Балканика куп 2017: Партизан и Ботев покажаа класа. Охриѓани (2004) со победа го затворија турнирот15/2/2017
![]() Уште еден исклучително силен меѓународен фудбалски турнир е зад нас. „Белите“ имаа привилегија и со У-13 селекцијата (ген. 2004) да бидат во друштво со најдобрите балкански екипи на мини балканското првенство во Сандански, Бугарија. Можност да се надигруваме и да учиме од гиганти како српскиот шампион Партизан Белград и бугарскиот шампион Ботев Пловдив. Игравме рамноправно со добрата екипа на Велбажд Ќустендил, а бевме подобри од бугарски Неврокоп Гоце Делчев. Честитки и благодарност за сите фудбалери што достојно и со срце ги бранеа боите на нашиот клуб, нашиот град и нашата земја. Погледнете ја галеријата со слики од настапите на ОХРИД ТОП ТИМ. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|