![]() Фудбалски Охрид и Струга викендов заедно играа за нашиот сограѓанин Тачо Целески. Млад спортист и другар на кого итно му се потребни средства за лекување во Италија. За поздравуваање е иницијативата на СЦ Климент Колески Охрид и ФК Оск Фер Плеј кои организираа хуманитарен турнир „Сите за Тачо“ за да му се помогне на ова младо момче. Нашиот клуб без нималку двоумење ја прифати поканата да биде дел од овој турнир со што донираше скромни финансиски средства што ќе бидат уплатени на сметката на Трајан Целески Тачо. Честитки и благодарност за сите наши фудбалерчина што донираа средства, како и за сите екипи што се одзваа да учествуваат на овој хуманитарен турнир. Тачо! Твоето спортско срце нека биде силно и нека победи на најважниот меч во твојот живот. Овие три дена сите овие млади фудбалери од Охрид и Струга играа и победија за тебе. Веруваме силно дека и ти ќе победиш за себе и за нас. ![]() Убав почеток на новата година за ФК ОХРИД ТОП ТИМ. На денешниот тренинг повторно беа присутни претставници од меѓународната организација со седиште во Австралија - Boots for Balkans. Во рамките на нивната мисија за создавање еднакви услови за сите млади што сакаат да се занимваат со спорт, особено со фудбал, тие подарија повеќе пара фудбалски обувки за нашите фудбалери. Ова е втора нивна посета во само неколку месеци откако и во претходната нивна средба со нашите фудбалери несебично подарија уште неколку пара спортски обувки. Голема благодарност до основачот на оваа органзиација Јане Цоцески кој денес не посети со неговиот колега Давид Петровски за нивниот скромен но значаен придонес во развојот на детскиот и младинскиот фудбал кај нас и воопшто на Балканот. Нашиот клуб во целост ја поддржува оваа нивна иницијатива, заложба и активност и секогаш ќе стои на располагање за понатамошна соработка. Се надеваме дека овој позитивен пример ќе биде мотив повеќе за сите влубеници во фудбалот и спортот воопшто, кои можат и сакаат да дадат свој придонес во неговиот развој а со цел што повеќе млади да започнат да спортуваат и да се промовираат вистинските спортски вредности. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|