Неделава охриѓани одиграа серија пријателски натпревари со Работнички Скопје, Караорман Струга и Фљамуртари Радолишта. Серијата натпревари ја отворивме средата и четвртокот во двомечот со скопски Работнички што се играше на СРЦ Билјанини извори. Скопјани се реваншираа за поразот од понеделникот и најпрво убедливо го совладаа „Белите“ со ген. 2002 а го добија и натпреварот во ген. 2004 со 1:4. Саботата неколку генерации од ОХРИД ТОП ТИМ играа уште неколку пријателски натпревари во Струга и во Охрид. Најпрво одлични натпревари играа ген. 2006, 2007 и 2008 со ФК Караорман на гостувањето во Струга. Иако неколмплетни и во отсуство на неколку стандардни играчи, ген. 2006 играше убав натпревар со нивните врсници од Струга. Создадовме многу шанси и имавме водство во текот на целиот натпревар, но неефикасноста на крајот не чинеше минимален пораз од 3:4. Она што не го направија повозрасните, го надополна ген. 2007 која одигра одличен и ефикасен натпревар. Постигнаа 4 погодоци и не им оставија на стружани многу простор за игра, со што го добија натпреварот со конечни 4:1. Ген. 2008 од ФК ОХРИД ТОП ТИМ одигра исто така мошне добар натпревар против комбинираниот состав на стружани од ген. 2007/2008. Нашите постојано беа во водство кое го испуштија во буквално последната секунда од натпреварот од случаен удар од далечина со што натпреварот заврши без победник 4:4. На СРЦ Билјанини извори во Охрид истиот ден наши гости беа радолишки Фљамуртари со кои одигравме пријателски натпревари со ген. 2004 и 2005. Два добри и ефикасни натпревари против добар противник кои имаа речиси идентичен тек. „Белите“ на двата меча имаа убаво водство од 3:1 кое на крајот го пропуштивме и двата натпревари завршија со конечни 3:3. Честитки за фудбалерите од сите екипи и сите генерации. Во прилог погледнете фотографии од натпреварите. Ново спортско дружење во Струга со нашите добри пријатели од Скопје, екипата на ФК Работнички. У-12 екипите (ген. 2004) на двата клуба одиграа мошне возбудлив и ефикасен пријателски натпревар на теренот на Караорман во Струга. Мечот веднаш започна отворено со напади од двете екипи. Во првиот дел подобро се снајдоа охриѓани кои успеаа да постигнат два погодоци и со водство го завршија првото полувреме. Во вториот дел повторно видовме отворена и атрактивна игра од двете екипи со многу комбинации и одлични акции. На двете страни се постигна по еден гол за наше водство од 3:1, по што следеа два брзи гола на скопјани кои го изедначија резултатот. Сепак, „Белите“ заиграа поангажирано пред крајот на полувремето и со два одлични погодоци извојуваа победа од 5:3. Честитки за фудбалерите од двете екипи за убавиот фудбал што го играа, како и за нивниот спортски и другарски однос во и надвор од теренот. Следи галеријата со слики од денешниот натпревар. Денес, екипата на ФК Фљамуртари од Радолишта беше домаќин на фудбалерите на ФК ОХРИД ТОП ТИМ. Се одиграа неколку пријателски натпревари во повеќе возрасни категории. Радолиштани беа одлични домаќини и обеабедија убави услови за игра што младите фудбалери од двете екипи ги искористија за да одиграат мошне добри и ефикасни пријателски натпревари. Беа постигнати следните резултати:
Ген. 2002 Фљамуртари - ФК ОХРИД ТОП ТИМ 3 : 4 Ген. 2004 Фљамуртари - ФК ОХРИД ТОП ТИМ 5 : 2 Ген. 2005 Фљамуртари - ФК ОХРИД ТОП ТИМ 3 : 2 Ген. 2006 Фљамуртари - ФК ОХРИД ТОП ТИМ 0 : 4 Ген. 2007 Фљамуртари - ФК ОХРИД ТОП ТИМ 3 : 3 Погледнете ја галеријата со слики од денешниот ден. Денешниот тренинг на ФК ОХРИД ТОП ТИМ го посетија претставници од меѓународната организација Boots For Balkans чија основана мисија е да обезбедат и донираат спортска опрема (фудбалски обувки) за младински и детски категории со што би се создале еднакви услови за спортување за сите млади што сакаат да се занимаваат со спорт и фудбал. На наше големо задоволство, основачите, Климент и Јане Цоцески донираа неколку пара патики за фудбал на нашата фудбалска школа што безусловно ќе ги користат нашите млади фудбалери. Воедно, со оваа средба се иницираше можност за уште поуспешна и поголема соработка во иднина, со што би се создале услови за сите наши млади фудбалери полесно да доаѓаат до спортска опрема која ќе ја користат на тренинзите и натпреварите. Во името на сите наши фудбалери, благодариме на Boots for Balkans за нивната идеја и иницијатива. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|