Охриѓани денес беа домаќини на екипите на ЛГ Битола и Фљамуртари Радолишта со кои одигравме дури 9 натпревари во повеќе возрасни категории. Вистински фудбалски празник. Повеќе од 100 млади фудбалери на „Билјанини“ ги покажаа своите фудбалски вештини. Големииот број присутни гледачи уживаа во одличните фудбалски натпревари со многу шанси,, голови и атрактивни потези.
На крај, победи спортскиот дух, фудбалот и другарството! Честитки момци .... Балканика куп 2017: Партизан и Ботев покажаа класа. Охриѓани (2004) со победа го затворија турнирот15/2/2017
![]() Уште еден исклучително силен меѓународен фудбалски турнир е зад нас. „Белите“ имаа привилегија и со У-13 селекцијата (ген. 2004) да бидат во друштво со најдобрите балкански екипи на мини балканското првенство во Сандански, Бугарија. Можност да се надигруваме и да учиме од гиганти како српскиот шампион Партизан Белград и бугарскиот шампион Ботев Пловдив. Игравме рамноправно со добрата екипа на Велбажд Ќустендил, а бевме подобри од бугарски Неврокоп Гоце Делчев. Честитки и благодарност за сите фудбалери што достојно и со срце ги бранеа боите на нашиот клуб, нашиот град и нашата земја. Погледнете ја галеријата со слики од настапите на ОХРИД ТОП ТИМ. БАЛКАНИКА КУП 2017: „Белите“ финишираа на Балканика со Локомотив Пловдив и Вихрен Сандански12/2/2017
![]() Охриѓани имаа можност да одиграат уште два мошне силни натпревари со атрактивни противници на Балканика куп во Сандански. Вчера нашите се сретнаа со добрата екипа Локомотив Пловдив. Одигравме рамноправен натпревар во кој не ги искористивме нашите шанси за разлика од реномираниот противник кој успешно ги реализираше своите прилики и го доби натпреварот со 0:3. Денес, нашите играа со домаќинот, ФК Вихрен од Сандански. Гледавме уште еден добар меч на „Белите“ кои имаа водство до самиот крај на натпреварот, но видливиот замор од неколкуте тешки натпревари и падот на концентрацијата го искористија противниците кои на крај успеаја да го свртат натпреварот во нивна корист. Веднаш по завршувањето на натпреварите, младите фудбалерчина заслужено уживаа во спа центарот во хотелскиот комплекс каде што беа сместени. Останува задоволството од добриот настап на нашите фудбалери кои играа со далеку пореномирани екипи каде бевме и повеќе од рамноправни противници. Извонредно важно искуство за нашите момци кои чесно и достојно ги бранеа боите на нашиот град. Благодариме што беа дел од нас на овој престижен турнир и се надеваме дека и во иднина ќе имаме уште повеќе прилики за заедничко дружење и нови учества на вакви големи спортски настани. ![]() Два исклучително добри и силни натпревари одиграа денес нашите фудбалери. Турнирот го отворивме со натпреварот против белградска Црвена звезда. Охриѓани влегоа во мечот со големи импресии и им дозволија на белграѓани да доминираат во текот на натпреварот. Извонредно квалитетниот и силен противник ги искористи своите шанси и извојува сигурна победа. Значајно искуство за нашите млади фудбалери кои имаа што да научат од денешниот натпревар. Попладнето повторно натпревар против уште еден силен и квалитетен противник - софиски Локомотив. Она што не го одигравме на првиот меч, го надополнивме во вториот. Нашите заиграа многу поангажирано и посигурно. Добрата игра ја крунисавме со водство откако по нафрлувањето на Валентин Блажески, убав гол со глава постигна Ангел Крстески. Пред самиот крај на полувремето нашите дозволија изедначување по еден шут од далечина. Второто полувреме повторно се обидувавме да го напаѓаме противничкиот гол. Се играше отворено и актрактивно на двете страни, но сепак „Белите“ се снајдоа подобро и со голот на Мухамед Сеидоски ги поставивме конечните 2:1 со што значително ги зголемивме шансите за пласман во разигрувањето. Утре, не очекува уште еден силен натпревар против Локомотив Пловдив. Погледнете ја галеријата со слики од денешниот ден. ![]() Веќе традиционално, охридските „Бели“ ќе бидат дел од престижниот меѓународен фудбалски турнир БАЛКАНИКА КУП 2017 што ќе се игра во Сандански, Република Бугарија од 08 до 16 февруари. Друштво на охриѓани на овој исклучително силен турнир кој има карактер на мини балканско првенство ќе им прават повеќе фудбалски гиганти од регионот како Црвена ѕвезда Белград, Партизан Белград, Левски Софија, Лудогорец, Славија Софија, Локомотив Софија, Локомотив Пловдив, Ботев Пловдив, Раднички Ниш, Работнички Скопје, Пандев Струмица и многу други. ОХРИД ТОП ТИМ со задоволство ја прифати поканата на организаторот да се натпреварува во две возрасни категории и тоа со ген. 2004 и ген. 2006. Групите на турнирот се веќе извлечени и со сигурност можеме да кажеме дека не очекуваат исклучително интересни и возбудливи фудбалски натпревари со мошне атрактивни противници. Генерација 2006ГРУПА Б
Генерација 2004ГРУПА А
|
НОВОСТИФК ОХРИД
|