Фудбалски Охрид и Струга викендов заедно играа за нашиот сограѓанин Тачо Целески. Млад спортист и другар на кого итно му се потребни средства за лекување во Италија. За поздравуваање е иницијативата на СЦ Климент Колески Охрид и ФК Оск Фер Плеј кои организираа хуманитарен турнир „Сите за Тачо“ за да му се помогне на ова младо момче. Нашиот клуб без нималку двоумење ја прифати поканата да биде дел од овој турнир со што донираше скромни финансиски средства што ќе бидат уплатени на сметката на Трајан Целески Тачо. Честитки и благодарност за сите наши фудбалерчина што донираа средства, како и за сите екипи што се одзваа да учествуваат на овој хуманитарен турнир. Тачо! Твоето спортско срце нека биде силно и нека победи на најважниот меч во твојот живот. Овие три дена сите овие млади фудбалери од Охрид и Струга играа и победија за тебе. Веруваме силно дека и ти ќе победиш за себе и за нас. |
НОВОСТИФК ОХРИД
|