов Стефан и Пацески Петар. Ген. 2006: Бешир Онур, Крлески Петар, Кузманоски Давид, Блажески Валентин, Сеидоски Мухамед, Шопоски Лео, Лолески Михаил, Чекреџи Борис, Сарафилоски Петар и Наумоски Максим. Галерија, 27/28.06.2015, Струга |
НОВОСТИФК ОХРИД
|